Connect with us

Инфо +

Дете почина, а жена е тешко повредена во пожар во зграда во Гостивар (Видео)

Published

on

Гостивар 16 март 2021 (МИА) – Едно дете почина, а една жена е во животно-загрозувачка состојба пренесена во гостиварската болница по пожарот што избувна во станбена зграда во Гостивар.
Пожарникарите изнеле безживотно тело на дете и една 35 годишна жена кои набрзо се пренесени со брза помош во градската општа болница.

На ургентното одделение во болницата била констатирана смрт на детето, која наверојатно настанала од задушување.
Според очевидците и станарите, пожарот се појавил утрово пред 8 часот по што се раширил чад и станарите од зградата на улицата “Кеј Вардар” почнале да се евакуираат.


Дежурниот пожарникар Изет Изети изјави дека непосредно по пријавата за пожар на терен излегле со две возила и за пола час го локализирале огнот. Првичните сознанија се дека огнот се појавил во една од собите на станот во кое престојувало повеќечлено семејство.


Според станарите, брзата интервенција спречила ширење на огнот и поголема штета.
Во тек е увид на екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител за да се утврдат причините кои довеле до трагичниот настан.

Свет

Илон Маск со остра критика: Кога не можат да ги победат, ги ставаат зад решетки

Published

on

Илон Маск, милијардерот и основач на „Тесла“, ја критикуваше одлуката на францускиот суд против Марин Ле Пен, опишувајќи ја како „злоупотреба на судскиот систем“.

На својот профил на социјалната мрежа Икс, Маск изрази загриженост дека радикалната левица, кога не може да победи преку демократски избори, го користи судскиот систем како средство за политичка борба, ставајќи ги своите противници зад решетки.

„Ова е нивниот модус операнди (метод на делување) низ целиот свет“, напиша Маск, додавајќи дека по ваквите „судски напади“ ќе има соодветна реакција, како што се случи и со правните постапки против американскиот претседател Доналд Трамп.

Маск предупреди дека ќе се случи контрареакција на ваквите правни дејствија, повлекувајќи паралели со случаите против Трамп во САД.

Continue Reading

Свет

Пронајдени телата на американските војници кои исчезнаа во близина на границата со Белорусија: Откриено што им се случило

Published

on

Литванскиот претседател Науседа изјави дека потрагата ќе продолжи додека не се најде четвртиот војник

Тројца од четворицата американски војници, исчезнати во Литванија минатата недела по потонувањето на нивното возило во мочуриште, се пронајдени мртви на местото на настанот, а потрагата за преостанатиот војник продолжува, изјави литванскиот претседател во понеделник.

Литванија претходно во понеделникот соопшти дека спасувачите го пронашле оклопното возило на исчезнатите војници на воениот полигон во балтичката земја.

„Со длабока тага и жалост ги примив вестите за трагичната загуба на тројцата американски војници“, напиша претседателот Гитанас Науседа на социјалната платформа X.

„Литванија жали заедно со американскиот народ“, додаде тој.

Науседа изјави дека потрагата ќе продолжи додека не се пронајде четвртиот војник.

Војниците и нивното возило исчезнале на полигоните Пабраде, близу границата со Белорусија.

Continue Reading

Европа

Путин потпиша декрет: Со пролетната кампања, ќе се регрутираат 160.000 млади луѓе

Published

on

Русија ќе започне пролетна кампања за регрутирање, во која ќе учествуваат 160.000 млади луѓе на возраст од 18 до 30 години, според декретот потпишан од претседателот Владимир Путин.

Овој број на регрути е поголем во споредба со претходните две години. Војската гарантира дека новите регрути нема да бидат испратени во Украина, каде руските сили се борат од февруари 2022 година.

Регрутирањето се врши двапати годишно, во пролет и во есен, а кампањата започнува во вторник, согласно декретот што беше објавен денеска. Според овој декрет, 160.000 руски државјани на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани на воена служба од 1 април до 15 јули годинава.

Во 2024 година, пролетното регрутирање вклучуваше 150.000 луѓе, во 2023 година имаше 147.000, а во 2022 година 134.500, јавува руската новинска агенција ТАСС. Овој раст се поврзува со указите на Путин за постепено зголемување на бројот на руските војници.

На почетокот на 2022 година, Русија имаше околу милион војници, а за три години нивниот број се зголемил на 1,5 милиони, додава ТАСС.

„Претстојната кампања за регрутирање нема никаква врска со специјалната воена операција во Украина“, соопшти Министерството за одбрана на Русија, користејќи го терминот што земјата го употребува за нападот врз Украина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк