Connect with us

Инфо +

Гарванлиев: Јас сум еден од најгордите Македонци

Ова е лекција која ја учам, ќе ја научам и памтам цел живот. Жално е што кај нас политиката е вмешана буквално во секоја сфера, а сите ние ги знаеме последиците од сето тоа, вели во интервју за Дојче Веле македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев откако предизвика бура реакции по објавата на спотот на песната „Here I stand“ и изјавата дека има бугарски пасош.

„Видете каква година поминавме, Ковид. Да, најлесно е да кажеме откажи го тој натпревар, откажи го тој настан, но што ќе постигнеме со тоа? Клучот за мене е човечноста. Што имаме да кажеме. Да може да застанеме и… што, што ќе биде. Не! Време е да застанеме заедно, да тргнеме сѐ настрана. Уметноста, музиката и спортот е тоа што ја води и крева една нација. Свесен сум што доаѓа во мај за мене. Застанете со мене, зошто јас застанувам за вас. Песната не за џабе се вика „Овде стојам“. Поминав многу, многу, овде стојам со отворено срце, ѕидови се урнати и ви се давам вам. Пејам за вас, пејте и вие со мене“, истакнува Васил.

На прашањето како се чувствува имајќи го на ум двојното државјанство, тој вели:

„Како човек со огромно срце, искрена душа, полна со приказна и музика. Да, јас сум роден во Македонија и верувале или не, јас сум еден од најгордите Македонци. Но, факт, фамилијата не си ја бираме, роднините не си ги бираме. Мојата баба, мајка на мојот татко, кои не се со нас, е родена во село надвор од Петрич. Не се извинувам за тоа, горд сум и на тоа. Јас сум Македонец. Каде и да настапував, пред и позади сцена, Чикаго, Лондон, Париз, сите ме знаат како Македонецот Васил Гарванлиев. Музиката, тоа е мојот искрен пасош. Јас сум амбасадор на музика, полн со приказна, корени  нема никогаш да се извинам за тоа“, кажа пејачот.

Балкан

„Илинден“-Тирана му посакува успешен мандат на Клодиан Брахо и бара истрага за злоупотребите со бугарско потекло

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува на г-дин Клодиан Брахо, кој  беше избран за нов раководител на Специјалната структура против корупција и организиран криминал (СПАК).

Македонско друштво “Илинден“-Тирана очекува СПАК со приоритет да го истражи незаконското издавање на уверенија за бугарско потекло од албанските локални институции, како и влијанието што групите посредници за бугарски пасоши го извршија врз процесот на пописот во 2023 година на целата територија на Република Албанија.

Овие групи ја злоупотребија својата моќ и врски за да постават свои попишувачи, при што вршеа притисоци, закани и поткуп врз албанските граѓани со цел да ги принудат да се изјаснат како Бугари и да ги манипулираат податоците од пописот.

Дополнително, бараме истрага за незаконските активности на фондациите од Бугарија, кои делуваат со цел асимилација на автохтоната македонска заедница во Република Албанија, загрозувајќи го нејзиниот идентитет, култура и права.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана честита за достигнувања на СПАК во текот на последните три години под водство на г-дин Алтин Думани, надевајќи се дека понатамошната работа на г-дин Клодиан Брахо ќе биде успешна и во служба на транспарентноста и правдата.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Continue Reading

Свет

Кремљ се плаши од новите американски предлози: можеби ќе бидат неприфатливи

Советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков, денеска фрли студена сенка врз американските напори за мировен план, соопштувајќи дека Русија сѐ уште не ги добила ревидираните предлози по последните разговори со Украина. Неговиот коментар е јасен сигнал: „Кога ќе ги видиме, можеби многу работи нема да ни се допаднат“, изјави Ушаков, наговестувајќи дека Кремљ веројатно нема позитивно да ги прифати.

Во меѓувреме, на спротивната страна, претседателот Володимир Зеленски зрачи со оптимизам. Тој објави дека Киев и Вашингтон веќе постигнале целосна согласност околу клучните точки за повоената обнова на Украина. Ова доаѓа по разговорите со Џеред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, и други високи американски функционери.

„Работиме на „економскиот документ“ и Украина е целосно усогласена со американската страна“, истакна Зеленски.

САД не губат време – планот наводно вклучува формирање голем инвестициски фонд во Украина, со посебен фокус на стратешкиот сектор на ретки метали.

И покрај скептицизмот, и Москва сигнализираше интерес за странски инвестиции. „Волстрит журнал“ претходно објави дека американскиот мировен план содржи предлози за вложувања во руските ретки минерали и енергетика. Токму поради ова, изјавата на Ушаков е особено значајна, бидејќи ја крева тензијата околу тоа како ќе изгледа финалниот договор.

Сепак, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се обиде да спушти топката, изјавувајќи дека нема повеќе „недоразбирања“ со Вашингтон за Украина. Но, тој додаде клучен услов: Москва бара евентуалниот мировен план задолжително да вклучува колективни безбедносни гаранции за сите страни.

Судирот на ставови е очигледен. Додека Киев и Вашингтон градат визија за економска обнова, Москва ја задржува својата позиција, барајќи безбедносни гаранции и најавувајќи дека не е подготвена да прифати сѐ што ќе ѝ биде понудено.

Continue Reading

Балкан

Софија на раб на институционален колапс: нефункционалните власти создаваат длабока криза што ја парализира државата

Бугарија тоне во длабока политичка криза, а улиците на Софија вријат од незадоволство. Платото во центарот на градот, наречено „Триаголник на моќта“ – просторот пред парламентот, владата (министерскиот совет) и претседателската палата, деновиве е преполно со граѓани, пред сѐ млади, кои гласно го изразуваат своето незадоволство од актуелната владина политика.

Причината за оваков хаос беше контроверзниот предлог-буџет за 2026 година, кој предвидуваше зголемување на придонесите за пензиско и социјално осигурување, додека истовремено ги зголемуваше платите на пратениците и државните службеници. Ова беше сфатено како директна навреда: „Платите на политичарите пред потребите на обичните граѓани“. Иако владата првично вети дека ќе го повлече буџетот под притисок, нејзиното премислување доведе до уште пожестоки и масовни протести низ целата земја.

Како што се наведува, ова се „најголемите антикорупциски протести во последната деценија во Бугарија“. Граѓанскиот притисок беше толку силен, што Владата на крајот мораше да попушти и да го повлече буџетот. Сепак, тоа не ја смири ситуацијата, напротив.

Според анкетите, над 70% од граѓаните ги поддржуваат протестите, а околу половина бараат оставка на владата. Кризата е повеќеслојна, а институциите покажуваат тешки симптоми на нефункционалност и дезориентираност.

Оваа нова бура е само кулминација на долгогодишна, длабока криза. Со години, Бугарија е на врвот на листата како најкорумпирана држава во ЕУ и на дното по слободата на медиумите.

Централна фигура во оваа нестабилност е партијата ГЕРБ и нејзиниот лидер Бојко Борисов, кој со деценија доминираше на политичката сцена. Иако првично настапи со антикорупциска реторика, со текот на времето и самиот беше доведен во врска со бројни корупциски афери.

Паралелно со него, се наметна и моќната фигура на Делјан Пеевски, медиумски магнат и олигарх, опишан од „Репортери без граници“ како „најозлогласен симбол на корупцијата“. Токму неговото контроверзно назначување за шеф на контраразузнавачката служба во 2013 година предизвика масовни протести. Пеевски, кој подоцна беше санкциониран од САД и Велика Британија според законот „Магнитски“, сега е лидер на партијата ДПС и се обвинува за саботирање на преговорите.

Серијата од седум избори за четири години ја докажува институционалната парализа. Иако Борисов конечно успеа да состави нова влада во јануари 2025 година, враќањето на старите лица на власт само го продлабочи разочарувањето кај реформскиот блок.

Кризата се случува само дваесетина дена пред Бугарија да ѝ се приклучи на еврозоната и да го воведе еврото! Граѓаните се загрижени дека спорниот буџет ќе го зголеми јавниот долг и ќе ја поттикне инфлацијата. Јавната поддршка за воведувањето на еврото е минимална – само 15% го поддржуваат влезот во јануари.

Повлекувањето на буџетот не е крај, туку нов почеток на кризата. Опозицијата веќе поднесе иницијатива за недоверба, а претседателот Румен Радев ги критикуваше властите за „продлабочување на беззаконието и поделбите“ и повика на нови избори.

Во услови на оваа длабока политичка дезориентираност на официјална Софија, аналитичарите предупредуваат:

„Бесмислено е да се бара стабилен соговорник во Софија со кого би се разговарало, па и преговарало по кое било прашање што се однесува на надворешната политика или односите со соседите.“

Според нив, Бугарија уште долго ќе се наоѓа во „политичка нокдаун-ситуација“. Постои страв дека дури и да се договори нешто, „институционалната меморија на Софија ќе биде подложна на амнезија, по што ќе се врати на старите анахрони патеки на хегемонија.“

Сепак, оваа нестабилност се гледа како можност за Македонија, давајќи ѝ време да бара „креативни решенија“ со Вашингтон или Брисел во делот на евроинтегративните предизвици, кои Бугарија досега ги опструираше.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг