Connect with us

Инфо +

49-годишен маж ги претепал родителите оти не му дале пари за роденден

Published

on

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Синот во семејната куќа во Тафталиџе ги претепал своите родители со клоци и тупаници.

„Во семејниот дом на улица „Њуделхиска”, на 18 март, осомничениот при вршење семејно насилство телесно ги повредил неговите родители. Манифестирајќи агресивно однесување затоа што не добил парични средства за роденден, тој започнал со клоци да удира на вратата од собата на неговите родители и насилно влегол внатре. Најпрвин го нападнал неговиот татко, удирајќи го со тупаници по главата и кубејќи му еден прамен од косата. Потоа со употреба на физичка сила ја нападнал и сопствената мајка, која пристапила во одбрана на сопругот, удирајќи ја со клоци во главата и во левиот колк. Од ударите двајцата родители се здобиле со телесни повреди“, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје

Македонија

ФРЛЕНА БОМБА ПРЕД КУЌА Експлозијата предизвика штета, среќа нема повредени

Published

on

Полицијата веднаш презела мерки за расчистување на настанот, а во моментов се во тек активности за идентификување на сторителот и расветлување на мотивите за нападот.

Засега непознато лице вчера околу 19:30 часот, во Прилеп, на улицата Поп Аврамија, фрлило експлозивна направа пред куќа и патничко моторно возило „пежо 207″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на 21-годишниот С.Л. од Прилеп. При инцидентот дошло до експлозија, но за среќа нема повредени лица.

Полицијата веднаш презела мерки за расчистување на настанот, а во моментов се во тек активности за идентификување на сторителот и расветлување на мотивите за нападот.

Continue Reading

Македонија

Малолетник нападнат од разбојници во домот каде живеел

Published

on

На 22.12.2024 околу 10.00 часот во СВР Скопје, Р.А.(65) од Скопје пријавила дека околу 06.45 часот во станот на подрачје на Гази Баба, каде што живеее како потстанар со нејзиниот малолетен внук, две лица со употреба на сила влегле во станот, физички и со метален предмет го нападнале внукот и им одзеле пари, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопје

Почина возачот од ЈСП кој алармираше за неисправни автобуси по несреќата кај Мавровка

Published

on

Февзи Арифи, возач во ЈСП кој го привлече вниманието на јавноста поради несреќата што се случи во јули кај трговскиот центар „Мавровка“, почина. Несреќата, во која автобус удри во жардиниера, остави трага врз Арифи, кој јавно проговори дека се возат неисправни автобуси.

Неговите колеги го опишуваат како посветен професионалец кој бил под огромен стрес по несреќата. Според нив, обвинувањата дека тој е виновен за настанот му предизвикале голема траума. Ова е потврдено и преку неговата емотивна изјава дадена пред базата на ЈСП, каде што детално раскажа за моментите од несреќата и за условите во кои работат возачите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк