Connect with us

Инфо +

Србија го сопре пописот ради ризик од вирусот, а Македонија ќе била во ризик ако немала попис!?

Published

on

Ризикот од ширењето на корона вирусот и загрозувањето за здравјето на граѓаните и на попишувачите биле причината што Србија донесе одлуката за шест месеци да го одложи пописот. Оваа соседна земја, како што било соопштено, се водела и со препораката на Одделот за статистика на Обединетите нации и Фондот за население при ООН, кои издадоа пакет препораки, во кои како најразумно решение е одложување на пописот во овој период.

Дали ситуацијата е многу подобра во Македонија што овдешните власти не го одложуваат пописот? Владата упорно инсистира на негово одржување.

Премиерот Зоран Заев синоќа дури изјави дека одложувањето на пописот кај нас, ја става државата во ризик да не се случи попис и во наредните десеттина години.

-Секое одложување на пописот, ја става државата во ризик да нема попис и следните 10 години или следните години. Дваесет години ние немаме попис и сме една од единствените земји во светот, која што нема попис и затоа треба да го спроведеме. Никој не може да каже, какви ќе бидат состојбите, на есен, следната пролет или сл и оттука е дополнително чувството на одговорност да се спроведе пописот. Пописот дава доволно широчина, а тоа е во рамките на деновите, коишто се определени согласно законот, да се пролонгира согласно мерки за заштита. Но, верувам, дека не треба никако да дозволиме да се одложува пописот, заради тоа што, прво ја испраќа пораката на несериозност кон граѓаните, второ ја испраќа пораката на неодговорност, истакна Заев.

Тој го кажа ова во ситуација кога за денеска се очекува да биде донесена одлуката за продолжувањето на мерката полициски час и во наредните денови. Новиот бран на вирусот е силен и секојдневно имаме меѓу 500 и 1.300 заболени лица и повеќе од дваесетина починати пациенти. Во ковид-центрите има се помалку места за сместување на тешко болните и незивесно е каде тие ќе се сместуваат ако се случи зголемување со почетокот на пописот на 1 април.

Сето ова презивикува и загриженост кај граѓаните кои бараат пописот да се одложи.

-Нема да ги примам попишувачите и да дојдат со скафандери, со капи, ракавици. За секоја куќа или стан комисијата ке облекува нова униформа или со истата ке одат во 10 куки?  Пописот треба да се одложи и тоа за една година бидејќи вирусот зема голем замав и жртви. Се плашиме до продавница да одиме, а не некој дома да го примам, изјави граѓанката Вера Јаворац за „Скопско ехо“.

Дали Владата го разгледува се помасовното најавување на бојкот на пописот? Дали Владата можеби ќе се подзамисли сега откако и соседни земји го одложуваат попишувањето на населението поради пандемијата?

Скопско ехо

Свет

Вашингтон испрати сериозна порака до лидерот на една европска држава: “Тоа што го правите е самоубиство”

Published

on

Остра реакција од САД по посетата на шпанскиот премиер на Кина: „Приближувањето кон Пекинг е економско самоубиство“.

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, остро реагираше на неодамнешната посета на шпанскиот премиер Педро Санчес на Пекинг, оценувајќи дека секоја земја која се обиде да му се приближи на Кина „си го сече грлото“.

„Кинеските производители ќе бараат начин да се ослободат од стоката која не можат да ја продадат во САД. Оној кој соработува со нив, самиот си прави штета“, изјави Бесент.

На ваквите критики одговори шпанскиот министер за земјоделство Луис Планас, потенцирајќи дека проширувањето на трговските односи, вклучително и со важен партнер како што е Кина, не е насочено против ниту една држава.

Посетата на Санчес резултираше со средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, на која двајцата лидери порачаа дека Европската унија и Кина се залагаат за економска глобализација и слободна трговија. „Во трговските војни нема победници, а Кина не се плаши од притисоци“, изјави Џинпинг.

Ова е прв пат Си Џинпинг да се сретне со странски лидер по интензивирањето на тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон. На средбата беше упатен и директен повик до Европската унија за преземање меѓународна одговорност, што се толкува како индиректна критика кон надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп, која, според Пекинг, довела до нестабилност на глобалните финансиски пазари.

Како што пренесува кинеската новинска агенција „Синхуа“, Џинпинг заклучи: „Спротивставувањето на остатокот од светот води кон самоизолација.“

Continue Reading

Свет

Трамп со чудна и неочекувана изјава за Илон Маск

Published

on

Трамп за Маск: „Не ми е неопходен, само ми се допаѓа“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека милијардерот Илон Маск, кој во моментов ја предводи Владината агенција за ефикасност (DOGE), не му е неопходен во администрацијата, туку едноставно му се допаѓа како личност.

„Илон направи фантастична работа… Не ми е потребен за ништо посебно, само случајно ми се допаѓа. Овој човек направи одлична работа“, изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа, во присуство на новинари и членови на кабинетот, пренесува Business Insider.

Маск, кој доби широк пристап до владините операции и податоци преку неговата улога во борбата против злоупотреби и измами, во последно време е помалку присутен во јавноста. По поразот на републиканците на изборите за Врховниот суд на Висконсин минатата недела, се поставуваат прашања за неговата идна улога во администрацијата, особено поради неговата сè поретка појава во Белата куќа.

Некои американски медиуми го обвинија Трамп за злоупотреба на функцијата, откако минатиот месец ја претвори Белата куќа во, како што наведуваат, „изложбен салон на Tesla“, компанијата чиј извршен директор е токму Маск. Трамп тогаш најави дека ќе купи електричен автомобил од овој производител.

На обвинувањата, Трамп одговори дека купил Tesla не поради некоја посебна погодност, туку како израз на поддршка.

„Не ми треба неговиот автомобил. Луѓето ми велеа: ‘О, доби ли попуст?’ Им реков: ‘Не, дај ми ја највисоката цена.’ Платив многу пари за тој автомобил. Но, искрено, тој прави одличен автомобил… Го купив само како знак на поддршка“, рече Трамп.

Претседателот додаде и дека Маск не е третиран фер, алудирајќи на протестите и нападите насочени против салоните на Tesla.

Continue Reading

Свет

Мистеријата на хеликоптерската несреќа: Откриени последните зборови на пилотот

Published

on

Шест лица, меѓу кои и извршниот директор на „Сименс“ за железничка инфраструктура, Агустин Ескобар, загинаа во пад на туристички хеликоптер во реката Хадсон, во близина на Менхетн, Њујорк.

Германската компанија „Сименс“ потврди дека Ескобар, заедно со своето семејство, бил меѓу жртвите.

„Длабоко сме потресени од трагичната несреќа која го однесе животот на Агустин Ескобар и неговото семејство. Нашето најискрено сочувство до неговите блиски“, се наведува во соопштението од „Сименс“.

Несреќата се случила на страната на реката поблиску до Њу Џерси, а според градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, сите шест патници, меѓу кои пилотот, две возрасни лица и три деца – туристи од Шпанија, го загубиле животот.

Очевидци изјавиле дека несреќата ја придружувала силна експлозија налик на пробивање на звучен ѕид, по што хеликоптерот се преполовил при ударот во водата. Американската крајбрежна стража веднаш ја прекинала пловидбата во тој дел од реката.

Извршниот директор на компанијата „New York Helicopter Tour“, во чија сопственост било леталото, Мајкл Рот, за британскиот „Телеграф“ изјави дека пилотот неколку минути пред падот пријавил потреба од гориво и планирал итно слетување.

„Пилотот јави дека му е потребно гориво и дека ќе слета за три минути, но 20 минути подоцна, немаше никаков контакт“, изјави Рот.

Причините за несреќата сè уште се истражуваат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк