Connect with us

Инфо +

“Пpeкинaтo интepвjyтo нa Aпacиeв зa Kaнaл 5 – тeлевизиjaтa ocтана бeз пpoгpaма”

Published

on

Вечерва една од најголемите македонски телевизии „Канал 5“ запре со емитување на програма во живо додека во телевизијата гостуваше претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Имено во вечерашното издание на „Само вистина“ гостуваше токму Апасиев, а програмата имаше огромна гледаност и на социјалните мрежи и на телевизијата.

Се беше во ред додека одненадеш програмата не запре со емитување, а секој оној кој што до пред неколку минути го вклучил телевизискиот канал ќе го видеше ликот на Апасиев.

Oна што е најинтересно и важно е дека во ист момент програмата запре со емитување и на социјалната мрежа и на Фејсбук…Следната тема за која требаше да се разговара на интервјуто беше „пописот“ за кој Левица отворена ја пропагира опцијата за бојкот. Инфомакс го контактираше ЕВН од каде добивме одговор дека населбата Злокуќани во општина Карпош каде се наоѓа телевизија Канал 5 немала никаков прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Прво исклучуење СТРУЈА откако сме членка на НАТО <3 p.s. Продолжуваме после кварот, у живо, за Пописот 😉 #НеОтворамВрата #ДолуХибридниотРежим

Posted by Димитар Апасиев on Wednesday, March 24, 2021

Свет

Трамп го критикува Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите целата земја

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина.

Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп изјави дека постигнувањето договор е „многу блиску“, но остро го критикуваше Зеленски поради неговите изјави за Крим, предупредувајќи дека Украина ризикува да ја „изгуби целата земја“ доколку продолжи со сегашниот пристап.

Трамп се осврна на неодамнешната изјава на Зеленски за Волстрит Џурнал, во која украинскиот лидер рече: „Украина никогаш нема правно да ја признае окупацијата на Крим. За тоа нема што да се разговара“.

Според Трамп, оваа изјава сериозно ги попречува мировните преговори со Русија, бидејќи, како што тврди, „Крим е изгубен уште пред многу години“ за време на мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама. Тој додаде дека Крим „не е предмет на дискусија“ и дека големи руски воени бази постоеле на полуостровот со децении пред неговата анексија во 2014 година.

„Никој не бара од Зеленски да го признае Крим како руска територија, но ако сака да го врати, зошто Украина не го бранеше пред единаесет години кога беше предаден на Русија без испукан куршум?“, напиша Трамп. Тој ги нарече изјавите на Зеленски „запаливи“ и причина за тешкотиите при обидите за постигнување мир.

„Токму запаливите изјави како онаа што Зеленски ја даде денеска се причина зошто е толку тешко да се постигне мир. Нема со што да се пофали! Ситуацијата за Украина е многу тешка, таа може да избере мир или да продолжи да се бори уште три години пред да ја изгуби целата земја.

Немам ништо против Русија, но длабоко се грижам за тоа да не се губат пет илјади руски и украински животи секоја недела, бидејќи сите овие луѓе умираат без причина. Денешната изјава на Зеленски само ќе го продолжи „убиството“, а тоа никој не го сака„, напиша Трамп.

„Многу сме блиску до договор, но човекот кој „нема повеќе адути“ сега мора конечно да го сфати ова и да ја заврши работата. Со нетрпение очекувам да им помогнам и на Украина и на Русија да излезат од овој целосен ХАОС – што никогаш немаше да се случи да бев јас претседател“, порача американскиот претседател.

Според американските медиуми, наводниот мировен план на Трамп предвидува официјално признавање на рускиот суверенитет над анектираниот Крим од страна на САД. Зеленски категорично го отфрли овој предлог, велејќи дека таквото признавање е спротивно на украинскиот устав.

Притисокот од Трамп се интензивира и кон Москва и кон Киев, при што неговата администрација предупредува дека САД би можеле целосно да се повлечат од посредувањето доколку не се постигне договор наскоро. Овој став го поддржа и потпретседателот Џеј Ди Ванс, кој изјави дека американскиот предлог е „јасен“ и дека е време двете страни да кажат „да“ или САД да се повлечат од процесот.

Тој додаде дека станува збор за „многу фер предлог“ кој ќе ги „замрзне територијалните линии на некое ниво блиску до сегашните“, под услов двете страни да се откажат од дел од територијата што моментално ја држат. Тој не соопшти други детали.

Continue Reading

Свет

Нова истрага за нападите на 11 септември: Човек близок до Трамп со поинакви тврдења од официјалните

Published

on

Американски сенатор Рон Џонсон најави нова истрага за нападите на 11 Септември

Претседателот на истражниот подкомитет при американскиот Сенат, Рон Џонсон од Републиканската партија, најави повторно отворање на истрага за терористичките напади на 11 септември 2001 година, кои ги урнаа кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк.

Џонсон, кој важи за претставник на порадикалното крило на Републиканската партија и близок до поранешниот претседател Доналд Трамп, ја донесе одлуката во својство на претседател на овој подкомитет. Оваа најава доаѓа еден ден по неговото појавување во подкаст со екстремно десничарскиот активист Бени Џонсон, каде што разговараше за различни теории на заговор поврзани со настаните од 11 септември.

Џонсон во разговорот посочи дека „една од зградите во близина на Светскиот трговски центар била урната со контролирана експлозија“ – тврдење што долго време кружи меѓу теоретичарите на заговор, но никогаш не било потврдено со кредибилни докази.

Исто така, тој ги нарече претходните официјални истраги „корумпирани“ и изјави дека „Американците всушност ништо не знаат за 11 септември“. Џонсон додаде дека е свесен оти ваквите изјави го етикетираат како теоретичар на заговор, но нагласи дека е „апсолутно сигурен дека станува збор за прикривање“.

Вреди да се потсети дека американскиот Конгрес веќе одржа стотици сослушувања за нападите, со фокус на тоа што можела да направи администрацијата на тогашниот претседател Џорџ Буш за да ги спречи трагичните настани.

Нападите на 11 септември беа изведени од терористичката организација Ал Каеда. Четири патнички авиони беа киднапирани – два удрија во кулите на Светскиот трговски центар, еден во Пентагон, а четвртиот се урна во поле во Пенсилванија. Во нападите загинаа 2.996 лица.

Continue Reading

Свет

Војната продолжува? Зеленски со една реченица го одби мировниот план на Трамп

Published

on

Зеленски категорично го одби мировниот план на Трамп: „Ова го крши нашиот Устав“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро реагираше на предложениот мировен план во седум точки на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, одговарајќи со кратка, но јасна изјава: „Ова го крши нашиот Устав“.

Според предлогот на Белата куќа, Русија би ја задржала контролата врз голем дел од украинската територија која ја зазеде, вклучувајќи го и Крим – кој Москва го анектираше уште во 2014 година – како и најголемиот дел од регионот Херсон. Дополнително, планот предвидува Русија и понатаму да има фактичка контрола врз речиси сите други територии заземени по инвазијата започната во февруари 2022 година.

Од друга страна, Украина би добила ограничен пристап до северозападниот дел од реката Џиумондер, додека САД би презеле привремена контрола и управување со нуклеарната електрана во Запорожје.

Овој предлог предизвика жестоки реакции во Киев, каде што властите го оценија како неприфатлив и противуставен, отфрлајќи го како сериозен основ за преговори.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк