Connect with us

Инфо +

Уште една девојка го приjaви за cekcyално вознeмиpyвање тренерот по џудо од Прилеп

Published

on

По скандалот со пријавување за сексуално вознемирување на една девојка во Прилеп од џудо тренерот, вчера уште една девојка се охрабрила да го пријави четириесет и шестгодишниот Р.П. Од Прилеп, инаку тренер по џудо кој веќе два месеци е во притвор.

Според податоците во обвинителството, девојката што дополнително го пријавила тренерот за сексуално вознемирување и полови дејствија сега е полнолетна, а според пријавата, кога тој ги вршел дејствата, таа била малолетна.

Бројот на жртвите во оваа истрага сега е четири. Колку време молчела последната девојка што решила да поднесе кривична пријава против својот тренер во интерес на истрагата не се открива, бидејќи по последната пријава се постапува.

Свет

Русија подготвена за нуклеарен одговор: Шојгу му се закани на Западот – Трамп ја менува играта во Украина

Published

on

Русија не ја исклучува употребата на нуклеарно оружје во случај на агресија од западните земји – оваа експлозивна изјава ја даде денеска високиот руски безбедносен функционер Сергеј Шојгу во интервју за државната агенција ТАСС.

Шојгу, поранешен министер за одбрана, а сега шеф на Советот за безбедност, јасно порача дека Москва ќе реагира жестоко ако почувствува закана за својот или за суверенитетот на нејзините сојузници. Според новоусвоената нуклеарна доктрина, Русија може да одговори со нуклеарен напад и во случај на „конвенционален напад“ што ќе предизвика „критична закана“ за Русија или Белорусија.

Овие пораки доаѓаат во момент кога новата администрација во Вашингтон, предводена од Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс, драматично ја менува американската стратегија за Украина. Наместо притисок врз Москва, Трамп сега врши притисок врз Киев да прифати прекин на огнот – и тоа по секоја цена.

Шојгу предупреди дека „симетрични и асиметрични мерки“ ќе бидат преземени против секоја земја што ќе се обиде да ја загрози безбедноста на Русија. Изјавата веднаш предизвика реакции во европските и американските безбедносни кругови, кои веќе ја разгледуваат сериозноста на новите руски закани.

Останува нејасно дали овој нов чекор води кон дипломатско решение – или светот се приближува до нова, уште поопасна ескалација.

Continue Reading

Балкан

Алармантно во Истанбул забележани 127 потреси после јакиот земјотрес, повредени 236 лица

Published

on

zemjotres

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди во средата Истанбул. Најмалку 236 лица се повредени, соопштија официјални лица.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Силиври во Истанбул, соопшти Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот беше почувствуван низ Истанбул, дом на повеќе од 15 милиони луѓе, и во соседните провинции, поради што жителите во страв бегаат од зградите, јавува Анадолија.

Земјотресот се случил на длабочина од речиси седум километри и траел 13 секунди, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Кабинетот на гувернерот додаде дека 236 лица се повредени откако скокнале од височина поради паника.

Тие се хоспитализирани, но ничиј живот не е во опасност.

Од 17 часот и 55 минути до денес се забележани 127 последователни потреси, од кои најголемиот бил со јачина од 5,9 степени – изјави Јерликаја.

Министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени Мурат Курум рече дека „досега се примени вкупно 378 пријави за структурни оштетувања врз основа на доверливи барања доставени до линијата за итни случаи“.

Нашите тимови од Покраинскиот директорат за животна средина, урбанизација и климатски промени ги идентификуваа барањата за евакуација за девет куќи – додаде тој.

АФАД соопшти дека по проценката на извештаите добиени од Ургентниот центар 112, засега нема извештаи за жртви или материјални штети.

Агенцијата соопшти дека се мобилизирани сите релевантни институции и тимови за одговор, а во тек е скенирање на теренот за проценка на потенцијалните штети и обезбедување јавна безбедност.

Continue Reading

Свет

Трамп: Русија е подготвена за мир, но Украина не е

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија е подготвена да потпише мировен договор, но дека убедувањето на Украина да се согласи на договорот „е потешко отколку што очекувал“, јавува Анадолу.

„Мислам дека имаме договор со Русија. Треба да постигнеме договор со Зеленски и се надевам дека ќе успееме. Мислев дека ќе биде полесно да се постигне договор со Зеленски. Досега тоа беше потешко. Но добро, тоа е во ред“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Тој додаде дека верува оти постои „договор од двете страни“ и изрази надеж дека ќе се реализира.

„Сакам да спасам животи. Трошиме многу пари, но овде станува збор за хуманост“, порача Трамп.

Го нападна Зеленски поради Крим

Порано истиот ден, Трамп го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски поради изјава дадена на прес-конференција во вторникот, во која ја исклучи можноста за признавање на руската окупација на Крим.

„Таa изјава е многу штетна за мировните преговори со Русија, имајќи предвид дека Крим беше изгубен пред многу години, кога претседател беше Барак Обама, и повеќе не е ни тема за разговор“, напиша Трамп на социјалните мрежи. 

„Никој не бара од Зеленски да го признае Крим како руска територија, но ако толку го сака, зошто не се бореа за него пред единаесет години кога беше предаден на Русија без испукан куршум?“

„Не ми е важно чив е Крим. Само сакам крај на војната“

На прашањето дали договорот што, според него, Русија го прифаќа, вклучува и признавање на рускиот суверенитет над Крим, Трамп одговори неодредено:

„Сè е во ред. Гледајте, јас само сакам војната да заврши. Не ми е важно. Ако двете страни се задоволни и потпишат договор, тоа е најважното. Немам фаворити. Само сакам договор. Сакам да се спасуваат животи.“

Можна средба со Путин

Трамп најави дека постои можност за средба со Владимир Путин средината на мај, за време на планирана посета на Саудиска Арабија, но додаде дека таа средба „најверојатно тогаш нема да се случи“.

„Мислам дека ќе се сретнеме набргу потоа“, рече тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк