Connect with us

Црна Хроника

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) – за кривично дело „трговија со дете“ (418-г ст.1 и ст.2), против лицата И.Д.(56), А.С.(30) и Л.С.(28) за сторено кривично дело – „трговија со дете“ (418-г ст.3) и против лицето – Р.М.(31) за кривично дело – „полов напад и силување“ ( 186 , ст.1 и ст.2) од КЗ на РСМ.

Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот Ф.М. во временскиот период од мај 2023 година до крајот на 2024 година, доведувајќи го во заблуда – детето жртва – тогаш на 15 годишна возраст, дека ќе започнат љубовна врска, преку сериозна закана и уцена ја принудил жртвата на користење на опојни дроги и на сексуална експлоатација. Притоа, со цел стекнување на противправна имотна корист Ф.М., по претходен договор со пријавените И.Д., А.С. и Л.С. како и со инволвирање на други непознати лица, овозможил вршење на полови дејствија врз детето жртва од нивна страна, а на повеќе локации на подрачје на Тетово. Петопријавениот Р.М. по претходен договор со Ф.М. како лице задолжено за безбедноста на детето, ја искористил неговата улога и присилно, спротивно на волјата на детето извршил полов однос врз истото.

Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на четири локации на подрачјето на Тетово извршени се претреси во дом и други простории при што се пронајдени и привремено одземени мобилни телефонски апарати, СИМ картички и лишени се од слобода кривично пријавените пет лица.

Advertisement

Црна Хроника

Трагедија на Вардар: Извлечено тело на маж од водите на реката

policija

Трагедија ја потресе скопската јавност вчера: во водите на реката Вардар, во близина на селото Трубарево, беше пронајдено тело на машко лице. На местото на настанот се јавиле надлежните околу 14:20 часот, по пријава за пронајдено тело околу 11:00 часот.

Според информациите од полицијата, станува збор за П.С., 71-годишник од Скопје, кој исчезна на 23 декември 2025 година. По извршена проверка и увид на местото на настанот, телото е предадено на обдукција, по наредба на јавен обвинител, за да се утврдат точните причини за смртта.

Случајот ја потсетува јавноста на важноста од внимателно следење на блиските лица и укажува на трагичните последици што може да ги донесе изненадното исчезнување.

Continue Reading

Црна Хроника

ВИДЕО: Во раце на полицијата падна голем плен – МВР со детали

Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства во две товарни возила и магацини на правно лице, лишени од слобода се две лица, од кои едното е полициски службеник

На 24.12.2025 во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје.

При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р.-полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства за кои не поседувале никаква документација, а за кои изјавиле дека припаѓаат на правно лице од Скопје.
Подоцна, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред магацинот на правното лице пронајдено е уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено.

Додека, пак, денеска со судска наредба извршен е претрес во магацините на правното лице, при што се пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства. Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација со ОВР Кавадарци ќе ги преземаат сите мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица и по комплетирање на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Црна Хроника

Полицијата ноќеска апсеше во Тетово – МВР со детали

На 25.12.2025 во 03:40 часот на бул.,,Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода И.И.(39) од с.Теарце, тетовско, затоа што кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг