Connect with us

Инфо +

Не можеме цела државна служба да ја носиме да се вакцинира во Србија, ние сме држава

Published

on

Премиерот Зоран Заев во врска со изнесените ставови на претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче за вакцинирањето на нашите граѓани во Србија, денеска изјави дека за него тоа е слобода, но сепак оцени дека реакцијата на Пендаровски не била соодветна. 

-За мене прво е слобода и тоа што се случува меѓу претседателот и министерот е слобода. Нормално кога министер од мојата Влада реагира јас знам за тоа, и не би требало да правам огради или слично. Јас знам за тоа министерот ме консултираше. Нападот е навистина несоодветен, јас го почитувам претседателот многу, имаме одлична соработка, но знаете не ни е лесно на никој. Прашањето којшто правиме во сите овие моменти да час поскоро најдеме вакцини, да ги донесеме, имунизацијата да се спроведе и слично, рече Заев.

Како Влада, рече тој, од самиот старт објаснивме дека слободниот избор на граѓаните е слободен избор дали ќе оди во пријателска соседна земја ќе ја прими вакцината. 

– Но државата да учестува во таа работа нема да учествува, па макар и со издавање дозволи за време на полициски час. Не, затоа што државата е во нешто за кое што неможеме да носиме одговорност. Не дај боже нешто да се случи, како тоа ќе преземеме ние одговорност за оваа работа, рече Заев. 

Според премиерот, Србија покажала огромен пријателски чин и тоа не можеме да го занемариме. 

-Значи тие ги отворија границите и за граѓаните на  Македонија и на други земји да се вакцинираат и тоа е ок. Денеска вакцинацијата е глобална проблематика и секоја солидарност и помагање е за поздравување. Но, истовремено не можеме ние да одиме, не знам цела една служба државна да ја носиме да се вакцинира. Тоа е недозволиво за државата. Ние сме држава. Може секој поединец и вработен во јавната администрација, но поединечо да оди, рече премиерот Заев.  

Рече дека тој дал инструкции дека како институции не, но како граѓанин може секој да оди.

-Ние видовме родители на пратеник, родители на политичари, може има и некој политичар што отишол, не го знамее тоа, но тоа индивидуално го направил, не како институција, не како држава, рече Заев.  

Второ нешто што е важно, според него, е што сега претседателот и министерот зборувале јавно за нешто за што не се согласувале, што не беше случај во минатото. 

-Беше мисловна именка така претседателот и министерот да се искомуницираат кога не се согласуваат за нешто, па и не може за се да се согласуваме. На крајот здраво е да имаме и несогласувања, но тоа не значи дека не се дволно почитуваме, рече Заев.

Свет

Бројот на загинати во Мјанмар достигна 3.354, народот и спасувачките екипи во моментов имаат огромен проблем поради хунтата

Published

on

Моди, од друга страна, повика на траен прекин на огнот во граѓанската војна во Мјанмар и нагласи дека изборите мора да бидат „кредибилни“, соопштил вчера портпаролот на Министерството за надворешни работи на Индија.

Откако во 2021 година војската го симна избраниот цивилен владин состав предводен од Аунг Сан Су Чи, лидерството на Мјанмар се соочува со големи потешкотии во управувањето со земјата, што доведе до колапс на економијата и основните услуги, вклучувајќи ја здравствената заштита, известува Ројтерс.

Граѓанската војна што следеше по воениот удар принуди повеќе од три милиони луѓе да бегат, додека гладта и несигурноста во снабдувањето со храна зафатија повеќе од третина од населението.

Според податоците на ОН, повеќе од третина од популацијата на Мјанмар сега има потреба од хуманитарна помош.

Флечер вчера беше во Мјанмар, во вториот по големина град, Мандалај, кој се наоѓа во близина на епицентарот на земјотресот.

Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права соопшти дека хунтата го ограничи снабдувањето со помош во областите погодени од земјотресот каде заедниците не ја поддржуваат хунтата.

ОН истражуваат 53 извештаи за напади од страна на хунтата на нејзините противници. Портпаролот на хунтата не одговори на повиците за коментар.

Земјотресот со јачина од 7,7 степени ја погоди Мјанмар на 28 март, а епицентарот се наоѓал околу 16 километри од Мандалај, вториот по големина град во земјата.

Срушени се згради во неколку градови и населби, вклучувајќи го железничкиот и патниот мост на автопатот Рангу-Мандалај. Се случи и силен дополнителен земјотрес од 6,4 степени според Рихтеровата скала.

Continue Reading

Балкан

Исчезна 12 годишно дете во Србија – почна потрагата по него

Published

on

Во Србија исчезнало 12-годишно момче по име Илија Матиќ. Неговиот татко за српските медиуми изјавил дека момчето исчезнало синоќа, и дека било во текот на ноќта барано во Земун поле.

„Не сум го видел од прексиноќа. Вчера наутро го видела неговата мајка, го спремила и го испратила на училиште. Оттогаш не се јави“ – изјавил загрижениот татко.

Таткото потврдил дека Илија веќе претходно бегал од дома, но дека овој пат не е сигурен дека тоа е случај.

„Веќе не знам што да мислам“ – рекол таткото.

Како што неофицијално било потврдено, момчето синоќа било пријавено како исчезнато. Полицијата е на терен и го бара цела ноќ, но засега нема ни трага ни глас.

Илија е слаб, има кратка кафена коса и кафени очи. Тој е ученик во шесто одделение на основното училиште.

Синоќа момчето носело сиви патики „Најк“ со црвено лого, црна и тегет тренерка, јакна со зелени флуоресцентни точки и сив ранец, според зборовите на неговиот татко.

Мештаните се организирале и излегле на улица за да го бараат. Меѓу нив имало и други ученици од училиштето во кое Илија учи, нивни родители и наставници, како и соседи.

Момчето последен пат било видено синоќа околу 21:30 часот во Земун поле, како е во company со постари момчиња. Мештаните велат дека ова не е прв пат Илија да избега од дома.

Continue Reading

Свет

Русија загубила над 900 илјади војници, од кои 250 илјади се убиени во војната со Украина, велат од НАТО

Published

on

Од почетокот на својата сеопфатна инвазија на Украина, Руската Федерација загуби повеќе од 900.000 војници, од кои 250.000 се убиени.

Како што пренесува Дојче веле, ваква информација изнесе висок функционер на НАТО на брифинг на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на Алијансата во Брисел.

Според него, меѓу ранетите руски војници многумина претрпеле доживотни повреди поради неквалитетната медицинска нега.

Тој рече дека руската војска продолжува да губи над 1.000 луѓе дневно, убиени и повредени, но стапката на регрутирање, според Организацијата на Северноатлантскиот договор, продолжува да се совпаѓа со загубите.

Се забележува дека предноста сè уште не е на страната на Украина, а Руската Федерација ги одржува предноста и моментумот, а исто така се обидува да победи поради дефицитот во украинската армија.

Официјалниот претставник на НАТО нагласи: „На бојното поле нема знаци дека Русите се подготвуваат за прекин на огнот. Не гледаме знаци дека целите на Русија во оваа војна се сменети“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк