Германија последен пат загуби во квалификации за светско првенство во 2001 година, тогаш беше убедливо поразена од Англија со 5-1, сега загуби од Македонија, ова е болен пораз за германските фудбалери.
Се сеќавате на легендарната изјава на Гери Линекер, Фудбалот е едноставна игра во која 22-ца трчаат по топката 90 минути, а на крај секогаш победуваат Германците, епа сега тоа не важи!
Се огласи и самиот Линекер на твитер, во неверување напиша:
„Господе боже, Германија загуби од Македонија“ – напиша Линекер.