Connect with us

Инфо +

Какво време нѐ очекува викендов?

Published

on

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во западните делови. Ќе дува умерен, на места краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец и со температура до 19 степени.

Утре попладне ќе има зголемување на облачноста со повремен дожд и понекаде со појава на ретки грмежи.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално над 20л/м2), проследени со појава на грмежи во сабота и засилен ветер.

В недела поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег, а дневните температури позначително ќе опаднат. (МИА)

Македонија

Отворен музејот на христијанското и исламското наследство во Битола

Published

on

Вечерва, во рамките на прославата 90 години постоење на Завод и музеј Битола на свечен начин и со мал перформанс беше отворен Mузејот на христијанското и исламското наследство кој се наоѓа во Јени џамија, кај саат кулата, во Битола која битолчани ја знаат и како уметничка џамија, а тоа е објект со длабоки темели на црквата “Св. Ѓорги“ и високо издигната Јени џамија.Ова е прв ваков објект во државата, на кој на иста локација се наоѓаат Јени џамија, а под неа откриените темели на црквата “Св. Ѓорѓи“. Внатре е поставен стаклен под, под кого се гледаат темелите, а сето тоа да биде налик на Света Софија од Истанбул и да ги обединува христијанското и исламското културно наследство.Пред голем број на битолчани и гости Mузејот на христијанското и исламското наследство симболично го отворија директорот на Завод и музеј Битола – Зоран Николовски и Оливера Трајковска – директор на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, а претходно директорката во своето обраќање рече:-Битола не напразно е познат како градот на конзулите, и со право го носи тоа име бидејќи Битола изобилува со голем број на културни споменици кои што како неми сведоци стојат исправени на секој кош низ градот и ни зборуваат. Ви зборуваат за историјата, за културата, за се она што низ векови овде поминувало и се создавало. Ви зборуваат за соживотот помеѓу муслиманите и христијаните, ви зборуваат за секоја една молитва. Овој Mузејот на христијанското и исламското наследство всушност е спој на она што сите ние треба да го направиме во секојдневниот живот, да се споиме во едно, преку љубовта, преку молитвата, преку соживотот, затоа што тоа било неговувано низ вековите. И тоа го пишува во ферменот на Мухамед, немој да ги гоните христијаните. А тоа е исто и кај христијаните кон муслиманите. Овие културни споменици од ваков вид ќе ни прозборат гласно, колку ние треда да го негуваме нашиот соживот.  На ова место историјата изобразила и џамија и црква, а тоа не е случајно.-Јени џамија и црквата “Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос…всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме не, ширејќи љубов, посочи Трајковска.При влегувањето на поканетите во Mузејот на христијанското и исламското наследство уживаа во мал преформанс изведе м-р Маја Митровска која исполни стара турска песна “Манастирин Ортасинда“ што во превод значи “На сред Битола“ и Псалм 135.Директорот на Завод и музеј, Зоран Николовски кој ефектно го најави своето обраќање рече:-Уверен сум, а ќе се обидам и да ве уверам дека не постои разлика помеѓу Господ и човекот. Само Господ може тоа што ќе го замисли и да го направи. Човекот има една таа особина тоа што редовно и секогаш многу подобро да го замисли, отколку тоа што ќе го направи. Ако е тоа така, а сум сигурен дека е така, тогаш можеме да претпоставиме како овие мајстори на архитектурата, како овие  мајстори на сликарството, како ова го замислиле, за да ние можеме да се восхитуваме оваа вечер. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на нашата битолска оперска дива Маја Митревска, кој со својот волшебен глас исполи две прекрасни мелодии. Исто така сакам да им се заблагодарам на сите вработени во Завод и музеј Битола, кои во изминатите дваесетина денови со над човечки напори дење и ноќе се обидоа и успеаја ова да го направат. -Првите археолошки ископување во Јени џамија почнаа во 2003 година под раководство на археологот Томе Јанакиевски, а подоцна и со други стручни лица кои работеа долги години и успеаја целосно да го реставрираат првиот дел од џамијата или тремот. Археолошкиот објект во иднина ќе биде Музеј и целосно отворен за јавноста и посетителите ќе се запознаат со историјатот кој датира од 7 до 11 век, истакна Николовски.Според градоначалникот Тони Коњановски, новиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство, ја потврдува историјата и значењето на Битола.-На овие балкански и европски простори Битола е еден светилник, раскрсница на христијанството и исламот, но и на разни премрежија кои градот ги минал низ вековите. Битола доби објект кој значи нова туристичка понуда со историска вредност, посочи Коњановски.Претходно пред десетина години беше реставрирана и конзервирана фасадата од Јени џамија, еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола, останат од 16 век и беше вратен стариот лик на џамијата како пред пет века со оловен лим за куполите од Турција и варов малтер од Италија.

По конзервацијата и реставрацијата на фасадата кај Јени џамија, се додаде и монтажна настрешница над ископаните темели од црква веднаш до ѕидот на џамијата.Јени џамија крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, а се смета дека едната од нив е некогаш најголемата црква во центарот на Битола, „Св. Ѓорѓи“, а беа пронајдени два печата, еден сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на Богородица во молитва. За највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон врз кого се изгравирани позлатени фигури на светци.Се претпоставува дека црквата „Св. Ѓорѓи“ била епископија во времето на 11 век, во периодот кога тука живеел Гаврило Радомир, синот на Цар Самоил. Старите битолчани џамијата ја нарекуваат и Нал-џамиси или Потковица џамија, а според преданијата токму црквата „Свети Ѓорѓи“ во центарот на Битола била украсена со исцртана потковицата.Пронајдени беа остатоци од христијанскиот храм и при реконструкцијата на шадрванот пред Јени џамија во центрот на Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

Continue Reading

Скопје

Орце Ѓорѓиевски: Најдоброто допрва доаѓа!

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, одржа отчет пред над 1000 граѓани, нагласувајќи ги успесите и заложбите во текот на неговите три години мандат.

„Ова е историски момент! Благодарност до сите што веруваа и останаа со нас во оваа мисија. Вашата поддршка е нашата најголема инспирација,“ истакна Ѓорѓиевски.

Тој се заблагодари на својот тим, на Советот на Општина Кисела Вода и на сите советници кои, како што рече, покажале конструктивност и соработка надвор од партиските рамки. Посебна благодарност упати до Владата и премиерот Христијан Мицкоски за нивната поддршка во реализацијата на клучни проекти.

„Најдоброто допрва доаѓа! И за Пржино, Црниче, Бирарија, Драчево и сите населби на Кисела Вода. Овие три години се само почеток, а заедно ќе ја изградиме иднината која сите ја заслужуваме,“ порача градоначалникот.

Ѓорѓиевски заврши со силна порака за заедништво и посветеност, истакнувајќи дека граѓаните остануваат главен фокус и водич за идните успеси на општината.

Continue Reading

Балкан

Фицо од Србија: Никогаш нема да ве изневериме за Косово

Published

on

„Ја почитуваме територијалната интегритет на Србија, а во однос на Косово*, никогаш нема да ве изневериме.“ — Роберт Фицо, премиер на Словачка

Словачкиот премиер Роберт Фицо пристигна во Србија на официјална посета, каде што беше пречекан од српскиот премиер Милош Вучевиќ. Двајцата лидери разговараа за зајакнување на билатералните односи и меѓусебната соработка.

Во рамките на посетата, Фицо се сретна и со српскиот претседател Александар Вучиќ во Палатата на Србија.

https://x.com/nationalindnews/status/1859560846671679546?s=46&t=vTyGSpkk2_wOQuFz-saisg

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк