Connect with us

Инфо +

Новата косовска претседателка зacтана во одбpaна на Македонија: За пpaшaњaта на идeнтитетот нe cмee да се пpeговapa

Published

on

Новоизбраната претседателка на Косово, Вјоса Османи, смета дека е преседан бугарското вето кон Македонија на патот кон ЕУ.

– Моја проценка, произлегува од фактот дека подолго време го следам процесот на интеграција на Западен Балкан, не треба да имаме такви случаи, кога прашањата се од историска природа, а проценките на историјата го блокираат напредокот на држава кон Европската унија. Затоа што кога е направена евалуација на реформите, проценката за извршувањето или исполнувањето на тие реформи се прави во сегашниот момент – изјавила новоизбраната преседателка на Косово, Вјоса Османи, во изјава за косовски медиуми во декември минатата година, додека била В.Д претседателка на Косово.

Според неа, граѓаните на Македонија не заслужуваат да им се изрече таква казна.

– Но, да се каже дека прашањата за идентитетот треба да бидат дел од вето за членство во Европската унија, и покрај реформите, мислам дека тоа е голема грешка, што им штети на граѓаните на Македонија кои не ја заслужуваат штетата што им е направена – изјави Османи.

Инаку, Вјоса Османи го презеде местото В.Д претседателка на Косово од денот кога Специјалниот суд го потврди обвинението против поранешниот претседател Хашим Тачи. Kосовскиот парламент на вонредна седница вчера, по три изборни круга со 71 глас за 12 воздржани и ниту еден против, и официјално ја избра Османи за претседател на Косово со петгодишен мандат.

Свет

Се огласи и руската страна: Лавров откри што се случувало во Суми во моментот на нападот

Published

on

Сергеј Лавров тврди: Русија има докази за присуство на западни команданти во Суми

Русија располага со информации дека во украинскиот град Суми, во моментот на ракетниот напад, се одржала средба меѓу украински воени претставници и нивни западни колеги, тврди рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Во интервју за руското издание „Комерсант“, Лавров изјави дека „Русија има прецизни податоци за тоа кој точно се наоѓал во објектот што беше погоден“. Според него, станува збор за „команден центар“ каде што биле присутни високи украински воени претставници заедно со западни сојузници, маскирани како платеници.

– Во објектот се одржувала средба на украинските воени лидери со нивните западни партнери. Станува збор за војници на НАТО кои биле директно вклучени во командување – изјави Лавров, додавајќи дека „ова го знаат сите“.

Од украинска страна, регионалната воена управа соопшти дека бројот на загинати граѓани во вчерашниот напад во Суми се искачи на 34, меѓу кои има и две деца. Дополнително, 120 лица се повредени, вклучително и 15 деца.

Овие изјави доаѓаат во чувствителен момент, кога Москва сè почесто го обвинува НАТО за директна вмешаност во војната во Украина, додека Западот официјално негира какво било учество во борбените операции.

Continue Reading

Свет

Целиот свет ја очекува одлуката на Путин за Украина и Русија: Ова е најважниот датум

Published

on

Судбината на мораториумот за напади врз енергетската инфраструктура зависи од Путин

Одлуката дали ќе се продолжи мораториумот за напади врз руските и украинските енергетски објекти ќе зависи од рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа ќе биде одлука на претседателот Путин“, рече Песков, одговарајќи на прашање на руската новинска агенција ТАСС во врска со тоа дали договорот ќе биде продолжен по истекот на 30-дневниот рок, кој завршува на 16 април.

Тој потсети дека, според Москва, украинската страна не го почитувала договорениот мораториум.

„Потребно е детално да се анализираат овие 30 дена. Веројатно ќе следува размена на информации и ставови со американската страна, а потоа ќе ја донесе одлуката врховниот командант, претседателот Путин“, изјави Песков.

Мораториумот беше договорен по телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп на 18 март, кога беше постигнат привремен договор за прекин на нападите врз клучната енергетска инфраструктура.

Како резултат на тоа, Путин му нареди на руското Министерство за одбрана да ги одложи нападите на украинските енергетски објекти за период од 30 дена. Истовремено, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да го поддржи предлогот за прекин на нападите.

Сепак, двете страни подоцна се обвинија меѓусебно за нарушување на договорот, што ја доведе во прашање иднината на мораториумот.

Continue Reading

Балкан

И нашиот сосед започнува сериозно да се вооружува

Published

on

Грција купува 16 француски противбродски ракети „Ексосет“ во рамки на одбранбената соработка со Франција

Грција официјално потпиша договор за набавка на 16 противбродски ракети од типот „Ексосет“ од Франција, соопшти денеска грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас.

Според агенцијата Ројтерс, договорот е потпишан во Атина од страна на министерот Дендијас и неговиот француски колега Себастиен Лекорни. Детали за вредноста на договорот сѐ уште не се објавени.

Оваа аквизиција е дел од пошироката одбранбена стратегија на Атина, која започна во 2021 година со потпишување на безбедносен пакт со Париз. Во рамки на таа соработка, Грција веќе договори набавка на три француски фрегати и повеќе од 20 борбени авиони од типот „Рафал“.

Покрај тоа, Атина најави планови за купување и четврта фрегата, како и крстосувачки ракети од Франција, во рамки на долгорочниот план за модернизација на вооружените сили.

Според грчките власти, во наредната деценија ќе бидат издвоени 25 милијарди евра за таа намена, со цел подобрување на одбранбените капацитети на земјата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк