Connect with us

Инфо +

Среде пандемија во Струмица свадба со 300 гости- во Тетово семејна веселба

Published

on

Во Струмица спречена свадба со 300 гости, додека пак во Тетово била спречена семејна прослава на која присуствувале 80 гости, а полицијата поднесе и кривични пријави против неколку лица.

„СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(57), А.И.(54) и Е.И.(26), сите од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.02.2021, пријавените во с.Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – хотел од Тетово и Д.С.(39) од с.Мала Речица, тетовско, како менаџер во хотелот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.03.2021 полициски службеници извршиле контрола во хотелот, при што било констатирано дека во него се организирала семејна веселба – свадба, каде имало 80 гости. Од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат локалот бил затворен, а Д.С. бил лишен од слобода и приведен во просториите на СВР Тетово за понатамошна постапка“ стои во полицискиот билтен.

Скопје

Посебен режим на сообраќај денес во Скопје

Published

on

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради одржување на меѓународниот фудбалски натпревар со почеток во 20:45 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Continue Reading

Македонија

Сања Божиновска: Средба со претседателот Алиев на COP29 за продлабочување на енергетската соработка

Published

on

Во рамки на официјалната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на COP29 во Баку, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Сања Божиновска, оствари продуктивна средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

Тема на разговор беше продлабочувањето на соработката во областа на енергетиката, со фокус на гасификацијата и интересот на Македонија за диверзификација на енергетските извори. Потврдена беше подготвеноста за заеднички проекти, што, во комбинација со неодамна потпишаниот меморандум, претставува значаен чекор кон подобрување на енергетската стабилност во Македонија.

Continue Reading

Македонија

Филков: Извештајот на Европската комисија е поттик за реформи во правосудството

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков, го оцени извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во правосудството како реален приказ на состојбите и важен поттик за спроведување на реформите. Во рамки на Развојната Секторска Стратегија за правосудство 2024-2028, Филков најави реконституирање на Советот за следење на имплементацијата на стратегијата како приоритет во наредниот период.

Од утре, Министерството за правда започнува со јавни стручни дебати за нацрт измените на Законот за Судскиот совет, што ќе претставува важен чекор за обезбедување транспарентност и инклузивност во процесите кои ја гарантираат независноста на правосудните институции. Дополнително, по осум години, Комората на вештаци конечно стана функционална со упис во Централниот регистар, што претставува значаен напредок за поголем интегритет и професионализам во правосудството.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк