Connect with us

Инфо +

Вечерва претрес кај сопственици на битолска фирма за одгледување марихуана

Published

on

Полицијата по налог на обвинителството вечерва врши претрес во фирма која има лиценца за производство на марихуана која поседува нива во Битола, брифираат извори во истрагата.

Фирмата е регистрирана на 25.09.2017-та година. Како сопственици се јавуваат Т. Г., српскиот државјанин С. И., П.П. и организацијата ССЗРИ ЛТД.

Фирмата е формирана во септември 2017 година само 3 месеци по доаѓање на власта на СДСМ а одлуката за давање согласност на Решението за давање на одобрение за одгледување на коноп за медицински цели на Друштво за производство, трговија и услуги со број 197/2017 е од 29.12.2017 а
влегува во сила на 30.12.2017 еден ден пред нова година.

Одобрението за одгледување на марихуана за битолската форма е дадено од ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА врз основа на ЗАКОН ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ Супстанции.

Засега нема потврда дали претресот во просториите на сопствениците на битолската фирма е поврзан со заплената на 200 килограми марихуана или се работи за друг сомнителен случај.

Свет

Путин во своето најново предупредување ја откри вистиската состојба на руската армија на фронтот: Воените аналитичари изненадени од зборовите на рускиот претседател

Published

on

Рускиот претседател Владимир Путин денеска јавно призна дека и покрај значителниот пораст на военото производство во изминатата година, Русија сè уште се соочува со недостиг од одредени видови оружје.

Говорејќи на состанокот на Државната воено-индустриска комисија, Путин посочи дека руската армија минатата година добила повеќе од 4.000 оклопни возила, 180 борбени авиони и хеликоптери, како и над 1,5 милиони дронови од различни типови. Сепак, според него, постојат сериозни недостатоци во снабдувањето со друга воена опрема.

„Свесен сум, како и многумина од вас овде, дека постојат сериозни дефицити кога станува збор за одредени видови оружје. Снабдувањето на нашите сили во зоната на специјалната воена операција останува апсолутен приоритет,“ изјави Путин, пренесе новинската агенција РИА Новости.

Изјавата доаѓа во време на сè поголем притисок врз руската воена машинерија, во услови на долготрајна и интензивна конфронтација на фронтот. Ваквото признание од врвот на руската власт дополнително ја потврдува сложеноста и оптовареноста на воената логистика во услови на активен конфликт.

Continue Reading

Балкан

Паника во Истанбул: Граѓаните на улица, властите предупредуваат на нови потреси

Published

on

По серијата земјотреси што го погодија Истанбул утрово, турските власти апелираат до граѓаните да не влегуваат во потенцијално оштетени згради и да користат мобилни телефони само во итни случаи.

Според министерот за внатрешни работи, Алије Јерликаја, тимовите за управување со катастрофи и вонредни состојби веќе започнале со проценка на штетите на терен.

Првите слики што пристигнуваат од Истанбул покажуваат вознемирени граѓани како во паника ги напуштаат зградите и се обидуваат да воспостават контакт со своите најблиски. Силниот земјотрес предизвика страв и евакуации низ целиот град.

Жителите на Истанбул се во шок по земјотресот. Селин Титер, била на работа во деловна зграда на европската страна од градот кога започнал земјотресот, пренесуваат медиумите.

На почетокот според изјавата, почувствувала како земјата се поместува под неа, исфрлајќи ја од рамнотежа. Потоа слушнала длабок татнеж, „како нешто да удираше одоздола“.

„Кога тоа се случи, многумина испаничија. Многумина почнаа да бегаат“, рече таа.

Таа додаде дека многу луѓе во Истанбул се многу претпазливи кога станува збор за земјотреси, особено по катастрофалните земјотреси од 2023 година во Турција и Сирија, кога загинаа 55.000 луѓе.

„Повеќето луѓе што живеат во Истанбул знаат дека се очекува голем земјотрес. Луѓето сега се прашуваат – дали ова беше претпотрес?“

Турската агенција за вонредни ситуации објави дека уште три земјотреси се регистрирани во населбата Бујукчемеџе во западниот дел на Истанбул. Поради огромниот број на пристапи до веб-страницата на агенцијата, системот привремено беше исклучен, а дополнителни информации се очекуваат во наредните часови.

Последователно, официјалната проценка на јачината на земјотресот беше намалена на 4,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓа во Мраморното Море во близина на Истанбул. Претходно беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 6,2 степени.

Министерот за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу, изјави дека нема пријавени штети на патиштата, железниците, аеродромите и линиите на метрото во Истанбул.

Истанбул, град со повеќе од 16 милиони жители, се наоѓа на Северноанадолскиот расед, познат по својата висока сеизмичка активност. Експертите со децении предупредуваат дека уште еден голем земјотрес е само прашање на време и дека илјадници лошо изградени згради, изградени за време на градежниот бум, се главната причина за потенцијални трагедии.

Медиумите потсетуваат дека Истанбул неколку пати низ историјата бил погоден од разорни земјотреси. Најстрашниот во историјата се случил во 1509 година и е познат како „мала апокалипса“.

Се апелира до граѓаните да бидат максимално внимателни и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби.

Continue Reading

Свет

Пропаднаа мировните преговори за Украина во Лондон!?

Published

on

Одложени се мировните преговори за Украина кои денеска требаше да се одржат во Лондон.

Неколку министри за надворешни работи најавија дека ќе остуствуваат, соопшти британското Министерство за надворешни работи, иако разговорите на „официјално ниво“ ќе продолжат.

„Со ова се потврдува дека состанокот на мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи се одложува денеска.

Разговорите на официјално ниво ќе продолжат, но тие се затворени за медиумите“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Состанокот ќе се одржи не само без американскиот државен секретар Марко Рубио, туку веројатно и без министрите за надворешни работи на Франција и Германија, пренесува Sky News.

Според „Скај њуз“, откако беше објавено дека Рубио не доаѓа, се чини дека и Париз и Берлин се откажале од испраќање на свои министри.

Во меѓувреме, американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог, ќе учествува на дискусиите во Лондон со високи претставници од Франција и Германија. Се известува и дека во Лондон доаѓа и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха и ќе има билатерална средба со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

Претходно беше објавено дека американскиот државен секретар Марко Рубио, кој требаше да пристигне во Лондон на средба со министрите за надворешни работи на Украина, Франција и Германија, го откажал патувањето.

Намалувањето на рејтингот на дипломатските преговори доаѓа во време на зголемен притисок од американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим врз Киев и Москва да постигнат прекин на огнот.

Американскиот мировен предлог за кој ќе се разговара во Лондон предвидува американско признавање на илегалната руска анексија на Крим.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно одговори дека Украина нема законски да ја признае окупацијата на Крим бидејќи тоа е забрането со устав.

Соединетите Држави и поднесоа на Украина таканаречен конечен мировен предлог со кој Крим ќе се признае како дел од Русија и неформално ќе се признае руската контрола врз речиси сите територии окупирани од почетокот на инвазијата во 2022 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк