Connect with us

Инфо +

Малта планира да им даде на туристите по 200 евра ако останат три дена

Со цел да ја оживее својата туристичка индустрија, Малта планира да им понуди на странските посетители до 200 евра доколку летово останат најмалку три дена на медитеранскиот остров, изјави министерот за туризам Клејтон Бартоло.

Бартоло рече дека кога повеќето антипандемиски мерки ќе бидат укинати до 1 јуни, на туристите кои ќе резервираат летни одмори директно преку локалните хотели, ќе им бидат дадени пари.

Бартоло рече дека туристите кои ќе резервираат сместување во хотел со пет sвезди во текот на летото, ќе добијат 100 евра од туристичката администрација на Малта, а хотелот ќе додаде уште 100.

Во сличен аранжман, оние што ќе се определат за хотел со четири ѕвезди, ќе добијат вкупно 150 евра, а оние кои ќе резервираат хотел со три sвезди, 100 евра.

Податоците на Светскиот совет за патувања и туризам покажуваат дека туристичката индустрија директно и индиректно сочинува повеќе од 27 проценти од економијата на Малта, но тој сектор бил загрозен од пандемијата COVID-19.

Земјата привлече повеќе од 2,7 милиони странски посетители во 2019 година, но бројките се намалија за повеќе од 80 проценти од почетокот на пандемијата на вирусот корона во март 2020 година.

Свет

Пожар го проголта пазарот во Санкт Петербург, има повредени

Голем пожар избувна на пазарот Правобережни во Невскиот округ во Санкт Петербург, зафаќајќи го целиот пазарен комплекс. Снимки од воздух покажуваат дека пламените јазици брзо се прошириле по целата должина на објектот, придружени со густ столб црн чад.

Пожарникарските екипи интервенираат на главниот влез, а според Министерството за вонредни ситуации, до 19:00 часот по локално време огнот се проширил на околу 300 квадратни метри. Настанот е класифициран како ниво два – повисока категорија на опасност. На терен се распоредени шест противпожарни возила и триесет пожарникари.

Според сведоштва на вработени, пожарот започнал на вториот кат, каде прво „нешто почнало да искри“, по што просторот брзо се исполнол со густ чад и луѓето во паника излегле надвор. Очевидци велат дека се слушнале и неколку експлозии.

Општинското обвинителство ги истражува причините за несреќата, а руските медиуми пренесуваат дека две лица се повредени.

Continue Reading

Балкан

Илјадници граѓани на протест во Софија – Дали ќе падне владата?

Софија, 10 декември 2025 – Илјадници граѓани денеска се собраа во триаголникот на власта во Софија на протест под мотото „Пеевски и Борисов надвор од власта“. Демонстрантите ја искажаа својата незадоволство со скандирање „Оставка“.

Денот започна со долга парламентарна дебата, која траеше повеќе од четири часа, за гласањето за недоверба на владата поднесено од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“. Од дискусиите стана јасно дека четирите партии кои ја поддржуваат владата ќе гласаат против нејзиното соборување.

Протестите се очекува да се прошрат во најмалку 35 градови во Бугарија и во странство. Студентите од Националната академија за театар и филмска уметност (НАТФА) и од Софискиот универзитет блокираа дел од улицата Раковски, додека студентите од Правниот факултет се собраа пред главниот кампус на Универзитетот.

Во главниот град, околу 150 редари во рефлектирачки елеци го следат текот на демонстрациите на повеќе од 40 локации во радиус од 500 метри.

На сцената на протестот, водителот со иронија се обрати до Делјан Пеевски, кој е санкциониран за корупција, посочувајќи на контрадемонстрациите на „ДПС-Нов почеток“ под слоганот „Не на омразата“.

„Сорос нè прати мене и тебе да ги лажеме сите за тоа колку е лошо тоа што го гледаме секоја вечер… Дали знаеме што правиме тука? Вчера видовме луѓе на други протести кои веројатно не беа многу сигурни што прават таму“, рече тој пред присутните.

Continue Reading

Свет

Кина изврши смртна казна врз поранешен директор за корупција

Кина го погуби Баи Тианхуи, поранешниот генерален директор на компанијата „Чајна Хуаронг Интернешнл Холдингс Лтд.“, осуден за примање мито во износ од 156 милиони долари. Егзекуцијата се изврши во градот Тјанџин по одобрување од Врховниот народен суд, јавува државната агенција „Синхуа“.

Со пресудата од мај 2024 година, Баи беше осуден на смрт, му беа одземени политичките права доживотно, а неговиот имот и нелегално стекнати профити беа конфискувани и вратени во државната каса. Врховниот суд го потврди решението на Вишиот народен суд Тјанџин, оценувајќи ги злосторствата на Баи како особено сериозни.

Баи имаше право на средба со своите роднини пред егзекуцијата, а неговата активност за примање мито се однесува на периодот од 2014 до 2018 година, кога незаконски стекнал 1,108 милијарди јуани (приближно 157 милиони долари).

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг