Connect with us

Инфо +

Скафандер пратеничката добила одобрение од лекари за да оди да гласа

Published

on

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска тврди дека не направила кривично дело со вчерашното доаѓање во Собранието, иако е во изолација поради КОВИД-19.

Костадиновска Стојчевска во вечерашното гостување на ТВ 24 истакна дека е асимтпоматска, дека за да присуствува во законодавниот дом добила одобрение од лекари и дека притоа ги испочитувала сите протоколи. Пристигнала, повтори, со приватно амбулантно возило кое сама го платила, а заедно со колегата пратеник кој исто така дојде во скафандер, се движеле низ посебни ходници и воопшто не влегле во собрабиската сала, туку гласале од посебни кабини.

Пратеничката најави дека ќе одговори на секоја кривична пријава, и од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица, но и дека ќе поднесе кривични пријави во однос на нивното работење. Ќе им ги испрати, дополни, и сите скринови од лажните профили од кои, како што рече, добивала закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство.

Сакав да присуствувам на седницата зашто не се работи за мене или за Мицевски, туку за граѓаните кои го чекаат петтиот пакет мерки повеќе од два месеца. Нема кршење на ниту еден закон, не се движевме сами, бевме придружувани и одевме по сосема поинаков пат од другите пратеници. Не влеговме во собраниската сала, бевме во посебни кабини. Не излегов во полициски час како Стоилковски да си купам бурек, туку во време кога ми беше дозволено од лекарски надзор. Не облеков скафандер за да се прошетам на корзо во Битола, туку за да гласам и веднаш се вратив назад. Дојдовме по свое убедување, не бевме приморани. Избрани сме од народот и кога ќе почувствуваме дека сме во можност да присуствуваме во Собранието, ќе бидеме таму макар и под посебни протколи, објасни Костадиновска Стојчевска и додаде дека уште 24 часа е во самоизолација.

Според неа, колегите од опозицијата не го цитирале делот од Кривичниот законик кој вели дека ниту еден прекршок не е казнив со закон ако се работи за јавен интерес.

-Ќе одговорам на секоја кривична пријава, но и ќе возвратам со кривична пријава до колегите од ВМРО-ДПМНЕ зашто доаѓаат на работа, а седат по канцеларии наместо да ја извршуваат работата, додека пратениците од Левица се појавуваат десет минути неделно на едно процедурално од кое прават театар и си одат, напомена Костадиновска Стојчевска.

Свет

Хамас: “Подготвени сме за целосен крај, но под одредени услови”

Published

on

Хамас подготвен да ги ослободи сите израелски заложници во замена за крај на војната во Газа

Висок претставник на Хамас изјави дека организацијата е подготвена да ги ослободи сите израелски заложници, доколку добие гаранции дека Израел ќе го прекине воениот конфликт во Појасот Газа и ќе ги повлече своите сили.

Оваа изјава доаѓа откако делегација на Хамас викендов отпатува во Каиро на разговори со египетски и катарски посредници, поддржани од САД, за можно примирје.

– Подготвени сме да ги ослободиме сите израелски заложници како дел од вистински договор за размена, во замена за крај на војната, повлекување на израелските сили од Газа и непречен влез на хуманитарна помош – изјави Тахер ал-Нуну за AFP, еден од високите претставници на Хамас.

Тој го обвини Израел дека го блокира напредокот кон договор и додаде дека Хамас бара цврсти гаранции за почитување на евентуален договор. Според него, Израел не ја исполнил својата обврска за примирје и го продолжил конфликтот.

Во меѓувреме, израелскиот новински портал Ynet објави дека Хамас добил нов предлог што вклучува ослободување на десет живи заложници во замена за американски гаранции дека Израел ќе пристапи кон следна фаза од примирјето.

Првата фаза од прекинот на огнот (јануари–март 2025) овозможи ослободување на 33 заложници, вклучувајќи и осум загинати, во замена за околу 1.800 палестински затвореници.

Семејствата на заложниците во Израел се против фазен пристап и бараат итно и целосно ослободување на сите. „Државата Израел има обврска да ги врати сите – сега и одеднаш“, се наведува во нивното соопштение.

Ал-Нуну исто така истакна дека Хамас нема да прифати услови за разоружување. „Оружјето на отпорот не е тема за преговори“, рече тој.

Воениот конфликт започна на 7 октомври 2023 година со напад на Хамас врз јужен Израел, во кој загинаа 1.218 лица, според податоци на израелските власти. Израелската армија информира дека 58 заложници сè уште се наоѓаат во Газа, од кои 34 се загинати.

Според Министерството за здравство на Хамас, бројот на загинати во Газа од продолжувањето на израелските напади на 18 март изнесува најмалку 1.574, со што вкупниот број на жртви од почетокот на конфликтот достигна 50.944.

Continue Reading

Балкан

Силен земјотрес регистриран во Романија

Published

on

Земјотрес со јачина од 4,1 степени регистриран во источна Романија

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес, понеделник, 14 април 2025 година, во 18:57 часот во источниот дел на Романија, во близина на градот Брашов.

Според досега достапните информации, епицентарот на потресот бил лоциран на координати 45.7136 степени географска ширина и 26.7131 степени географска должина.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу 140 километри под површината на земјата.

Засега нема пријави за материјални штети или повредени лица, а надлежните служби внимателно ја следат ситуацијата, јавува српски Телеграф.

Continue Reading

Свет

Разочарувачка статистика: Јапонија со рекорден пад на населението

Published

on

Јапонија со рекорден пад на населението – најниски бројки од 1950 година

Бројот на жители во Јапонија паднал на 123,8 милиони во октомври 2024 година, што е за 550.000 помалку во споредба со претходната година, покажуваат официјалните податоци објавени во понеделникот. Ова е 14-та година по ред со намалување на населението, што претставува најголем годишен пад досега откако Владата започна со споредливи мерења во 1950 година, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Ако се исклучи бројот на странци, падот е уште поизразен – населението со јапонско државјанство брои 120,3 милиони, што е намалување за 898.000 луѓе.

Јапонија се соочува со една од најниските стапки на наталитет во светот, што доведува до сериозни последици – намалена работна сила, ослабена потрошувачка и потешкотии за компаниите при вработување.

„Стапката на наталитет продолжува да опаѓа затоа што многу луѓе кои сакаат да имаат деца не можат да ги остварат своите желби“, изјави владиниот портпарол Јошимаса Хајаши.

Многу млади Јапонци го одложуваат бракот и раѓањето деца, делумно поради економската несигурност, но и поради промените во општествените вредности кои сè помалку го нагласуваат семејството и бракот како приоритет.

Иако Токио започна да се потпира на млади странски работници, имиграционата политика останува строга и дозволува нивен влез само на привремена основа. Владата, исто така, работи на зголемување на платите за младите и на подобрување на условите за воспитување деца.

„Ќе спроведеме сеопфатни мерки за да создадеме општество во кое сите кои сакаат да имаат деца ќе можат да го сторат тоа и да ги одгледуваат во мир и стабилност“, рече Хајаши.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк