Connect with us

Инфо +

Водителката од „Работна акција“ уапсена со нејзината екипа додека снимале нови епизоди

Published

on

Водителката Тамара Грујиќ која јавноста ја знае по емисиите во кои таа и нејзината екипа уредуваат домови на луѓе со пониски приходи, била приведена.

Во соопштението од Канцеларијата за Косово и Метохија, се наведува дека Тамара и нејзината екипа неколку часа се во полициска станица и дека не направиле никакво кривично дело туку снимале неколку јавни локации за потребите на емисијата.

„Тамара и нејзината екипа неколку часа се во полициска станица не затоа што направиле кривично дело туку затоа што снимиле неколку локации за потребите на емисијата“ пишува во соопштението.

Како што нагласува директорот, Тамара заедно со својот тим работеле на реновирање на куќи за социјални загрозени Срби на Косово и Метохија.

„Во склоп на тие активности, сакаше да го снима мостот на браќа Војиновиќ и стариот град Каљај. Меѓутоа, во таа прилика полицијата ги приведе“.

„Се бара Тамара и нејзината екипа веднаш да бидат пуштени на слобода и да им биде овозможено да си ја работат работата. За нивното апсење без причина ги известивме и меѓународните претставници во покраината, а очекуваме и рекација на сите медиумски здруженија.

По тој повод се огласи и Тамара Грујиќ.

„Имавме мала непријатна ситуација, важно е дека се е во ред и може да продолжиме со снимање“, изјави водителката – пренесоа медиумите во Србија.

Балкан

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија

Published

on

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, соопшти дека со олеснување ја повлекува својата кандидатура за премиер на Бугарија, јави БТА. – Не сакам веќе да се занимавам со оваа разрушена држава.

Категорично ја повлекувам кандидатурата. Чекаме премиер со еквидистанца, изјави Борисов на прес-конференција, додавајќи дека веднаш ќе го врати мандатот кога ќе го добие.
– Ги добивме неопходните одговори и тие покажуваат дека во мене не гледаат добар лидер или премиер, објасни Борисов, осврнувајќи се на ставот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“.

Тој истакна дека нема да се занимава со проблемите кои, како што рече, биле создадени во последните четири години. – Говорат за премиер со политика на еквидистанца.

Кажете го тоа име, јас сакам да се натпреварувам со него. Зошто не го ставија името на маса? Но никој не кажува кој е, нагласи Борисов.

Извршниот комитет на ГЕРБ вчера ја потврди претходното одлука дека лидерски преговори ќе се одржат само доколку се водат за формирање мнозинство и редовна влада.

Continue Reading

Скопје

Ќе има ли новогодишно украсување на Скопје: Арсовска на прашањето

Published

on

Минатата година скопјани се изначекаа за да го видат главниот град украсен во новогодишно руво, бидејќи елката и оскудните украси во центарот на Скопје се поставија само 10 дена пред дочекот на новата година.

Поради големиот број реакции на граѓаните, градоначалничката Данела Арсовска, тогаш изјави дека нареднава година со време ќе го почне процесот на украсување на градот.

На денешната прес конференција Арсовска покрај другото одговори дека постапките за новогодишното украсување на главниот град се започнати и наредната недела ќе има повеќе информации.

Останува да видиме дали навистина оваа година навреме ќе биде украсен градот или повторно ќе остане неосветлен и последни ќе ја накитиме новогодишната елка.

Continue Reading

Македонија

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Published

on

Во 13 контролни акции на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица изречени се мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање на патна такса.

„Јавното претрпијатие за државни патишта презема активни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, и во таа насока во соработка со Министерството за внатрешни работи и Инспекторатот за транспорт и сообраќај изминатиов период беа организирани 13 контролни акции. Инспекторите за транспорт со асистенција од МВР спроведоа контроли на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица при што беа изречени мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање на патна такса. Напоменуваме дека и во периодот што следи ќе продолжиме со зајакнати контроли на секоја рампа на Коридорите 8 и 10“, велат од ЈПДП.

Воедно, ЈПДП побарало поголема ангажираност и од страна на стручните служби, поточно од контролорите во Контролниот центар, за преземање поактивни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, како и процесирање на избегнувањето плаќање преку соодветно фактурирање и достава на Фактури за ненаплатена патарина до корисниците на автопатски услуги кои не плаќаат патарина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк