Connect with us

Инфо +

Семејството во очaј: Месец дена нема ни трага ни глас од исчезнатиот Ислам Лумани

Еден месец солзите на семејството Лумани од преспанско Крани никако да престанат. Нивниот 27 годишен син Ислам, на 21 март исчезнал без никаква трага. Паркираниот автомобил и трагите од неговите чевли се пронајдени во кампот Крани во близина на езерото. Од тој ден жителите, полицијата и професионалните нуркачи се во потрага без прекин, но нема никаков резултат.

Семејството сѐ уште има надеж. Со оглед на тоа дека не е пронајден во езерото, се надеваат дека еден ден нивниот син ќе се врати здрав и жив.

Таткото на Ислам низ солзи апелира доколку некој го види или доколку Ислам го следи овој прилог, да се јави и да каже дека е добро.

„Помина повеќе од месец дена откако исчезна нашиот син и немаме никаква трага, контакт, ништо. Не знаеме дали е жив или не, го бараме кај езерото скоро секој ден, со чамци, нуркачи. На земја скоро секој ден бараме, на планина, но нема никаква трага. Доколку се наоѓа некаде и слуша, нека се јави само да знаеме дали е жив“, истакна Насер Лумани, татко на исчезнатиот.

Жителите на Крани, кои се во потрага по него секој ден во планините, езерото и полиња, се уште не се навикнати дека го нема Ислам. Велат дека нема да запрат додека не го пронајдат.

„Баравме под вода, целото езеро го побаравме, отидовме до границата со Албанија и Грција со надеж да не го исфрлила водата некаде, но никаде не е пронајдена никаква трага од Ислам. Апелирам до сите жители доколку знаат нешто да не информираат, да имаат малку милост кон родителите, неговиот татко и мајка“, изјави жител од селото.

ТВ21 контактираше и со Обвинителството во Преспа. Оттаму ни беше кажано дека работат на овој случај и дека досега нема никакви индиции дека се рабити за убиство. Ислам го оставил телефонот кога ја напуштил куќата, па полициските инспектори го испратиле телефонот во Обвинителство. Но, иако помина еден месец, од Обвинителството ни рекоа дека сè уште не го провериле телефонот и дека чекаат список на телефонски разговори од операторот, за да видат кои се луѓето со кои последно искомјницирал.

Иако е исчезнат од 21 март, на веб страната на МВР, Ислам Лимани се уште не фигурира на списокот на исчезнати лица.

Свет

Кина изврши смртна казна врз поранешен директор за корупција

Кина го погуби Баи Тианхуи, поранешниот генерален директор на компанијата „Чајна Хуаронг Интернешнл Холдингс Лтд.“, осуден за примање мито во износ од 156 милиони долари. Егзекуцијата се изврши во градот Тјанџин по одобрување од Врховниот народен суд, јавува државната агенција „Синхуа“.

Со пресудата од мај 2024 година, Баи беше осуден на смрт, му беа одземени политичките права доживотно, а неговиот имот и нелегално стекнати профити беа конфискувани и вратени во државната каса. Врховниот суд го потврди решението на Вишиот народен суд Тјанџин, оценувајќи ги злосторствата на Баи како особено сериозни.

Баи имаше право на средба со своите роднини пред егзекуцијата, а неговата активност за примање мито се однесува на периодот од 2014 до 2018 година, кога незаконски стекнал 1,108 милијарди јуани (приближно 157 милиони долари).

Continue Reading

Балкан

Уапсен осомничениот за двојното убиство во Никшиќ

Полициски службеници од Регионалниот безбедносен центар „Југ“ и Одделот за безбедност Бар, во соработка со Секторот за гранична полиција, ја лоцираа и уапсија лицето осомничено за двојното убиство во Никшиќ, соопшти полицијата.

Осомничениот, Лазар Вулевиќ, беше пронајден во изолиран објект во Бар со помош на полициско куче и приведен во краток рок. Тој ќе биде предаден на Вишото државно обвинителство во Подгорица за понатамошна постапка со кривична пријава во законскиот рок.

Continue Reading

Свет

Голема трагедија во Мароко: Спасувачи трагaат по преживеани под урнатините

Во населбата Ал Мостакбал ал Масира во округот Зуага, Фес, станбени згради се урнаа ноќта помеѓу 9 и 10 декември, при што голем број жители останаа заробени под урнатините, објави мароканската новинска агенција МАП.

Локалните власти ги повикаа граѓаните да се држат подалеку од нестабилни згради и да пријавуваат структурни оштетувања. Спасувачките екипи интензивно работат на расчистување на урнатините во потрага по преживеани, а на социјалните мрежи се појавија видеа од операциите.

Семејствата кои останаа без дом ќе добијат итно сместување и помош, додека загриженоста за безбедноста на постарите работнички населби во Фес повторно се зголеми. Уривањето на дотраени згради не е невообичаено во Мароко, што дополнително ја потенцира потребата од итни реконструкции.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг