Connect with us

Инфо +

Просечна плата од 27 948 денари, за просечната сиромаштија ?

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, февруари 2021 година

среда, 21 април 2021

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (10.1 %), Други услужни дејности (8.2 %) и Рударство и вадење на камен (7.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.0 %), Уметност, забава и рекреација (6.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4.1 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27 948 денари.

Advertisement

Балкан

Хрватскиот парламент изгласа центар за нуклеарен отпад во чувствително подрачје

Хрватскиот Сабор денеска го усвои Законот за изградба на Центар за отстранување на радиоактивен отпад на подрачјето Трговска Гора, на самата граница со Босна и Херцеговина. За законот гласаа 77 пратеници, 21 беше против, додека 36 пратеници останаа воздржани.

Со оваа одлука, Хрватска формално го отвори патот за реализација на проект што со години предизвикува остри реакции и загриженост во Босна и Херцеговина. Властите и експертите од БиХ континуирано предупредуваат дека локацијата претставува сериозна закана за здравјето на стотици илјади жители, како и за водата, почвата и животната средина во поширокиот регион.

И покрај апелите од Сараево и предупредувањата за висок ризик од контаминација, хрватските власти решија радиоактивниот отпад да се складира на подрачјето на општина Двор, во непосредна близина на границата со БиХ. Прашањето за Трговска Гора како потенцијална локација за нуклеарен отпад е присутно уште од 1990-тите години, но институциите на БиХ поинтензивно се вклучија во овој проблем во последните пет години.

Според плановите на Хрватска, центарот за складирање на нуклеарен отпад треба да биде ставен во функција до 2028 година. Локацијата се наоѓа на само неколку стотини метри од куќи, училишта, земјоделски површини и извори на вода за пиење, од кои зависат повеќе од 250.000 жители во сливот на реката Уна.

Експертите предупредуваат дека покрај директните здравствени ризици, постои сериозна опасност и за заштитеното подрачје на реката Уна, кое може трајно да биде загрозено. Дополнителна загриженост предизвикува фактот што Хрватска сè уште нема завршено целосна студија за влијанието врз животната средина, а Босна и Херцеговина не е вклучена во процесот на истражување.

И покрај тоа, работите на терен веќе се во тек. Од јуни годинава, на локацијата на поранешниот воен складишен комплекс Черкезовац се изведуваат активности за уривање на постојните објекти, подготовка на теренот и обработка на градежен и земјен материјал.

Continue Reading

Европа

Аеродромот во Стразбур под блокада поради сомнителен куфер – во авионот патувале и европратеници

На аеродромот во Стразбур се одвиваше вистинска драма денес, кога патниците на авионот на авиокомпанијата ТАРОМ, меѓу кои и неколкумина членови на Европскиот парламент, беа принудени да останат затворени во леталото цели 40 минути поради сомнителен куфер пронајден во близина на пистата.

Авионот, кој полета во 9 часот наутро од Букурешт, слета помеѓу 10 и 11 часот по локално време. Веднаш по пристигнувањето, на патниците им беше соопштено дека нема да им биде дозволено да се симнат од строги безбедносни причини.

Напнатоста кулминираше кога еден дел од аеродромскиот терминал беше целосно блокиран откако службите открија неидентификуван куфер. Следеше брза реакција на безбедносните власти, кои спроведоа детален преглед на сомнителниот багаж во текот на критичните десетици минути, како што јави Диги 24.

По 40-минутното мачно чекање и безбедносното испитување, олеснувањето конечно пристигна: се покажа дека станува збор за безопасен заборавен багаж. Аеродромот веднаш беше отворен, а заложниците од авионот, вклучувајќи ги и високите функционери на ЕУ, можеа да излезат од авионот.

Инцидентот уште еднаш ја нагласи крајната сериозност со која аеродромските власти пристапуваат кон секоја безбедносна закана, дури и кога зад неа стои обична негрижа.

Continue Reading

Европа

Вработените во „Лувр“ во штрајк – вратите на музејот затворени од раните утрински часови

Музејот „Лувр“, културното срце на Париз и дом на светски ремек-дела, денеска останува со катанци на вратите. Причината е едногласен штрајк на вработените, кои кренаа глас против катастрофалните услови за работа и хроничниот недостиг на средства.

Утрово, додека првите туристи се собираа пред велелепното здание, најмалку 400 вработени одржаа Генерално собрание. Повикот за бојкот на синдикатот беше драматично прифатен едногласно кратко по 10 часот, потврдува денешен „Монде“.

„Се подготвуваме за силна мобилизација. Ќе имаме многу повеќе штрајкувачи од вообичаено“, изјави Кристијан Галани од ЦГТ, мнозинскиот синдикат во „Лувр“.

Неколку десетици разочарани туристи залудно чекаа пред влезот, за да бидат вратени од вработените со порака да не се враќаат пред пладне, пренесе „БФМ“ телевизијата.

Состојбата е алармантна. Вработените со својот штрајк ги истакнуваат не само лошите услови за работа, туку и погорчливото искуство што го имаат посетителите.

Администрацијата на Музејот сега трескавично брои кој не штрајкува, разгледувајќи ја можноста барем делумно да го отвори комплексот. Но, со ваква силна мобилизација, целосно затворање на „Лувр“ е реална опасност.

Барањата на синдикатите го тресат и Министерството за култура. Изминатата недела се одржаа итни состаноци, вклучувајќи го и министерот, со цел да се избегне срамното затворање токму пред божиќните празници.

Француските медиуми пренесуваат дека министерот ветил целосно поништување на планираното намалување од 5,7 милиони евра на државното финансирање за 2026 година – огромен пресврт, издејствуван со заканата од штрајк.

Покрај финансиската криза (Музејот доби 98,2 милиони евра државни субвенции во 2024 г.), управата се соочува и со горливи прашања за катастрофалните безбедносни пропусти што им овозможија на крадците на 19 октомври да украдат осум скапоцени предмети, кои сè уште се водат како исчезнати.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг