Погрешни, избрзани и самоглави политики во македонското образование по секоја цена турка ресорната министерка, Мила Царовска. Но, кај македонските граѓани веќе не поминува самоволието на министерката во однос на образованието и тие ќе се мобилизираат и обединуваат со цел да пружат отпор кон министерските одлуки.
Последната идеја на министерката да се укинат печатените учебници со дигитални за учениците од четврто до деветто одделение и за средношколците ја прелија чашата на трпението на македонските граѓани, особено на родителите на оваа категорија ученици.
Место со протест на улица, поради лошата епидемиолошка состојба со корона вирусот, граѓаните ги користат виртуелните алатки преку кои го изразуваат незадоволството и револтот.
Имено, откако одлуката беше објавена родители самоиницијативно се организираа преку социјалните мрежи, така што за нешто повеќе од два дена преку група на Фејсбук насловена „Учебници и настава мора да има“, зачленети се скоро 62 илјади. Преку Фејсбук групата граѓаните бараат министерката Царовска да се откаже од идејата за укинување на класичните, хартиени печатени учебници и место нив воведување на дигитални.
Граѓаните одат до таму што бараат и нејзина оставка затоа што, како со оваа одлука така и со досегашните политики кои ги примени во образованието предизвика сериозни и непоправливи штети во образовниот процес на учениците. Самоорганизираните граѓани во групата пишуваат дека ако никој не ги земе во предвид нивните забелешки кои ги споделуваат преку интернет, ќе бидат принудени револтот да го изразат со протест на улица.
Освен Фејсбук грубата, граѓаните или родителите покренаа и онлајн петиција на која се собираат потписи со која бараат од септември да има учебници и настава од училишните клупи. Таргетот кој го имаат поставено е 25 илјади граѓани, но, на петицијата за само неколку часа се потпишале околу 16 илјади граѓани и состојбата со потписите се менува од минута во минута.
„Согласно незадоволството на родителите за укинување на печатените учебници и најавата за евентуално продолжување на онлајн наставата од Септември 2021 година, ја формираме оваа петиција. Потпишете ја што помасовно! Од септември во училишни клупи и со печатени учебници! Ако не реагираме сега, ќе имаме уште една изгубена година за нашите деца!“, стои на онлајн петицијата.
Освен укинување на одлуката за укинување на печатените и воведување на дигитални учебници, родителите бараат и враќање на сите ученици во училишните клупи од наредната учебна година, односно од септември месец.
Имено, настава со физичко присуство во Македонија следат само учениците до трето одделение, а повисоките одделенија, средношколците и студентите настава следат онлајн преку интернет. А, Македонија е единствена земја во регионот што за повисоките одделенија ги затвори училишните врати, додека соседните земји или сите ученици следат настава од училиште или пак ротационо, една недела следат настава од училиште, една недела следат онлајн.
Од друга страна се поставува прашањето, зошто министерката Мила Царовска привремено не ги затвори сите училишта имајќи го во предвид тоа што новата британска мутација серозно ги напаѓа и децата така што и кај нив се развива тешка клиничка слика
Кина изврши смртна казна врз поранешен директор за корупција
Кина го погуби Баи Тианхуи, поранешниот генерален директор на компанијата „Чајна Хуаронг Интернешнл Холдингс Лтд.“, осуден за примање мито во износ од 156 милиони долари. Егзекуцијата се изврши во градот Тјанџин по одобрување од Врховниот народен суд, јавува државната агенција „Синхуа“.
Со пресудата од мај 2024 година, Баи беше осуден на смрт, му беа одземени политичките права доживотно, а неговиот имот и нелегално стекнати профити беа конфискувани и вратени во државната каса. Врховниот суд го потврди решението на Вишиот народен суд Тјанџин, оценувајќи ги злосторствата на Баи како особено сериозни.
Баи имаше право на средба со своите роднини пред егзекуцијата, а неговата активност за примање мито се однесува на периодот од 2014 до 2018 година, кога незаконски стекнал 1,108 милијарди јуани (приближно 157 милиони долари).
Полициски службеници од Регионалниот безбедносен центар „Југ“ и Одделот за безбедност Бар, во соработка со Секторот за гранична полиција, ја лоцираа и уапсија лицето осомничено за двојното убиство во Никшиќ, соопшти полицијата.
Осомничениот, Лазар Вулевиќ, беше пронајден во изолиран објект во Бар со помош на полициско куче и приведен во краток рок. Тој ќе биде предаден на Вишото државно обвинителство во Подгорица за понатамошна постапка со кривична пријава во законскиот рок.
Голема трагедија во Мароко: Спасувачи трагaат по преживеани под урнатините
Во населбата Ал Мостакбал ал Масира во округот Зуага, Фес, станбени згради се урнаа ноќта помеѓу 9 и 10 декември, при што голем број жители останаа заробени под урнатините, објави мароканската новинска агенција МАП.
Локалните власти ги повикаа граѓаните да се држат подалеку од нестабилни згради и да пријавуваат структурни оштетувања. Спасувачките екипи интензивно работат на расчистување на урнатините во потрага по преживеани, а на социјалните мрежи се појавија видеа од операциите.
Семејствата кои останаа без дом ќе добијат итно сместување и помош, додека загриженоста за безбедноста на постарите работнички населби во Фес повторно се зголеми. Уривањето на дотраени згради не е невообичаено во Мароко, што дополнително ја потенцира потребата од итни реконструкции.