Connect with us

Инфо +

Boзнемирувачко видeo: Пpeтепaa дете во автобус на ЈСП и се снимaa на Тик Ток

Published

on

Профилот „Две ѕвезди“ на Твитер редовно споделува вознемирувачи видеа на социјалната мрежа поврзани со кривични дел снимени и објавени на Тик Ток.

Последното видео објавено од профилот покажува напад врз малолетник во автобус на ЈСП додека други снимаат, во истото видео има и дел посветен на полицаец кој среде работно време во униформа игра на апарати во казино.

Погледнете:

-Додека некој тепа деца во автобус на ЈСП(видео 1),други си играат на казино апарати со униформи(видео 2). Јасна слика за напредни стандарди.

Свет

Трамп откри дека му се лути на Путин: Испрати и сериозна порака до рускиот претседател

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе секундарни царини од 25 до 50 проценти на целата руска нафта, ако почувствува дека Москва ги попречува неговите напори за ставање крај на војната во Украина. Овие царини може да стапат на сила во рок од еден месец, доколку не дојде до прекин на огнот.

Во интервју за „Ен Би Си Њуз“, Трамп изрази незадоволство и гнев кога рускиот претседател Владимир Путин го критикувал кредибилитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп истакна дека планира да разговара со Путин оваа недела.

Трамп, кој во текот на својата претседателска кампања за 2024 година постојано ветуваше дека ќе стави крај на, како што ја нарекува, “смешната војна” во Украина, беше силно фокусиран на ова прашање по неговото преземање на функцијата на 20 јануари. Тој повеќе пати побара нови избори во Украина и во еден момент го нарече Зеленски диктатор.

Во петокот, Путин предложи Украина да биде ставена под привремена администрација за да се овозможат нови избори и потпишување важни договори.

„Ако Русија и ние не можеме да постигнеме договор за прекин на крвопролевањето во Украина, и ако верувам дека Русија е виновна за тоа, ќе воведам секундарни царини за руската нафта“, изјави Трамп. „Тоа значи дека ако купувате нафта од Русија, нема да можете да работите во САД“, додаде тој.

Трамп напомена дека царините ќе стапат на сила во рок од еден месец доколку не се постигне договор за прекин на огнот. Тој исто така нагласи дека иако е лут на Путин, имаат добри односи и дека неговата лутината ќе се смири ако Путин ја направи „правилната работа“.

Continue Reading

Балкан

Амабсадорот на САД во Белград ги крстил своите кучиња “РАКИЈА” и “ПИВО”

Published

on

Марк Брнович беше предложен од американскиот претседател Доналд Трамп за амбасадор на САД во Србија. Брнович изјави дека отсекогаш имал сон народите од Балканот да имаат претставник во Вашингтон, како дел од неговата визија за подобрување на врските меѓу регионот и САД.

Новиот амбасадор на САД во Србија, Марк Брнович, откри дека неговите кучиња се викаат „Ракија“ и „Пиво“. Ова го сподели во една од неговите објави, додавајќи дека тие се дел од неговото семејство и лична приказна.

Брнович има татко Црногорец и мајка Хрватка, и се гордее со своето балканско потекло. Неговата мајка емигрирала во САД за да избега од комунизмот, а Брнович како дете живеел во Аризона.

Continue Reading

Свет

Врховниот лидер на талибанците: Во Авганистан нема потреба од западни закони

Published

on

Врховниот лидер на талибанните, Хибатулах Ахундзада, изјави денес дека нема потреба од западни закони во Авганистан и дека демократијата е мртва се додека на сила се шеријатските закони.

Ахундзада ова го изјавил во проповед по повод исламскиот празник Рамазан Бајрам во џамијата Еидгах во јужниот град Кандахар, јавува АП.

Аудио запис од 50 минути со неговото обраќање беше објавен на платформата Икс од страна на портпаролот на талибанската влада, Забихула Муџахид.

„Нема потреба од закони кои потекнуваат од Запад. Ние ќе создадеме свои закони“, изјави Ахундзада на паштунски јазик, нагласувајќи ја важноста на исламските закони.

Ахундзада го критикувал Западот, веледејќи дека неверниците се обединиле против муслиманите и дека САД и други земји се здружени во своето непријателство кон исламот, наведувајќи го како пример конфликтот помеѓу Израел и ХАМАС во Газа.

Според талибанското толкување на шеријатот, авганистанските жени и девојки не можат да се образуваат, да работат во многу професии и да престојуваат во повеќето јавни простори.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк