Connect with us

Инфо +

Во наредните денови, особено за Велигден топлотен бран во Македонија со над 30 степени!

Published

on

Утре наутро ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови. Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Во среда времето ќе биде претпладне сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во четврток времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Слично време не очекува и во сабота и недела.

Скопје

Лишено од слобода лицето кое вчера во Скопје удри пешак и избега од местото на настанот

Published

on

На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу” и ул. „Бојмија” со патничко моторно возило „цитроен” удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот без да укаже помош на повредениот.

А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Continue Reading

Скопје

Земјотрес почувствуван во Скопје

Published

on

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 1 часот и 10 минути на 1 февруари 2025 година регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 10 км источно од градот Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Continue Reading

Македонија

Екс обвинителот Димоски вечерва раскажа случка која ја стаписа Македонија: Условно осудија 20 годишник, неколку години подоцна…

Published

on

Бев тазе избран обвинител. Дента завршивме судење, а обвинетиот според сите докази им имаше овозможено на неколку негови врсници да употребат хероин кој претходно тој го набавил. Сите имаа по едвај дваесет години. 

Неколку дена откако ја примив пресудата со која обвинетиот доби условна казна, на врата ми дојде една жена која се претстави како негова мајка. Побара од мене да не сум се жалел за пресудата. Детето било добро и ова било некаква завера против него. Ја испратив со совет да ги отвори очите и да не му верува премногу на нејзиниот син.

Апелација ја потврди условната пресуда.
Неколку години подоцна, на дежурство полицијата ме извести дека истиов овој, откако не му дала пари за да купи дрога, си ја завиткал во тепих едвај подвижната баба, го полил со бензин тепихот и го запалил.

Еден колега, Бог да го прости, секогаш велеше дека најтешко од се е да бидеш добар родител.

Тежината се состои во одбирањето на размерот помеѓу гушкањето и строгоста!
Бог да нѝ помага на сите!

(ФБ статус на поранешниот обвинител од Охрид, Воислав Димоски)

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк