Connect with us

Инфо +

Симон Трпчески: Кога ќе ме прашаше татко ми „Што си ти, Симонче?“, велев „Јас сум Македонец и комита“

Published

on

Јас знам дека десет поколенија наназад сум Македонец, кажа македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

-Знам дека едниот дедо ми бил заробен зошто се борел за Македонија, од другата страна прадедото ми бил основач на одредени комитски чети. Знам дека татко ми во време на Југославија кога ќе ме прашаше како дете: ‘Што си ти, Симонче?’, одговарав ‘Јас сум Македонец и комита’. Тој велеше: ‘Да, јас сум Југословен, но јас сакам прво да знам дека јас сум Македонец’.

И јас не разбирам што има лошо во тоа. Јас утре може да земам пасош од Бурунди, но нема да се плашам да кажам дека јас сум Македонец, дека имам македонско потекло. Јас знам што сум. Мојот корен си го знам. Ќе ми биде уште попријатно да знам дека сите граѓани во државата го зборуваат македонскиот јазик, дека македонското знаме е поставено на територијата на цела Македонија“, рече Трпчески.

Македонија

Вреди бара ДУИ да го исклучи Груби од членство на партијата

Published

on

Упатуваме јасен и отворен повик до раководството на Демократската унија за интеграција да преземе конкретни и видливи мерки за зачувување на стратешкото партнерство на Албанците од Македонија со Соединетите Американски Држави и за докажување дека Албанците нема да бидат заложници на ничиј криминал. Бараме ДУИ да донесе формална одлука за исклучување на Артан Груби од членство во партијата, наведуваат од ВЛЕН.

„Досегашните изјави на господинот Али Ахмети и господинот Бујар Османи за принципиелност и транспарентност останаа само на ниво на празни зборови. Ги повикуваме да преземат конкретни чекори, кои ќе покажат дека нивните ветувања и заложби се реални и дека нема да дозволат какви било сомнежи околу криминална или нечесна активност да ја нарушат репутацијата и иднината на Албанците во Република Северна Македонија.

Притисокот од јавноста е реален и легитимен – луѓето бараат дела, а не празни фрази. Доколку ДУИ сака да ја потврди сериозноста на своите заложби за владеење на правото и за севкупен општествен интегритет, неопходно е итно да покаже дека нема да толерира сомнителни активности од своите редови. Исклучувањето на Артан Груби од партијата е неопходен потег за да се испрати јасна порака дека партијата и нејзините лидери се искрени во заложбите за почитување на законите и силно партнерство со САД. Се друго е јасен доказ дека тие го прикриваат и штитат нивниот другар Артан Груби“, потенцираат од ВЛЕН.

ВЛЕН стои зад сите иницијативи кои ќе доведат до поголема отчетност и одговорност на политичките актери во земјата. Веруваме дека со итно и решително делување, ДУИ ќе покаже дека зборовите на Али Ахмети и Бујар Османи не се празни ветувања, туку дека навистина стојат зад сопствените принципи за праведност, законитост и заштита на стратешките интереси на Албанците во Република Македонија, наведуваат во соопштението.

Continue Reading

Македонија

Денес е трет ден Божиќ: Овој обичај е задолжителен на Свети Стефан

Published

on

Свети Стефан секогаш се слави третиот ден од Божиќ и е една од најголемите слави кај нашиот народ.

Според обичаите, на овој ден се изнесува божиќната слама од домот, која прво внимателно се собира, па се остава во шталата, во овоштарниците или меѓу пчелите за да се поттикне род и напредок.

Во некои краишта, традицијата налага жените да ја изнесат сламата, тивко, за да не се слушне дека заминува Божиќ. Метлата со која ќе ја сметат божиќната слама не се користи во текот на годината, туку се чува за здравје.

На шега се вели дека оваа слава ја држат скржавците, бидејќи ситите гости не можат да јадат и пијат многу по божиќните прослави.

За оваа, како и за другите слави, најважно е да има славска погача на трпезата со икона од светецот Свети Стефан, да гори славската свеќа и во куќата на домаќинот да дојдат неговите најблиски – роднините, кумовите, блиските пријатели. Без нив, ништо од наведеното не би имало смисла.

Кој бил свети Стефан?

Свети Стефан бил Евреин и роднина на апостол Павле. Тој бил првиот од седумте ѓакони кои светите апостоли ги ставиле на служба за да им помагаат на сиромашните во Ерусалим. Затоа се нарекува и архиѓакон.

Со својата вера правел многу чуда меѓу луѓето, а на своите противници им се спротивставувал со мудрост и со силата на Светиот Дух. Бил обвинет за ерес, а со помош на лажни сведоци, бил и осуден.

Светецот му се обраќал на народот и му раскажувал за добрините што Бог ги правел за Израелците, а нив ги нарекувал предавници.

Набрзо потоа го истерале од градот и го каменувале. Меѓу мачителите бил и неговиот роднина Савле, подоцна апостол Павле.

Свети Стефан бил првиот христијанин кој страдал за Господ и затоа се нарекува првомаченик. Еврејскиот кнез Гамалил, инаку потаен христијанин, кришум го зел телото на Свети Стефан и го погребал на својот имот.

Continue Reading

Балкан

Костадинов бара припојување на Македонија кон Бугарија

Published

on

Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија.

Партијата „Преродба“ стана трета политичка сила во 240-члениот бугарски парламент на последните парламентарни избори во Бугарија откако доби 12,92 отсто од гласовите и 35 пратенички места.

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Костадинов ги поддржува изјавите на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп за Канада и Панамскиот канал, и наведува дека е потребно и Софија јавно да излезе со барање за припојување на Македонија и Јужна Бесарабија кон Бугарија.

„Претензиите на Трамп кон Канада се целосно оправдани. Нема ништо пологично и понормално од две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и, во голема мера, ист народ, како што се САД и Канада, да станат една земја. Истото важи и за претензиите на Трамп за Панамскиот канал. Впрочем, САД се првиот сопственик на земјиштето на каналот, тие го градеа и го поседуваа до 1979 година. Затоа „Преродба“ целосно ги поддржува тврдењата на новоизбраниот американски претседател.

Иста е ситуацијата и со Македонија. Нема ништо пологично од тоа две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и народ да станат една земја. Сличен е случајот и со Јужна Бесарабија. Таа е дел од бугарската држава повеќе од 450 години, Бугарите се домородното население на оваа област (од 6 век) и до денес се мнозинство од населението. За споредба, Украина ја поседува Јужна Бесарабија само 34 години.

Затоа нема ништо пологично од обединување на Бугарија и Македонија во една заедничка држава, како и враќање на Јужна Бесарабија назад во Бугарија. Украина се распаѓа и на идниот мировен конгрес кој ќе одлучува за судбината на неуспешната т.н. украинската државност, Бугарија треба да ги потврди своите претензии кон бугарска Бесарабија, напиша Костадинов на социјалната мрежа“, наведува Костадинов во објавата на Фесјбук.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк