Connect with us

Инфо +

Заев го разреши човекот што не сакаше да вработи неквалификувани лица

Владата го разреши првиот човек на ДПИ Стојко Пауновски. 

По неколкудневните закани за разрешување на Пауновски премиерот Зоран Заев денеска топката ја префрли на Владата. Рече не сака да се расправа преку медиуми. Додавајќи дека Од коалициониот партнер ДУИ  немало никакво барање дали да се разреши или не дирекротот на ДПИ. 

Утрово на Илинденска број 2 – тројца вработени во Државниот пазарен инспекторат имаа и едночасовна средба со премиерот Заев. Вработените во инспекторатот со кој раководи Стојко Пауновски потпишаа петиција која ја доставија до Владата и бараа тој да не биде разрешен.

Судирот меѓу Пауновски и премиерот излезе на виделина откако директорот на ДПИ одби да прими 35 рамковно вработени со несоодветно образование и квалификации. Пауновски им соопшти дека на  Пазарна не и се потребни безлични административци, туку инспектори со адекватно овразование.  

Од Владата пак пред неколку дена соопштија дека Инспекторатите ќе добијат и нови 104 вработувања, од кои 15 се токму за ДПИ каде е директор Пауновски. Но, овие 15   не се според Рамковен, туку ќе бидат инспектори токму со потребните квалификации, за кои се залага Пауновски.   Владата тврди дека за ваквата одлука информиран бил и Пауновски, но проблемот се наметна околу рамковните кадри.

Пауновски рече дека за 12 административци со Економски и Правен факултет, нема проблем, но останатите кои се со 180 кредити и можат да работат само обична администрација нема каде да ги смести.  

Свет

Трагично загина легенда на гејминг индустријата во сообраќајна несреќа кај Лос Анџелес

Винс Зампела загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа северно од Лос Анџелес, откако неговото Ferrari 296 GTS удрило во бетонска бариера и се запалило. Во несреќата загинал и сопатникот кој се наоѓал во возилото, пренесува NBC.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како црвеното Ферари со голема брзина излегува од тунел, само неколку моменти пред да удри во ѕид. Сведоци подоцна го снимиле целосно уништеното возило зафатено од пламен, а снимката е оценета како вознемирувачка.

Калифорниската автопатска патрола соопшти дека, од засега непознати причини, возилото излетало од патот, удрило во бетонска бариера и веднаш се запалило. Двајцата патници биле прогласени за мртви на местото на несреќата, при што едниот бил исфрлен од автомобилот поради силата на ударот. Истрагата за причините за несреќата сè уште е во тек.

Зампела, на 55-годишна возраст, важеше за една од највлијателните личности во светот на видео игрите. Како ко-основач на Infinity Ward, тој имаше клучна улога во создавањето на франшизата „Call of Duty“, која стана една од најпопуларните во историјата на гејмингот. Подоцна, во 2010 година, го основа студиото Respawn Entertainment, кое ги создаде хитовите „Titanfall“, „Titanfall 2“, „Apex Legends“ и „STAR WARS Jedi: Fallen Order“.

Respawn беше купен од Electronic Arts во 2017 година, а Зампела продолжи да има водечка улога во студиото и во развојот на франшизата „Battlefield“.

Веста за неговата смрт предизвика силни реакции и тага во гејмерската заедница ширум светот. EA соопшти дека станува збор за „незамислива загуба“, истакнувајќи дека влијанието на Зампела врз индустријата било длабоко и далекусежно и дека неговото наследство ќе продолжи да инспирира идни генерации развивачи и играчи.

Continue Reading

Свет

Дедо Мразовци ограбија маркет во Монтреал и дел од храната ја дадоа на сиромашните

Група активисти во Монтреал во понеделникот ограбија маркет, а подоцна дел од храната ја поделија на сиромашните, објави The Guardian. Акцијата ја спровела групата Robins des Ruelles, која ја претстави како „Робин Худ“ иницијатива, со цел да привлече внимание на сè поголемата криза и високите трошоци за живот, кои ги прават основните намирници недостапни за обичните Канаѓани.

Во соопштението објавено под наслов „Кога гладот ги оправдува средствата“, членовите на групата нагласиле дека храната ќе биде дистрибуирана на оние кои најмногу имаат потреба. „Работиме сè понапорно за да можеме да купуваме храна од синџири супермаркети кои ја користат инфлацијата за да остварат рекордни профити. Неколку компании држат наши основни потреби како заложници“, се наведува во соопштението.

Метро, сопственик на осум големи брендови за храна во Онтарио и Квебек, ја осуди кражбата како кривично дело и нагласи дека цените на полиците директно одразуваат трошоците на синџирот на снабдување. Портпаролката Женевјев Грегоар додаде дека во 2025 година компанијата донирала 1,15 милиони долари и повеќе од 81 милион долари во храна за локалните банки за храна.

Полицијата потврди дека случајот се истражува, но досега нема апсени. Во вторникот вечерта, групата оставила дел од храната на јавен плоштад под елката, додека остатокот ќе биде дистрибуиран преку локалните банки за храна. На крајот, тие порачаа: „Не заборавајте – гладот ги оправдува средствата. Среќен Божиќ!“

Continue Reading

Балкан

Антивладин протест ескалира во Тирана, има повредени

Илјадници демонстранти од цела Албанија се собраа во Тирана на антивладин протест организиран од главната опозициска Демократска партија. Инцидентите и тензиите ескалираа пред зградата на владата на булеварот Deshmoret e Kombit.

Организаторите бараат оставка од премиерот Еди Рама и вицепремиерката Белинда Балука, која е и министерка за инфраструктура и енергетика. Опозицијата ги поврзува протестите со случаи на корупција, истакнувајќи дека Балука е обвинета за кршење на рамноправноста на учесниците во тендери и јавни аукции. Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) побара од парламентот да го одземе нејзиниот пратенички имунитет за да се овозможи нејзино апсење.

Претседателот на Демократската партија, Сали Бериша, се обрати на толпата, велејќи дека опозицијата останува решена да ја „спаси Албанија“ и ги повика сите опозициски сили да се обединат во борбата против власта.

По неговиот говор, демонстрантите се судрија со полицијата, а неколку молотови коктели беа фрлени кон владината зграда, предизвикувајќи пожар на надворешната страна. Во немирите беа повредени неколку лица.

Демократската партија и другите опозициски партии најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните недели.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг