Connect with us

Инфо +

Oштeните штeдaчи обjaвуваат шема по која се oдвивaл гpaбежот во Eypocтандард

Дали постои надеж за расчистување со криминалот и корупцијата во земја каде Павлина Црвенковска е претседател на Судскиот совет?

Оштетените штедачи на Еуростандард банка објавуваат шема по која се одвивал грабежот на Еуростандард банка, во кој учествувал сопругот на претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Зоран Црвенковски.

Според нив, Црвенковски е дел од криминалната мрежа за грабеш на Еуростандард бакнка и еден од позначајните должници во банката. Освен што „позајмил“ и должи 1.600.000 евра, свесно ја однел неговата фирма должник Екопласт Рисајклинг во стечај. Од друга страна, обезбедувањето за кредитот со проценета вредност од 460.000 евра, сега е всушност амортизирана, стара опрема од фирмата, којашто е практично неупотреблива. Таа е сега „старо железо“ кое лежи под отворено небо и продолжува да се обезвреднува и чијашто моментална вредност е речиси четири пати помала од моментот кога била заложена, а заинтересираноста за купување на таквата опрема практично ја нема.

Историјата на работењето на Зоран Црвенковски покажува и дека тој навистина добро се снаоѓа во ликвидација на фирми. Имено, во октомври 2012 година, Зоран Црвенковски ја ликвидирал и неговата претходна фирма Енерготрејд МТ доо од Скопје. Во оваа фирма, косопственик заедно со Зоран Црвенковски бил и Венко Петровски.

Кој е пак Венко Петровски? Тој е косопственик и управител на фирмата Маријатреид од Велес, којашто сега се јавува како фирма должник кон Еуростандард банка. Според извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, оваа фирма должи околу 325.000 евра и нема платено ниту една рата 377 дена. Како обезбедување на земениот кредит се води единствено обична меница. Во 2019 година, од тогаш кога се води долгот, според билансите, фирмата имала загуби од 1.400.000 евра, долгови над 4.000.000 евра и негативен капитал од 600.000 евра. Задолженост од 118 отсто! Во Управата за јавни приходи фирмата должи и околу 15.000 евра. Ова е само еден од примерите како се делени ненаплатливи кредити на фирми со големи долгови и загуби и со цел да никогаш не се вратат.

Тие се сомневаат дека Павлина Црвенковска е избрана за член на Судскиот совет и потоа, за кусо време, и за претседател, за да ги брани интересите на нејзиниот сопруг и слични измамници, меѓу кои и пријатели на Зоран Црвенковски.

Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата во предметот што го отвори да испита што поседува Павлина Црвенковска и дали го прикрива имотот на нејзиното семејство, вклучително и 1.600.000 евра, коишто нејзиниот сопруг преку неговата фирма ги „позајмил“, но не ги вратил. Во нејзиниот јавно достапен анкетен лист (на линкот подолу) се води само станбен простор од 20 метри квадратни стекнат со наследство. Се сомневаме дека таа и нејзиниот сопруг го имаат препишано добар дел од имотот на нивни блиски лица. Во анкетниот лист има наведено личен имот, заедно со имотот на нејзиниот сопруг, во вкупна вредност од околу 65.000 евра, но без да го наведе и сопствеништвото на сопругот од 40 отсто удел во фирмата Екопласт Рисајклинг. Сегашната тековна состојба од Централниот регистар (Во прилог на маилов) покажува дека фирмата има активен стечај, каде Зоран Црвенковски е основач и косопственик. Дали со непријавување на овие податоци во анкетниот лист, Павлина Црвенковска имала намера да ја сокрие и трагата на украдените пари од нејзиниот сопруг од нас ограбените физички и правни лица депоненти на Еуростандард банка?.Се прашуваме, освен ова дали има и нешто друго што Павлина Црвенковска случајно „заборавила“ да го пријави во анкетниот лист. Тоа ќе го оставиме на Државната комисија за спречување на корупцијата да детално го провери, испита и објави.

Оштетените штедачи бараат итна оставка од Павлина Црвенковска.

Останатото ќе го кажат судовите, преку транспарентен судски процес за нејзиниот сопруг Зоран Црвенковски и слични сопственици на фирми должници кон Еуростандард банка, но без скриени интервенции и ургенции од Павлина Црвенковска. Од неа очекуваме да јавно одговори кога нејзиниот сопруг Зоран Црвенковски ќе ги врати нашите украдени лични средства.

Балкан

Драма во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)

Рано утрово на Обреновачки пункт се случи сообраќајна несреќа во која автомобил БМВ се судри со камион. На социјалните мрежи се појави видео од возачот на БМВ, кој, со цигара во рака и траги од крв на облеката, на прашањето „Што направи?“ одговорил: „Не знам, ме удри камион. Многу силно.“

Според извештајот на станицата „Србија Сад“, возачот на БМВ претходно возел агресивно, менувајќи ленти и речиси предизвикувајќи други инциденти. На крајот, автомобилот удрил во камионот, а наводно возачот дури се фалел со тоа.

Полицијата соопшти дека во несреќата тешко е повреден 46-годишен маж, кој е пренесен во Ургентниот центар. Возачот на камионот (38) се здобил со повреда на раката, но одбил транспорт до болница.

Судирот предизвикал голема материјална штета – предниот дел на БМВ е згмечен, додека камионот е делумно оштетен и завршил со предниот дел деформиран од силата на ударот.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Свет

Макрон и се закани на Кина – Ова се деталите

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека Европската Унија може да воведе царини за кинеските производи доколку Пекинг не преземе конкретни чекори за намалување на трговскиот дефицит. Според француските медиуми, по официјалната посета на Кина, Макрон го заострил тонот и најавил дека Европа нема да остане пасивна.

Како што го цитира „Ле Фигаро“, претседателот истакнал дека ЕУ мора да размислува за протекционистички мерки доколку Кина не се обврзе да го запре економското нерамнотежје, кое го смета за „критично за иднината на Европа“.

„Им порачав дека ако не реагираат, ние Европејците ќе мораме наскоро да преземеме решителни мерки, слични на тие на САД, и да воведеме царини за кинески стоки“, изјави Макрон по враќањето од Пекинг.

Тој предупреди дека европскиот индустриски модел е под закана, особено секторите што историски се потпираат на автомобилската индустрија и машинските алати. Според него, дополнителен проблем се и високите американски царини кон Кина, воведени од претседателот Доналд Трамп, кои, како што вели, ги пренасочуваат кинеските производи кон европскиот пазар.

Макрон подвлече дека намалувањето на трговскиот јаз бара и ангажман од европска страна – преку привлекување кинески инвестиции, но под јасни правила. „Кинеските компании мора да инвестираат во Европа, но без создавање зависност или доминација“, истакна тој.

Секторите во кои се бара рамноправен пристап опфаќаат производство на батерии и електрични возила, преработка на литиум, ветерна енергија, електроника, рециклирачки технологии, индустриска роботика и современи компоненти.

Францускиот претседател смета дека ЕУ мора да ја заштити својата автомобилска индустрија од притисокот на кинеските електрични возила, истовремено вложувајќи во конкурентност и иновации. „Тоа бара поедноставување и зајакнување на единствениот пазар, вложување во нови технологии, фер заштита на границите, довршување на царинската унија и прилагодување на монетарната политика“, додаде Макрон.

Continue Reading

Балкан

Банско се поклони пред Никола Вапцаров по повод 116 години од неговото раѓање

Денес пред споменикот на поетот Никола Вапцаров во Банско, деца, млади, возрасни и пензионери се поклонија пред делото на великанот од градот.

По повод 116 години од неговото раѓање, јавни личности, претставници на локалните институции, ученици и граѓани положија венци и цвеќе како знак на почит и признателност.

Делото на Вапцаров останува живо и денес, како неизбежен дел од духот, историјата и идентитетот на Банско.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг