Connect with us

Инфо +

Македонски војник во тешка состојба се враќа од Африка, се уште не се знае каков сој на коронавирус има

Пациент заразен со коронавирус, во тешка состојба, пристигнува во Македонија и се очекува да биде сместен на Клиниката за инфективни болести, дознава “Фокус” од извори на клиниката, кои коментираат дека се чувствува паника кај дел од колегите.

Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека доаѓа ваков пациент со посебен транспорт од Африка.

– Се работи за војник, македонски државјанин, бил во база каде нема услови да биде лекуван. Засега нема типизација за каков сој коронавирус се работи но пациентот ќе биде сместен во изолација, рече Филипче.

Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните видови коронавируси досега, пишува Фокус.

Балкан

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање во БиХ и на Балканот

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека Алијансата внимателно ги следи обидите на Русија да влијае врз внатрешните процеси во Босна и Херцеговина и на поширокиот Западен Балкан. Таа оцени дека активностите што се забележуваат претставуваат типичен дел од рускиот хибриден арсенал, насочен кон создавање поделби и поттикнување сецесионистичка реторика.

Шекеринска нагласи дека руските обиди за хибридно делување не се ограничени само на регионот, туку се присутни и кај други сојузници и партнери на НАТО. Според неа, Западен Балкан останува од стратешка важност за Алијансата, која во регионот има повеќе членки, како и партнери меѓу кои и БиХ.

Говорејќи за состојбата во одбранбениот сектор на БиХ, таа посочи дека НАТО помага во низа практични области, но дека стабилното финансирање на Оружените сили на БиХ е клучно за нивна модернизација. Потсети и на програмата DCB, преку која БиХ доби опрема и специјализирани возила со поддршка од Словенија, но предупреди дека таквата помош мора да биде проследена со долгорочни национални вложувања.

Во пораката до политичките лидери во БиХ, Шекеринска истакна дека политичките компромиси често се ризични, но носат поголема сигурност и стабилност на долг рок. Таа додаде дека граѓаните очекуваат исчекори напред, наместо повторување на истите политички конфликти што ја следат земјата веќе три децении.

Continue Reading

Балкан

Евзони повторно блокиран: Грчките земјоделци го стопираат сообраќајот цел ден

Граничниот премин Евзони денеска повторно е во целосна блокада поради штрајкот на грчките земјоделци, кои со протестите го запираат сообраќајот за сите категории возила.

Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија, преминот ќе биде затворен во два термина: од 10 до 14 часот и повторно од 18 до 22 часот.

Блокадата предизвикува значителни застои и пречки за патниците и превозниците кои патуваат кон Грција, а засега нема најави кога ситуацијата би можела да се нормализира.

Continue Reading

Свет

Германија со нов пензиски систем: Реформата помина со тесно мнозинство во Бундестагот

Германскиот Бундестаг ја изгласа пензиската реформа предложена од коалицијата на канцеларот Фридрих Мерц, по месеци жестоки расправи и отпор во рамките на владејачките партии, пренесува ДПА. Со ова, пензиите ќе продолжат да изнесуваат најмалку 48 проценти од просечната плата.

Еден од трите закони во пакетот беше особено контроверзен и предизвика противење внатре во Христијанско-демократската унија (CDU). Младинското крило предупреди дека реформата ќе создаде огромни финансиски оптоварувања во иднина, со трошоци што може да достигнат милијарди евра, особено со оглед на брзото стареење на германската популација.

И покрај отпорот, Мерц успеа да обезбеди таканаречено „канцеларско мнозинство“ – минимум 316 гласови од неговата коалиција со социјалдемократите (SPD). На гласањето, реформата доби поддршка од 319 пратеници, 225 гласаа против, а 53 беа воздржани. Според заменик-претседателот на Бундестагот, Бод Рамелов, само седум пратеници од CDU гласале против предлог-законот.

Ако Бундесратот го потврди законот на 19 декември, новиот пензиски модел ќе стапи во сила од 1 јануари. Реформата има за цел да ја стабилизира пензиската стапка во услови кога бројот на работоспособни граѓани опаѓа, а бројот на пензионери расте, што создава сè поголем притисок врз германскиот социјален систем.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг