Connect with us

Инфо +

Гори Израел: Запалени синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба (ВИДЕО)

Евреите ги изнесуваат свитоците од Тората од запалена синагога , а во непосредна близина горат автомобили , откако избија насилства во Израел поради израелските воздушни напади во Газа и конфликтот во Ерусалим.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху прогласи вонредна состојба во Лод, близу Тел Авив, по извештаите дека припадници на арапското малцинство палеле синагоги и дека Евреите фрлале камења кон автомобилите управувани од арапски жители.

https://youtu.be/1wlqzw6GBkc

„Ја изгубивме контролата над градот и улиците“, рече градоначалникот на Лод, Јаир Ревиво за News 12 по неколку ноќи насилни судири, во кои еден Арап е убиен, а многумина се повредени.

https://youtu.be/ynm_EzgD_Ag

Полицијата уапсила десетици луѓе преку ноќ во Лод и во претежно арапските градови во централниот и северниот дел на Израел, вклучувајќи го и Ум ал Фам по должината на границата со Западниот брег и Јиср ал Зарк на медитеранскиот брег.

Во крајбрежниот град Акре бил запален Ури Бури, рибен ресторан сопственост на Евреин, а некои арапски жители изјавиле дека се плашат да го напуштат домот.

https://youtu.be/Z9HXOSMIVdU

Свет

Тешка авионска несреќа: десет лица загинаа при пад на авион

Десет лица, меѓу кои и три деца, загинаа откако мал приватен авион се урна во магацин во индустриска зона во близина на аеродромот во Толука, Мексико. Несреќата се случила околу 12:30 часот по локално време, кога леталото се обидувало да изврши итно слетување.

Меѓу жртвите се три деца за кои се верува дека биле од исто семејство – четиригодишното момче Раул, деветгодишната Химена и двегодишната Наталија. Во несреќата животот го загубиле и пет возрасни патници, како и двајцата пилоти.

Авионот, приватен „Цесна Ситишн III“, полетал од туристичкиот град Акапулко само половина час пред трагедијата. Според првичните информации, леталото имало технички проблеми и пилотот се обидел да слета на фудбалско игралиште во близина на детско игралиште, но наместо тоа удрил во металниот покрив на магацин во кој се складирале цилиндри со гориво и гас.

Ударот предизвикал силен пожар и густи облаци од чад, а драматични снимки од местото на настанот брзо се проширија на социјалните мрежи. На видеата се гледа како авионот паѓа меѓу згради, како и очајните обиди на пожарникарите да го локализираат пожарот. Во моментот на несреќата во магацинот немало луѓе, бидејќи вработените биле на слободен ден.

Локалните власти соопштија дека биле евакуирани два блока околу местото на падот, поради опасност од експлозија на складираните горивни и гасни резервоари. Министерот за јавна безбедност на државата Мексико, Кристобал Кастанеда, изјави дека евакуацијата била превентивна мерка.

Истрагата за причините за несреќата е во тек. Според неофицијални информации, истражителите се сомневаат дека дефект на моторот е главната причина, а во последната комуникација со контролата на летање пилотот наводно рекол: „Се спуштаме“.

Continue Reading

Балкан

Заглавен европскиот пат: БиХ останува без одлука за старт на преговори со ЕУ

Советот на министри на Босна и Херцеговина денес не успеа да донесе одлуки што би овозможиле отворање на преговорите за членство со Европската Унија пред седницата на Европскиот совет закажана за 18 и 19 декември. Причина за тоа беше повторното одбивање на министрите именувани од Милорад Додик да се дискутира за два клучни реформски закона.

На дневниот ред, објавен минатата недела од претседателката на Советот на министри Борјана Кришто, беа предлог-законите за Судот на БиХ и за Високиот судски и обвинителски совет, како и одлуката за формирање канцеларија на главниот преговарач со ЕУ. Сепак, по ултиматумот од министрите за надворешна трговија и за финансии, овие точки воопшто не беа разгледувани.

Тие се заканија дека ќе го блокираат дневниот ред доколку се отвори расправа за реформските закони, што практично би значело и неодржување на седницата. Поради тоа, Кришто ги повлече спорните точки, а Советот разгледуваше само помалку значајни информации и технички прашања.

Властите на Република Српска не ги прифаќаат нацрт-законите подготвени од Министерството за правда, иако тие се изработени согласно препораките на Европската комисија. Дополнително, инсистираат главниот преговарач со ЕУ да доаѓа од СНСД, барање што партиите од бошњачко-граѓанскиот блок категорично го одбиваат.

Засега нема најава кога клучните реформски закони ќе се најдат повторно на дневен ред на Советот на министри или во државниот парламент. Сè поизвесно е дека Босна и Херцеговина ќе ја дочека 2026 година без јасна перспектива за започнување преговори со Европската Унија.

Иако земјата доби условно зелено светло за отворање преговори уште во март 2024 година, оттогаш нема конкретен напредок. Заедно со Косово, БиХ во моментов се наоѓа на дното од процесот на европска интеграција меѓу земјите од Западен Балкан.

Continue Reading

Балкан

Грчките земјоделци повторно блокираа премин: Богородица ограничен за патнички возила

Граничниот премин Богородица од 18 часот попладнево е блокиран за сите видови сообраќај поради протест на грчките земјоделци, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Засега, на преминот можат да влегуваат само товарни возила од Грција кон Македонија, додека излез од Грција е дозволен само за товарни моторни возила. Патнички возила и автобуси засега не можат да ја користат граничната линија.

Автомото сојузот апелира на внимателност и следење на сообраќајните информации пред патувањето кон граничниот премин Богородица.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг