Connect with us

Инфо +

Крсто Мукоски ја тужи Македонија за притворот, може да се опари со неколку илјади долари!

Владата не открива дали државата ќе се спогоди со Крсто Мукоски откако тој ја тужеше земјава во судот за човекови права во Стразбург. Откако екс-пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ беше амнестиран на крајот од 2018 – та година затоа што ги отвори собраниските врати на 27 – ми април и се случи насилството, Мукоски сега бара државата да му плати отштета. Смета дека бил незаконски притворен бидејќи имал пратенички имунитет. Од Министерството за правда велат дека засега постапката е тајна.Advertisements

„Секоја вакава постапка може да заврши со спогодба. Роковите ги определува судот“, велат од Министерство за правда, за Алсат М.

Сега Владата треба да прати одговор до Стразбур на следниве прашања од судот:

Предмет „Мукоски против Македонија“
„Дали наводното лишување од слобода и приведување на апликантот на 28 ноември 2017 година биле во согласност со постапката пропишана со закон бидејќи во тоа време тој уживал и се повикувал на неговиот пратенички имунитет?“

„Дали причините дадени од судовите биле доволни за притвор?“

Поранешната судијка во судот во Стразбург објаснува дека постои инструментот наречен „пријателско спогодување“.

Секако државата мора да си направи проценка поради тоа што таа треба да го склучи тоа пријателско спогодување. Значи државата сите елементи што се во предметот, околностите на предметот, сè што е релевантно го цени и одлучува дали ќе се пристапи кон тоа пријателско спогодување или не – изјави Маргарита Цаца Николовска, поранешна судјка во Стразбург.

За да гласа за промена на уставното име на државата, Крсто Мукоски беше амнестиран од вина во случајот 27 – ми април, заедно со неговите колеги пратеници од ВМРО – ДПМНЕ, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски. За разлика од нив, останатите 16 обвинети беа осудени на вкупно 211 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Алсат М

Свет

САД изведоа акција и запленија венецуелска нафта, Венецуела реагира

Американските сили извршија акција и запленија голем танкер под санкции покрај брегот на Венецуела, што предизвика жестоки реакции во Каракас. Владата на Венецуела соопшти дека ќе ја брани својата сувереност, природните ресурси и националното достоинство, најавувајќи жалба пред меѓународните институции.

Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо ги нарече САД „убијци, крадци и пирати“ и саркастично се повика на филмот „Пиратите од Карибите“. „Џек Спероу таму е херој, но овие типови се вистински криминалци на отворено море“, изјави тој.

Претседателот Доналд Трамп потврди дека акцијата била изведена синоќа, додавајќи дека танкерот бил најголем досега. Јавната обвинителка Пем Бонди истакна дека бродот превезувал санкционирана нафта од Венецуела и Иран, а операцијата била координирана од ФБИ, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешна безбедност и Крајбрежната стража.

Снимките од американските служби прикажуваат два воени хеликоптера и вооружени војници како се спуштаат на палубата на бродот, а според извори, акцијата ја изведувале десет маринци, десет припадници на Крајбрежната стража и специјални единици од бродот „Џералд Форд“.

Компанијата „Вангард“ го идентификува бродот како „Скипер“, кој долго време ја лажирал својата позиција. Министерството за финансии на САД го стави под санкции уште во 2022 година за наводна вмешаност во нелегален шверц на нафта што генерирал приходи за Хезболах и Исламската револуционерна гарда.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, оцени дека станува збор за меѓународно пиратство и истакна дека „Венецуела никогаш нема да стане нафтена колонија“. Трамп, пак, изјави дека запленетата нафта веројатно ќе биде задржана од САД.

Continue Reading

Балкан

Милановиќ: Франција продава авиони и на нашите соседи, без да се консултира со Хрватска

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека Франција се грижи исклучиво за своите интереси, по продажбата на 12 воени авиони на Хрватска, а потоа исто толку и на соседи кои не се членки на НАТО.

„Ние сме членка на НАТО и имаме завети со нашите сојузници за критични ситуации. Меѓутоа, можеме да видиме како се однесуваат стратешките партнери. Франција не нè праша за нашето мислење кога го продаде истото количество авиони на соседите. Потоа мораме да ги надградиме тие системи, што дополнително чини. Тие се грижат само за своите интереси“, рече Милановиќ.

Тој додаде дека не станува збор за критика, туку за поттик за размислување за мотивите и одлуките на државите. Милановиќ истакна дека при донесувањето важни државни одлуки целата доктрина треба да произлегува од заштита на сопствените интереси, без да се исклучува лојалност и пристојност кон партнерите.

„Не може да има иста стратегија за земја од четири милиони жители и земја од 65 милиони, земја што произведува и земја што купува. Улогите не се еднакви“, заклучи хрватскиот претседател.

Continue Reading

Балкан

Косово ја коригира патната сигнализација – земјата сега правилно означена со МК

Косово го исполни ветувањето и го тргна погрешниот меѓународен код „НМК“ од патните знаци, заменувајќи го со точниот – МК. Фотографии од изменетите табли ги испрати Ќамил Фека, директор на одделот за патишта при Министерството за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово.

360 степени“ минатата недела извести дека на стариот пат Приштина–Скопје се користела погрешната ознака „НМК“. Од косовската страна уверија дека станува збор за ненамерен пропуст и дека истиот ќе биде најитно коригиран.

Случајот со погрешни ознаки е втор во соседството, откако Србија веќе подолго од две години на патни знаци користи „НМК“ наместо МК. Од македонското МНР истакнаа дека веруваат оти и српските власти ќе постапат по нивните барања и ќе ја коригираат сигнализацијата.

Овој потег доаѓа во контекст на Преспанскиот договор од 2018 година, кој, меѓу другото, го регулираше користењето на меѓународните ознаки и кодови за Македонија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг