Connect with us

Инфо +

Џамбаски:Ова е апсурд, Бугарија мора да се спротивстави на ова лyдило кое ја нapyшува секоја здрава логикa

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски реагираше на предлогот на португалското претседателство за преговорите за членство на Република Македонија, нарекувајќи го апсурд што Бугарија не смее да го дозволи. То потсети на Договорот за добрососедство помеѓу двете земји и посочи дека Македонија сѐ уште не го споровела до крај.

„Со еден предлог во моментот, португалското претседателство со ЕУ се обидува да го врати разговорот за членството во ЕУ на Република Македонија пред скоро една година и на скоро почетната позиција. Ова е во спротивност со основата на бугарската позиција, рефлектирана во одлуките на сите бугарски институции и едногласно поддржана од сите бугарски политички партии. Предлогот на португалското претседателство со Советот предвидува паралелни еднострани декларации на Бугарија и Македонија. Ова е апсурд што не смее да се дозволи“

„Бугарија и ПЦМ имаат билатерален ратификуван Договор за соседство, кој беше потпишан на 2 август 2017 година. Откако бевме сведоци како властите во Скопје цели и доследно не го спроведоа овој заеднички договор веќе три години, дали некој службеник на ЕУ воопшто верува дека законски необврзувачки документ ќе доведе до негова имплементација од страна на Скопје?“, вели Џамбаски.

Европратеникот обвини дека Европската унија се обидува ги стави на исто рамниште Бугарија и Македонија, и покрај тоа што едната е со статус на полноправна членка а другата земја кандидат. Тој апелираше дека бугарија мора да се спротивстави на предлогот кој, според него е лудило кое ја нарушува секоја здрава логика.

„Советот се обидува да ја постави Бугарија на исто ниво како полноправна членка на ЕУ и земја-кандидат PCM. Ова е невиден и неприфатлив преседан! Во истиот предлог се споменуваат и „црвените линии на ПЦМ“. Никогаш порано во преговорите за членство земјите кандидати немале и не можат да имаат право на вето на рамката за преговори. Постои и предлог за вклучување на странски експерти во заедничката историска комисија, што е исто така необјасниво откако беше јавно одбиено од нашите претставници пред две години! Ho кому му треба овој обид да се врати на почетната позиција, откако Скопје секој ден докажува дека правилата и договорите не важат за нив? Категорично изјавувам дека бугарските власти мораат да имаат многу резерви во однос на предлозите на португалското претседателство. И да се спротивстави на ова лудило, кое ја нарушува секоја здрава логика“, вели Џамбаски

Свет

Фон дер Лајен ја поздрави одлуката за замрзнување на руските државни средства на неодредено време

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, денеска ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ за продолжување на имобилизацијата на руските суверени средства на неодредено време.

– Испраќаме силен сигнал до Русија дека додека продолжува бруталната агресивна војна, трошоците за Русија ќе растат. Ова е и порака до Украина дека сакаме да го зајакнеме нашиот храбар сосед на бојното поле и на преговарачката маса, напиша Фон Дер Лајен на Х.

Со одлуката, сите 27 земји-членки на ЕУ повеќе не мораат едногласно на секои шест месеци да ги продолжуваат замрзнатите средства, како што беше практикувано од 2022 година по инвазијата на Русија врз Украина. Механизмот за економска вонредна состојба овозможи премин од едногласно на мнозинско гласање, и покрај претходните закани од Унгарија за спротивставување.

Вредноста на замрзнатиот руски државен имот во ЕУ изнесува околу 210 милијарди евра, а целта е дел од овие средства да се стават на располагање на Украина како долгорочен заем за репарации, со цел ограничување на економската штета од војната.

Continue Reading

Балкан

Повторно блокиран патот кон ЕУ на Црна Гора – Ова се причините

Франција стави блокада на затворањето на две поглавја во пристапните преговори на Црна Гора со Европската Унија, но дипломатски извори од Брисел потврдуваат дека Подгорица следната недела ќе успее да затвори три други поглавја.

Според информации на TVCG, Црна Гора е подготвена да ги затвори поглавјата: Право на основање компанија и слобода на обезбедување услуги (3), Слободно движење на капитал (4) и Право на деловните друштва (6). Меѓувладината конференција, на која се очекува официјалното затворање, е закажана за 16 декември, пред седницата на Советот на министри за општи работи на ЕУ.

Сепак, Франција се спротивставила на затворањето на поглавјата Земјоделство и рурален развој (11) и Рибарство (13). И покрај последните консултации, тие две поглавја остануваат отворени, што го одложува напредокот во овие области.

Дипломатски извори информираат дека постојаните претставници на земјите-членки ќе се состанат повторно за време на викендот, со можност за дополнителни разговори и потенцијално затворање на уште некои поглавја пред конференцијата.

Црна Гора ги започна преговорите со ЕУ на 29 јуни 2012 година, откако статусот кандидат го доби во 2010 година. Досега ги има отворено сите поглавја и неколку привремено затворени, задржувајќи ја позицијата како најнапредната земја на Западен Балкан во процесот на европска интеграција.

Continue Reading

Свет

ЕУ ги замрзна руските пари – Каква ќе биде ракцијата на Москва?

Земјите-членки на ЕУ, освен две, денес преку писмена постапка ја одобрија одлуката за трајно замрзнување на рускиот имот, што е клучен предуслов за одобрување на репарациски заем за Украина. 

„Писмената постапка е завршена, 25 држави се „за“, две се „против“, изјави европски дипломатски извор, без да прецизира кои две држави се „против“.

„Ја поздравувам одлуката на Советот за нашиот предлог за продолжување на блокадата на рускиот државен имот“, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на X.

Унгарија и Словачка постојано се закануваа со вето

Одлуката значи дека околу 210 милијарди евра руски имот ќе останат замрзнати во ЕУ сè додека најмалку 15 земји-членки, кои претставуваат повеќе од 55 проценти од населението на Унијата, не гласаат за укинување на мерката. 

Досега, продолжувањето на замрзнувањето мораше едногласно да се потврдува на секои шест месеци, што отвори простор за вето од страна на Унгарија или Словачка, кои постојано се закануваа дека ќе го блокираат продолжувањето на санкциите.

Со отстранување на тој ризик, ЕУ се приближи кон таканаречениот „заем за репарација“, кој би ѝ позајмил на Украина 90 милијарди евра во текот на следните две години, со гаранција во форма на замрзнати руски средства.

Одлуката доаѓа пред состанокот на Европскиот совет на 18 и 19 декември, каде што лидерите на ЕУ би можеле да го отворат патот за користење на некои замрзнати руски средства за да му обезбедат на Киев клучни средства за да ги продолжи своите воени напори.

Фон дер Лајен го предложи тој план минатата недела, нагласувајќи дека тој ќе покрие околу две третини од финансиските потреби на Украина во следните две години. Без дополнително финансирање, предупреди таа, Украина ќе остане без пари кон средината на 2026 година.

Централната банка на Русија поднесе тужба

Како очигледен одговор на веста за трајното замрзнување на средствата, Централната банка на Русија денес објави дека поднела тужба против белгиската финансиска институција Euroclear, која го држи најголемиот дел од замрзнатите руски средства во Европа.

Во посебна изјава, руската централна банка го нарече заемот за репарација „нелегален“ и „спротивен на меѓународното право“ и рече дека ќе ги искористи „сите достапни правни и други механизми“ за да го оспори.

ЕУ се обидува да ја смири Белгија

Одлуката на Европскиот совет, исто така, се однесува на една од клучните загрижености на Белгија, која остро се спротивстави на заемот за репарација. 

Белгискиот премиер Барт де Вевер предупреди дека, доколку ЕУ се зафати со тој план, а санкциите не бидат продолжени поради ветото, Белгија би можела да остане одговорна за враќање на руската централна банка износ еднаков на една третина од сопствениот БДП.

Затоа Де Вевер побара ризикот од можни последици да се сподели меѓу земјите-членки. Во официјалниот предлог за заемот за репарација, кој Урсула фон дер Лајен го презентираше пред девет дена, се предвидува земјите-членки да даваат гаранции пропорционално на нивниот бруто национален доход.

Одлуката за трајно замрзнување на средствата е донесена со користење на вонредна клаузула во правото на ЕУ, позната како член 122, која дозволува одлуките да се донесуваат со квалификувано мнозинство наместо со едногласност, потег што се смета за контроверзен во Брисел.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг