Connect with us

Инфо +

Алоо има ли некој во оваа земја еднаш да каже „Стоп, не оди повеќе вака“

Published

on

Оџакот продолжува да си чади а од државните институции или од Министерството за животна средина или некој да дојде, да погледне па тогаш да каже.

Има ли во оваа земја навистина некој јунак за да го сопре ова лудило или пак ќе треба да се покаже граѓанска непослушност, но тогаш да не реагираат надлежните исто како што сега молчат.

Алооооо има ли некој во оваа земја еднаш да каже „Стоп, не оди повеќе вака“ или пак нешто е друго во прашање па еве повеќе од година дена се молчи?

Господа, преземете нешто за да веќе утре не биде доцна.

Повеќе комарец

Македонија

Тони Коњановски – визионерот што ја преобразува Битола во модерен и просперитетен град

Published

on

Битола го менува својот изглед во модерен, топол, гостопримлив и развиен град, истакна градоначалникот Тони Коњановски по повод 80 години од ослободувањето на градот. Со нови инвестиции во патишта, училишта, детски градинки, енергетска ефикасност и културни проекти, Битола станува привлечна за инвестиции и нуди подобар квалитет на живот за своите граѓани.

Ја започнавме изградбата на влезот во Битола од Прилеп, со кој градот ќе добие влез каков што доликува

Изградивме нова улица кај новоотворениот трговски центар БЛИС

Изградбата на нова противпожарна зграда е во полн ек

Изградивме и реконструираме патна и подземна инфраструктура во должина од над 18 километри, со што ги подобруваме условите во урбаниот и руралниот дел на градот. Направивме нови паркинзи, хуманитарни паркинг простори, реконструирани се спортските игралишта во ОУ „Елпида Караманди“ и Брусничка населба и други инфраструктурни проекти за кои најмногу сакам да Ви се заблагодарам Вас почитувани граѓани за дадените предлози за време на буџетските форуми, но и за вашето трпение во оваа интензивна градежна офанзива на општината, во која работиме на многу локации, со цел колку е можно повеќе да ги подобриме условите во општината и да реализираме повеќе проекти.
Се грижиме за обезбедување на доволно згрижувачки капацитети за најмладите преку:

Интензивираната изградба на новата детска градинка во АРМ во партнерство со Кромберг и Шуберт, која е во напредна фаза

адаптацијата на новата детска градинка во Домот за доенчиња и мали деца,

Продолжување на изградбата на новата детска градинка кај основното училиште „Свети Климент Охридски“ со поддршка од ресорното министерство.
Рекреативниот и туристичкиот потенцијал на Битола, исто така мора да биде ставен во функција, затоа:

Започнавме со изградба на велосипедски патеки во должина над 5 километри со што конечно ја реализираме идејата „Битола вело град“

Со поддршка на ПСК Пелистер го возообновуваме опожарениот планинарски дом „Копанки“ и веќе со радост и гордост можеме да кажеме дека таму новиот објект е во напредна фаза и ќе се заложиме ова култно место за битолчани конечно повторно да ги отвори вратите за граѓаните

Уреден е Новиот парк во Нова Битола и поставена е урбана опрема и спортски реквизити

Изградена е пешачка патека на потегот Тумбе кафе – Смолево, омиленото место за рекреација на битолчани

По примерот на светските метрополи, осветлени се сите значајни архитектонски градби со што блесна најпознатата и најамбиентална улица во Битола, Широк Сокак, каде е поставена и нова урбана опрема.
Ги решаваме проблемите и градиме спортска инфраструктура

Во соработка со ФФМ го подготвивме стадионот „Петар Милошевски“ за ноќни натпревари и таму се одигра првиот натпревар под рефлектори

Реализирани се и повеќе проекти за подобрување на условите во основните и средните училишта во градот, проекти за поддршка на младите, учениците, студентите.
После многу напори и долги процедури, отворено е прифатилиштето за бездомни животни „Хачико“, како системски пристап во справувањето со проблемот со уличните кучиња.

Во делот на енергетската ефикасност, покрај спроведените субвенционирања, до крајот на годината, 10 училишта во Битола ќе добијат фотоволтаици, во процедура е подготвување на комплетна проектна документација за енергетска ефикасност на 3 училишта и една градинка, а преку 16-те проекти од Владата, основното училиште Стив Нумов, ќе добие нова енергетски ефикасна фасада.

Започнавме со засадување на 1500 различни видови садници, на 10 локации во градот, преку проектот EU4CleanAir. И од овој проект очекуваме дополнителни бенефити околку грејните инсталации на неколку јавни објекти.

Општина Битола е лидер во транспарентност и отвореност во државата според анализите на повеќе организации, за што континуирано сме насочени кон подобрување на услугите за граѓаните преку постепено воведување на електронски услуги и зголемување на ефективноста и ефикасноста на работата на локалната самоуправа.
Ова се дел од проектите на кои работевме изминатата една година. За 16 нови проекти веќе добивме владина поддршка во висина од 230 000 000 денари, а подготвуваме и проектна документација за реконструкција на девет спортски игралишта и изградба на две спортски сали во општина Битола.
Со голема посветеност најавуваме уште една интензивна градежна сезона идната година.
На ваков начин, со достојна почит кон делото на нашите предци кои се бореле за слободна Битола, денес ја продолжуваме нашата интелектуална борба за поубава и уредена Битола во која преку соживот и соработка, ќе ја градиме иднината на младите генерации.
Да останеме цврсти во нашата посветеност на принципите на слобода, правда за сите, почитување на човечкото достоинство и изградба на вистински вредности.
Ви благодариме на сите Вас, што ни се придруживте денес додека го славиме нашето минато и активно работиме за светла иднина.
Нека ни е честит големиот јубилеј – 80 години слободна Битола“, рече во своето обраќање градоначалникот Коњановски.

Промотивното видео може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

Зајкова упати повик за смирување на страстите и обединување на редовите на ЛДП

Published

on

Конкретна стратегија за подобри резултати со повеќе влијание во локалната самоуправа од претходно и подготвено да се влезе во локалните избори наредната година, ова се дел од заклучоците кои произлегоа од средбите помеѓу претставници од општинските организации во Источна Македонија и раководството на Либерално-демократската партија (ЛДП), предводено од претседателката Моника Зајкова.

„Има политички предлози, има организациски предлози, има предлози и за кандидати за градоначалници и советници, а има и такви кои повикуваат на предвремен конгрес. Овие последните се како обично, побучни и без конкретен предлог како тоа се прави во развиените демократии, најчесто заради лични, а не колективни интереси“, посочи претседателката Зајкова.

Зајкова додава дека треба да се водиме од колективниот и партиски интерес, а тој е подобри политики за граѓаните и подобри резултати.

„За разлика од малкумина бучни, мнозинството, потивките, се оние кои излегуваат со политички предлози, и тоа јасно либерални и идеолошки закотвени. И понекогаш, добро е да бидат потивки, затоа што мора да бидеме внимателни, веќе им прејде во навика на поголемите партии да прават copy&paste на наши предлози“, истакна Зајкова и повторно упати повик за смирување на страстите и обединување на редовите.

На средбата со претставниците од општинските организации од истокот на државата се разговараше и за идните чекори на партијата, нејзиното позиционирање и моменталните активности на партијата, особено по парламентарните избори годинава. На средбата претседателката Зајкова со присутните разговараше и за предлогот на ЛДП за намалување на данокот на добивка на 9%, за укинувањето на непотребните банкарски трошоци на граѓаните, но и за евроатлантската интеграција и за други решенија на проблеми и предизвици со кои граѓаните секојдневно се соочуваат.

Continue Reading

Свет

Иран го повика Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ кон Техеран

Published

on

Иран го повика новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ што ја спроведуваше против Техеран за време на неговиот прв мандат, изјави денеска иранскиот потпретседател за стратешки прашања Мохамед Џавад Зариф.

– Мора да сфати дека политиката на максимален притисок што тој ја иницира доведе до збогатувањето ураниум за нуклеарна бомба на Иран да достигне 60 отсто од 3,5 отсто, рече тој.

Зариф истакна дека Трамп треба да ги погледне и предностите и недостатоците на оваа политика, како и дали сака „да ја продолжи или промени оваа штетна политика“.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај, во четвртокот изјави дека се надева дека враќањето на новоизбраниот претседател во Белата куќа ќе му овозможи на Вашингтон да ги „ревидира погрешните пристапи од минатото“.

Претходно денеска Багај изјави и дека тврдењата дека Иран планирал да го убие новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се неосновани, наведувајќи дека тоа е заговор чија цел е да ги усложни прашањата меѓу Техеран и Вашингтон.

За време на неговиот прв мандат, Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор на Вашингтон и Техеран од 2015 година и нареди убиство на командантот на Иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани во Багдад во јануари 2020 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк