Connect with us

Инфо +

Како со 17.000 плата да купам три лаптопи за моите деца?

Засега, познато е дека стартот на учебната година би требало да почне од 1. октомври, наставата е планирано да се одвива комбинирано, но вчера министерот Филипче изјави дека доколку епидемиолошката слика е добра, можно е од ноември да се овозможи враќање во клупите и за повеќе групи ученици.

Сепак, на десетина дена од стартот на учебната година, полемиките околу начинот на одвивање на настава се’ уште траат, родители, наставници деца со поделени мислења.
Двете фејсбук групи, едната со членови поддржувачи на он лајн настава, и онаа со поддржувачи на настава со физичко присуство, секојдневно, активно постираат нивни размислувања, идеи, предлози, пренесуваат случувања.
 Во една од групите наидовме на емотивен статус, за тажната слика во едно семејство, создадена од потребните финансиски средства кои ги налага он лајн наставата. Ќе ви го пренесеме статусот, во целост:

„ЕДНА СЕПТЕМВРИСКА РОДИТЕЛСКА САГА

В.И. е болничар со кого работам повеќе од 25 години. Обично е расположен секогаш за разговор во текот на долгите и напорни дежурства на Клиниката, но последново дежурство беше некако замислен и отсутен. Упорно го прашував што го мачи и тишти, за со тешка мака и доза на срам ми признае, дека го плаши новата учебна година.

“Докторе, имам три училишни деца, а само еден стар неупотреблив компјутер, а ќе ми требаат 3 лаптопи. Со мојата скромна плата од 17.000 денари како да купам три лаптопи, бидејќи сите тројца ќе имаат ON LINE настава во исто време.

Решивме со жена ми да земам кредит, бидејќи друго решение нема. Ама проблемите не завршуваат тука. Дома имам најефтин интернет, ама децава ми тврдат дека тој не бил доволен ниту за еден лаптоп и ќе се потрошел за десет дена. За брз интернет ми требаат 2000 денари месечно. Ајде можеби и ќе скратам на јадење и ќе ги дадам, ама каде да најдам три посебни соби во кои секој ќе ја следи наставата. И да ги имав, џабе докторе, кога цела зима сите седиме во една соба која ја грееме со дрва.

Ова е само една од многуте тажни приказни, кои ги мачат родителите овие денови.

За квалитетна ON LINE настава, треба многу побогато и поправедно општество, се друго е илузија.“За жал, во коментарите, луѓе споделуваат дека таква е ситуацијата и во многу други семејства. 

Advertisement

Европа

Орбан: Поддршката за Украина преку кредити ќе ја плати младата Европа

Додека Брисел инсистира на финансиско обединување за воените потреби на Киев, Виктор Орбан предупредува на долгорочна економска стапица. Унгарскиот лидер го нарече предлогот за заеднички заем „коцкање со иднината“, нагласувајќи дека товарот на денешните воени трошоци не смее да падне врз плеќите на помладите генерации. Неговиот став е директен удар врз европското единство, нарекувајќи ја поддршката за овој план само уште една „депонија на бриселскиот хор“ која води кон долгорочна нестабилност.

Continue Reading

Европа

Траен мир, а не пауза во борбата – Песков го изнесува ставот на Русија

Москва нема намера да прифати „козметички“ решенија за конфликтот во Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, испрати децидна порака до Киев и Западот: Русија не е заинтересирана за краткотраен прекин на огнот кој би послужил само како параван за регрупирање на украинските сили.

„Не ни треба пауза што Украина би ја искористила за здив и продолжување на војната. Ние сакаме вистински мир,“ изјави Песков, ставајќи до знаење дека Москва ќе седне на преговарачка маса само доколку постои искрена волја за траен договор, а не за „неодржливи тактички маневри“. Според него, целта на Русија останува непроменета – остварување на воените цели и долгорочна безбедносна архитектура во Европа.

Continue Reading

Свет

Неочекуван пресврт во здравствената состојба на херојот од Сиднеј: Загубил многу крв, може да ја загуби раката

Ахмед ал Ахмед, минувачот кој вчера херојски успеа да го совлада и разоружа еден од напаѓачите во Бонди, изјави дека, и покрај тешките повреди и силната болка, повторно би го направил истото. Неговиот адвокат за миграции, Сем Иса, потврди дека Ахмед не жали за својот херојски чин, иако неговата здравствена состојба се влошила.

Ахмед е хоспитализиран во болницата „Сент Џорџ“ во Когара, каде се опоравува по првата операција. Тој има пет прострелни рани на левата рака, а еден куршум сè уште е заглавен во пределот на левата лопатка. Лекарите се загрижени поради сериозната загуба на крв и постои ризик дека би можел да ја изгуби раката.

Адвокатот истакна дека Ахмед е скромен човек кој не бара медиумско внимание и постапил од чувство на човечка и морална должност. По добивањето на австралиско државјанство во 2022 година, тој се чувствувал обврзан да ѝ помогне на заедницата која го прифатила.

Неговите родители велат дека, и покрај повредите, Ахмед е добро расположено. Мајката призна дека плачела од гордост кога дознала дека синот спасил животи, а таткото додаде дека Ахмед му се заблагодарил на Бога што им помогнал на невини луѓе.

Австралискиот премиер Ентони Албаниз и премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, го пофалија херојството на Ахмед, а поддршка упати и американскиот претседател Доналд Трамп. Во знак на солидарност, преку GoFundMe кампања се собраа над половина милион долари за неговото лекување и опоравување.

Ахмед ал Ахмед (44), сириско потекло, живее во Австралија од 2006 година, е сопственик на мал бизнис и татко на две мали ќерки. Неговото семејство и блиските велат дека без двоумење би го жртвувал сопствениот живот за да ги спаси другите.

Извор: newz24live.com

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг