Connect with us

Инфо +

Ахмети и Заев ќе ги менуваат знамето, грбот и химната на Македонија?

Претседателот на ДУИ Али Ахмети вчера во емисијата „Клан дебата“ откри дека со лидерот на СДСМ и коалиционен партнер Зоран Заев на маса веќе ги ставиле знамето и грбот на Македонија, а нова химна е само прашање на време.

– Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците. Што се однесува на химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви, рече Ахмети.

Во однос на спорот со Бугарија, пак, Ахмети посочи дека не се решава ниту со прес-конференции, ниту со лидерски средби.

– Треба да се седне и да се превземе одговорност, а јас гледам подготвеност кај Зоран Заев да земе одговорност, вели Ахмети.

Смета дека ако отвориме графа во Уставот и за Бугарите како што има за Турците, Србите итн, според него многу ќе го амортизира прашањето со Бугарија.

Ахмети откри и дека планираат соработка со СДСМ на локално ниво за изборите, зошто тоа е во интерес и на двете партии.

– Сме соработувале и за да се избери и градоначалникот на Град Скопје и таа комуникација и соработка испадна добра. Актуелниот градоначалник на Скопје комуницираше и соработуваше и со албанските општини и не правеше селективни политики, рече Ахмети.

Зборувајќи за ребрендирањето на партијата и зелената агенда, Ахмети посочи дека големите сили излегле со иста агенда, полагајќи многу внимание на животната средина.

– Ова ребрендирање нè приближува до НАТО затоа што и НАТО излезе со зелена агенда. Исто така по нас и Г7 се ребрендира, а и Еди Рама по нас излезе со таква агенда. Тоа значи дека ние се мериме со нив, не се мериме со СДСМ и со ВМРО- ДПМНЕ. Зачувувањето на животната средина нема идеолошка дефиниција, лево или десно, рече Ахмети.

Текст на Лидер мк

Свет

Кина изврши смртна казна врз поранешен директор за корупција

Кина го погуби Баи Тианхуи, поранешниот генерален директор на компанијата „Чајна Хуаронг Интернешнл Холдингс Лтд.“, осуден за примање мито во износ од 156 милиони долари. Егзекуцијата се изврши во градот Тјанџин по одобрување од Врховниот народен суд, јавува државната агенција „Синхуа“.

Со пресудата од мај 2024 година, Баи беше осуден на смрт, му беа одземени политичките права доживотно, а неговиот имот и нелегално стекнати профити беа конфискувани и вратени во државната каса. Врховниот суд го потврди решението на Вишиот народен суд Тјанџин, оценувајќи ги злосторствата на Баи како особено сериозни.

Баи имаше право на средба со своите роднини пред егзекуцијата, а неговата активност за примање мито се однесува на периодот од 2014 до 2018 година, кога незаконски стекнал 1,108 милијарди јуани (приближно 157 милиони долари).

Continue Reading

Балкан

Уапсен осомничениот за двојното убиство во Никшиќ

Полициски службеници од Регионалниот безбедносен центар „Југ“ и Одделот за безбедност Бар, во соработка со Секторот за гранична полиција, ја лоцираа и уапсија лицето осомничено за двојното убиство во Никшиќ, соопшти полицијата.

Осомничениот, Лазар Вулевиќ, беше пронајден во изолиран објект во Бар со помош на полициско куче и приведен во краток рок. Тој ќе биде предаден на Вишото државно обвинителство во Подгорица за понатамошна постапка со кривична пријава во законскиот рок.

Continue Reading

Свет

Голема трагедија во Мароко: Спасувачи трагaат по преживеани под урнатините

Во населбата Ал Мостакбал ал Масира во округот Зуага, Фес, станбени згради се урнаа ноќта помеѓу 9 и 10 декември, при што голем број жители останаа заробени под урнатините, објави мароканската новинска агенција МАП.

Локалните власти ги повикаа граѓаните да се држат подалеку од нестабилни згради и да пријавуваат структурни оштетувања. Спасувачките екипи интензивно работат на расчистување на урнатините во потрага по преживеани, а на социјалните мрежи се појавија видеа од операциите.

Семејствата кои останаа без дом ќе добијат итно сместување и помош, додека загриженоста за безбедноста на постарите работнички населби во Фес повторно се зголеми. Уривањето на дотраени згради не е невообичаено во Мароко, што дополнително ја потенцира потребата од итни реконструкции.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг