Connect with us

Инфо +

Kaквa e тaa дpжaвa кaдe нeкoи зa eднa гoдинa зapaбoтилe 10 милиoни eвpa, a мнoгy дpyги ocтaнaлe бeз плaтитe oд 200 eвpa?

Published

on

Зборувајќи за десетиците милиони пријавени како заработка на поедини приватни лаборатории во 2020 година, актерот Сашо Тасевски прашува каква е таа држава каде некои за една година заработиле 10 милиони евра, а многу други останале без платите од 200 евра. Луѓе без работа, се задолжуваа за да се спасат себе и блиските, потстува тој додавајќи – за оние другите да пријават дека заработиле 10 или 50 милиони евра. А колку милиони не пријавиле?

Луѓето се вакцинираат и си ќутат. Потоа одат на море некои од нив. Владее чудно затишје. Се зборува за нова глобална ковид бура од септември.

Чудно. Зашто стотици милиони прележаа, милиони се вакцинираа. Преку милион умреа. А телото препознава. Ако му дојде коронот од било кој сој, телото ќе му рече: Те знам педерче манастирско. Еднаш ми дојде непоканет на гости, ми се посра на тепих, ај сега мрш!

Значи телото е веќе спремно за таков гостин.

Затоа она со најавата на нов опасен бран звучи глупо. Не може да е пострашно од што беше. Не може.

Но она најстрашното е дека некои благодарение на заразата, за една година заработиле 10, 20, 50 милиони евра, чисти, со платени расходи, плати за вработени…Ова зборам за кај нас!!!!

Замислете 60 илјади луѓе останаа без работа за време на коронава, а некои други заработиле 10 милиони евра за една година во факинг Cевернава вукојебина.

Заработувале на грбот на болните и сите останати. И не плаќаа данок за тестовите кои ги наплаќа 4000 денари комад!!! На таа пара!

16 илјади евра од хоспитализиран ковид пациент!

Луѓе без работа, се задолжуваа за да се спасат себе и блиските, за оние другите да пријават дека заработиле 10 или 50 милиони евра. А колку милиони не пријавиле?

Каква е таа држава, каков е тој свет во кој некои за една година на име на пандемијата заработиле 10 милиони евра, а многу други останале без платите од 200 евра

Милионерите велат чесно ги заработиле. Нема тука ништо чесно.. Тоа се арам пари, исто како од воено профитерство.

Некаде таквите добиваат смртни казни, кај нас градат куќи и хациенди од два милиони евра, во шугавово Скопје. За да покажат колку чесно заработиле. И да ни покажат какви клошари сме во однос на нив.

Таков голем јаз меѓу нив и нас секогаш доведува до големи светски катастрофи. Секогаш. Слушајте го деде што ви кажува, пишува Тасевски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Свет

Иран доби нож во грб од својот најблизок “партнер”: Иран во моментов оставен сам на себе?

Published

on

Москва изјавила дека не е обврзана да му пружи помош на Иран во случај на американски напад, откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран дека „не смее да развива нуклеарно оружје“.

Во понеделникот, Трамп изјави дека САД директно преговараат со Иран за нуклеарната програма, за која западните земји стравуваат дека може да доведе до развој на оружје. Техеран тврди дека програмата се користи за мирнодопски цели и најави дека состанокот во Оман ќе се одржи преку посредници.

„Ако преговорите не успеат, тоа ќе биде многу лош ден за Иран“, изјави Трамп. Претходно, тој се закани со бомбардирање и дополнителни санкции ако не се постигне договор.

Заменикот министер за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко, изјави дека американски напад врз Иран би имал сериозни последици за регионот, но дека Русија е подготвена да помогне во посредувањето помеѓу Техеран, со кој има блиски воени односи, и Вашингтон.

Сепак, Руденко истакна дека Москва не е обврзана да му пружи воена помош на Иран во случај на конфликт.

Хамидреза Азизи, стручњак за Иран и истражувач во германскиот тинк-тенк SWP во Берлин, изјави за Newsweek дека иранските лидери се свесни дека во случај на американски напад, Иран би останал сам.

Continue Reading

Свет

НАТО формира коалиција за електромагнетно војување

Published

on

НАТО формира коалиција за електромагнетно војување.

Неколку партнери на НАТО формирале коалиција за поддршка на Украина во областа на „електромагнетното војување“, објави во петок германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Обраќајќи се на новинарите во Брисел пред состанокот на контакт групата за одбрана на Украина, Писториус најави дека Германија и нејзините сојузници ќе ја зголемат поддршката за Украина како одговор на руските напади.

„Како што знаете, помагаме на Украина да развие воени капацитети, не само за сега, туку и за периодот по војната“, рече Писториус.

Тој напомена дека сојузниците и партнери веќе формирале осум коалиции за поддршка на Украина во различни области, вклучувајќи артиљерија, оклопни возила и противракетна одбрана.

„Германија сега формира деветта коалиција, со десет партнери кои се приклучија до денес. Оваа коалиција ќе се фокусира на електромагнетно војување – сè повеќе важна област која вклучува обезбедување на сопствени комуникации, извидување, спречување на непријателски комуникации и одбрана од дронови“, додаде тој.

Претставници од околу 40 земји – главно сојузници на НАТО – се собраа во петок во седиштето на алијансата на 27-миот состанок на контакт групата за одбрана на Украина.

Велика Британија и Германија првпат заедно ќе го претседаваат состанокот, откако американската администрација го префрли водството на овој формат на европските сојузници.

Писториус додаде дека американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, ќе се приклучи на состанокот преку видеоконференција, додека специјална американска делегација ќе присуствува лично.

Continue Reading

Свет

Објавена вознемирувачка тајна на Европа: Дали Путин може да го искористи ова?

Published

on

Европскиот систем за противвоздушна одбрана е послабо подготвен од кога било и заостанува зад рускиот ракетен капацитет.

Европа се наоѓа во најранливиот момент во својата историја по однос на противвоздушната одбрана и значително заостанува во однос на рускиот ракетен капацитет во клучни сегменти, истакнува францускиот воен портал Meta Defence.

„Европа се соочува со Русија во ситуација каква што никогаш не постоела — изложена е на закана за која не е целосно подготвена. Денес, вооружените сили на европските земји располагаат со помалку од 50 батерии на системи за противвоздушна одбрана со долг домет, како што се Patriot, SAMP/T и S-300, од кои само половина имаат реални противракетни способности за одбрана од ракети со краток домет, како што е ‘Искандер-М’“, пишува порталот.

Според авторите на текстот, состојбата нема да се подобри значително до 2029 година, бидејќи само 35% од системите „земја-воздух“ кои се користат во Европа потекнуваат од европски производители.

„Во согласност со воената доктрина на САД, противвоздушната одбрана никогаш не била силна страна на европските армии“, се наведува во текстот.

Во март оваа година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика земјите-членки на ЕУ до 2030 година значително да ја зголемат инвестицијата во производство на системи за ПВО и ПРО, како и муниција, современи типови на дронови и системи за борба против беспилотни летала.

Поранешниот началник на Генералштабот на Француската војска, а сегашен командант на структурата на НАТО задолжена за трансформација на вооружените сили, Пјер Вандие, претходно призна дека Европа не успева да го следи темпото на развој на современи воени технологии и дека премногу долго развива вооружувања што до моментот на производство веќе застаруваат.

Рускиот претседател Владимир Путин повеќепати нагласи дека Москва не планира напад на земјите-членки на НАТО, бидејќи нема никаква стратешка корист за тоа. Путин исто така изјави дека политичарите на Запад ја користат реториката за руската закана за да го одвлекуваат вниманието на граѓаните од внатрешните проблеми на нивните земји, додавајќи: „Паметни луѓе совршено разбираат дека сето тоа е — лага.“

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк