Connect with us

Инфо +

Заев си измисли уште два англиски збора (ВИДЕО)

Published

on

Ublockage (анблокиџ) сакајќи на македонски да каже одблокирање и undipendent (андипендент) мислејќи да каже независно се двата нови зборови во англискиот јазик што вчера ги откри премиерот Заев во интервју за Дојче веле на англиски јазик.

Во интервјуто кое изобилува со фактички и мисловни неоточности но и политички манипулации Заев продолжува да користи англиски јазик иако е јасно дека не го познава доволно при што си дозволува да измислува нови кованици кои никој друг не ги користи.

Предходно Заев “измисли” неколку други англиски зборови како на пример “дискасити” сакајќи да каже дискутирање на англиски јазик.

Експрес.мк

Свет

Вознемирувачко видео: Баба и две девојчиња останале со денови заробени под рушевините, снимиле видео кое ја покажуваат нивната агонија

Published

on

Снимка по разорниот земјотрес во Мјанмар ja открива агонијата низ која поминала семејството заробено под урнатините од зградата.

Снимката покажува две девојчиња на 13 и 16 години, како и нивната крвава баба во просторија полна со урнатини, по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар во петокот.

Тие останале заробени додека бегале од својот стан на шестиот кат во вториот најголем град во земјата, Мандалај, близу до епицентарот на земјотресот, и трчале кон скалите за итни случаи.

Таткото на девојчињата во почетокот мислел дека неговите ќерки и мајка му загинале и испратил апел на социјалните мрежи да се најдат нивните тела.

Среќа што тие биле живи и успеале да земат телефони пред зградата да се урне.

„Моите ќерки снимија видеа, мислејќи дека ако тие и баба им загинат, можеби нивните телефони ќе бидат пронајдени и дека ќе ги видат родителите“, напишал таткото.

Тој рекол дека тие дури чуле и други луѓе заробени под нив во урнатините од зградата.

„Тие се повикуваа едни на други одозгора и одоздола, но не беше можно да се чуе звук однадвор. Како што поминуваа часовите, тие беа разочарани и се држеа за раце со баба им, плачејќи“, рекол тој.

Среќа што по неколку часа драма, спасувачите успеале да ги најдат и со помош на чекан направиле мала дупка за да им достават вода, но морале да отидат по дополнителна опрема.

Оставени сами на некое време, девојчињата ја презеле контролата во свои раце и со чекан направиле отвор за своето бегство.

„Тие сакаа да направат поголем отвор за баба им, но големите камења биле премногу тешки и двете сестри не можеле да ги поместат“, пишува во објавата на таткото.

Спасувачите се вратиле и успеале да ги спасат девојчињата. Нивната баба (75) се борела за воздух и не можела да помине низ отворот, но на крајот и таа била спасена.

Ќерките, по спасувањето, му раскажале на таткото што поминувало низ нивните глави.

„Во моментот кога цела надеж беше изгубена, ја наведнав главата во знак на почит и благодарност кон Буда што ни овозможи нашето семејство да преживее заедно“, му рекла една од ќерките.

Според последните податоци, повеќе од 2.700 луѓе загинале во Мјанмар по земјотресот, додека најмалку 18 лица загинале во Тајланд.

Continue Reading

Свет

Чудо во Мјанмар: Момче извлечено живо од под рушевините, пет дена после разорниот земјотрес

Published

on

Младо момче беше извлечено живо од урнатините на зграда во Мјанмар, соопштија вчера од пожарникарската служба. Момчето преживеало пет дена по разорниот земјотрес од 7,7 Рихтера, кој оставил најмалку 2.700 мртви.

Дваесетгодишното момче било извлечено од урнатините благодарение на напорите на спасувачките тимови од Мјанмар и Турција, во хотел кој се урнал во главниот град, Нејпјидо.

Спасувањето се случило околу еден час по полноќ по локално време.

Исто така, една жена беше извлечена жива од урнатините на зградата, под која била заробена 91 час. Шеесетгодишната жена била пронајдена жива во вторник утро, а потоа успешно спасена и пренесена во болница.

Continue Reading

Балкан

Бугарскиот пратеник Пејков додели по 1.500 евра на 18 семејства погодени од трагедијата во Кочани

Published

on

Бугарскиот пратеник Манол Пејков објави детали за распределбата на средствата што беа собрани за жртвите од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Според неговата објава на Фејсбук, по консултации со Кризниот штаб во Кочани, бил составен список од 18 семејства кои претрпеле најголеми загуби.

На 15 од нив веќе им се префрлени по 1.500 евра од донациите, додека за останатите три се чека отворање на банкарски сметки за меѓународни трансфери. Освен тоа, Пејков најави дека се задржани околу 13.000 евра за поддршка на жртвите на кои им е потребен подолг третман.

Досега, преку сметка и PayPal, биле собрани вкупно 39.952 евра од 624 донации. Од нив, 22.500 евра веќе се исплатени, 4.500 евра ќе бидат префрлени штом се отворат сметките, а останатите средства ќе се користат за понатамошна помош.

Пејков во својата објава изрази благодарност до сите кои учествувале во кампањата и остави можност за дополнителни донации преку фондацијата „Манол Пејков и пријателите“.

ЛИНК од објавата на пратеникот Пејков

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк