Connect with us

Инфо +

Србин по грешка поминал 23 дена во затвор во Куманово

Published

on

Српскиот државјанин Д. М. (52), раселено лице од Приштина, кое беше уапсено во Северна Македонија на 7 јули за наводно воено злосторство извршено на Косово по налог на УНМИК, денеска беше ослободен, откако пристигнаа докази дека се работи за погрешен човек.

Како што изјави неговиот адвокат, Илија Поп Костов, за „Косово Онлајн“, неговиот клиент бил уапсен поради промена на неговиот идентитет, односно за истото име и презиме со лицето барано за воени злосторства.

Беше незаконски приведен и од денеска е на слобода по одлука на судија на претходна постапка, и по барање на јавен обвинител. Утврдено е дека погрешно лице е уапсено, а притворот веднаш бил укинат и тој бил ослободен“, рекол Поп Костов.

Државјанинот на Србија е уапсен е откако ја поминал границата, кога заедно со сопругата заминале на одмор во Охрид.

Потоа му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а по наредба на дежурен судија, тој бил однесен во затворот во Куманово, а адвокатот на уапсениот Д.М., побарал неговиот клиент да биде пуштен на слобода, додека тој самиот ги негирал сите наводи во обвинението каде е обвинет за убиство и нанесување тешка телесна повреда.

Свет

Паника во Москва: Експлозија во лимузината на Путин?

Published

on

Лимузината „Аурус“ од официјалната флота на рускиот претседател Владимир Путин експлодирала на улица северно од седиштето на московската тајна служба ФСБ во Лубјанка, вели Б92.

На видеата се гледа дека пожарот кој избувнал во моторот на „аурус сенат“ вреден близу 330.000 евра се проширил и во внатрешноста на возилото.

Се уште не е познато кој управувал со автомобилот кога се случил инцидентот. Се верува дека лимузината е во сопственост на Одделот за управување со средства на рускиот претседател.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Свет

3.136.000 денари за фамилиите од настраданите во пожарот од ФК МКУД ИЛИНДЕН И ПРИЛЕПСКОТО ДРУШТВО

Published

on

ФК Рокдејл Илинден , заедно со партнерите , вклучително и неколку друштва, собраа нешто три  милиони денари за помош на настраданите во пожарот во Кочани.

Во текот на следните денови сите средства ќе се префрлат на номинираните индивидуални банкарски сметки на семејствата на загинатите и повредените во трагичниот пожар во Кочани, Македонија.

Оваа иницијативе не би бил возможна без прекрасната поддршка од голем број корпоративни партнери.

Исто така, бевме поддржани во нашето собирање средства и ги поздравивме значителните придонеси од следните поврзани организации,

· Австралиско македонско друштво – Методија Андонов – Ченто, Сиднеј
· МКУД Илинден – Сиднеј
· Мариово Сиднеј
· Bankstown City Lions FC

Би сакале да им се заблагодариме на сите поддржувачи и членови кои присуствуваа на натпреварите минатата недела и кои донираа за оваа достојна кауза.

ФК Рокдејл Илинден упатува молитви и срдечно сочувство до семејствата и најблиските на сите оние кои загинаа во овој трагичен настан.

Бејсајд Советот на парламентот на NSW Maso Cup Timco Mucunski #PrayersForMacedonia #InOurSarts #RockdaleIlindenFC @followers @top fans #wearerockdaleilindenfc
𝗞𝗢𝗖𝗔𝗡𝗜 𝗔𝗣𝗣𝗘𝗔𝗟 · Vi blagodarime

Continue Reading

Европа

Европа во неверување: Холандската полиција откри од која европска држава бил напаѓачот во Амстердам

Published

on

Мажот кој во четвртокот избоде пет лица во центарот на Амстердам е 30-годишен Украинец од источниот регион Доњецк, соопшти полицијата во саботата.

Тој се сомничи дека во попладневните часови на четвртокот, во близина на познатиот Плопштад Дам, без разлика на жртвите, со повеќе ножеви нападнал пет лица. Напаѓачот бил уапсен со помош на случаен минувач, при што се здобил со повреда на ногата.

Мажот, кој се пријавил во хотел во Амстердам во средата, ќе се појави пред судија на 1-ви април, кој ќе одлучи за неговото продолжување во притвор.

Полицијата сè уште не го утврдила мотивот за нападот и истрагата продолжува.

Жртвите на нападот се: 26-годишен Полјак, 73-годишен Белгиец, 19-годишен Амстердамец и жена на 67 и маж на 69 години, државјани на САД. Полјакот е отпуштен од болница, додека останатите жртви се хоспитализирани, но во стабилна состојба, соопшти полицијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк