Connect with us

Инфо +

Десетмина “тигри“ рачно ги гаснат корењата под земја кои не дозволуваат да биде изгаснат пожарот кај Сарај

Ситуацијата со пожарот што веќе неколку дена гори во Општина Сарај е специфична, затоа што откако ќе биде изгаснат продолжуваат да горат корењата под земја и тој повторно се разгорува, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

-Во овој момент трае работен состанок на којшто присуствуваат офицери за врска од европскиот механизам за цивилна заштита и француски експерти за гаснење на високоризични пожари. Разгледана е вчерашната состојба и договорена е стратегија за утрешниот ден и тој потоа. Во Сарај е специфично.



Откако огнот првично ќе изгаси, потоа почнува да гори подземно, да гори коренот. Од тие причини 10 припадници на полициските специјални единици придружени со француските инструктори се спуштија од врвот на планината каде што гори овој пожар при дното, при што рачно ги изгасија видливите точки, рече Ангелов.

Тој додаде дека точките се тешко видливи и од хеликоптер и затоа за утре се договорени 30 припадници на полициските специјални единици со соодветна опрема, заедно со француските експерти и четири француски дронови со термални камери за откривање на оган, со цел да се пронајдат критичните точки кои го распалуваат огнот во шумата.

Денеска, според прегледот на активни пожари, како што беше соопштено на прес-конференцијата на ЦУК, во Општина Сарај, пожарот над селата Раович и Букојчо, односно над нив, сѐ уште е активен на непристапен терен и се дејствува со два хеликоптера на Армијата за да се изгасне.

Во Неготино, кај селото Барово, пожарот е сѐ уште активен, гори сува трева и нискостеблеста шума, таму интервенираат противпожарни возила, како и комуналното претпријатие. Во Петровец, Скопско, кај село Дивље, пожарот е локализиран. Во Виница пожарот на градската депонија сѐ уште тлее, но е локализиран.

Advertisement

Свет

Кина изврши смртна казна врз поранешен директор за корупција

Кина го погуби Баи Тианхуи, поранешниот генерален директор на компанијата „Чајна Хуаронг Интернешнл Холдингс Лтд.“, осуден за примање мито во износ од 156 милиони долари. Егзекуцијата се изврши во градот Тјанџин по одобрување од Врховниот народен суд, јавува државната агенција „Синхуа“.

Со пресудата од мај 2024 година, Баи беше осуден на смрт, му беа одземени политичките права доживотно, а неговиот имот и нелегално стекнати профити беа конфискувани и вратени во државната каса. Врховниот суд го потврди решението на Вишиот народен суд Тјанџин, оценувајќи ги злосторствата на Баи како особено сериозни.

Баи имаше право на средба со своите роднини пред егзекуцијата, а неговата активност за примање мито се однесува на периодот од 2014 до 2018 година, кога незаконски стекнал 1,108 милијарди јуани (приближно 157 милиони долари).

Continue Reading

Балкан

Уапсен осомничениот за двојното убиство во Никшиќ

Полициски службеници од Регионалниот безбедносен центар „Југ“ и Одделот за безбедност Бар, во соработка со Секторот за гранична полиција, ја лоцираа и уапсија лицето осомничено за двојното убиство во Никшиќ, соопшти полицијата.

Осомничениот, Лазар Вулевиќ, беше пронајден во изолиран објект во Бар со помош на полициско куче и приведен во краток рок. Тој ќе биде предаден на Вишото државно обвинителство во Подгорица за понатамошна постапка со кривична пријава во законскиот рок.

Continue Reading

Свет

Голема трагедија во Мароко: Спасувачи трагaат по преживеани под урнатините

Во населбата Ал Мостакбал ал Масира во округот Зуага, Фес, станбени згради се урнаа ноќта помеѓу 9 и 10 декември, при што голем број жители останаа заробени под урнатините, објави мароканската новинска агенција МАП.

Локалните власти ги повикаа граѓаните да се држат подалеку од нестабилни згради и да пријавуваат структурни оштетувања. Спасувачките екипи интензивно работат на расчистување на урнатините во потрага по преживеани, а на социјалните мрежи се појавија видеа од операциите.

Семејствата кои останаа без дом ќе добијат итно сместување и помош, додека загриженоста за безбедноста на постарите работнички населби во Фес повторно се зголеми. Уривањето на дотраени згради не е невообичаено во Мароко, што дополнително ја потенцира потребата од итни реконструкции.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг