Connect with us

Инфо +

Македонец од Малта објави сметки за стpyja и вода: Повелете споредете ја со нашите во Македонија (Фото)

Published

on

Дарко Јовчевски од Ckoпје кој работи и живее на Малта, на својот Фејсбук профил објави сметка за вода и струја која тој ја добил за повеќе од 2 и пол месеци на оваа островска земја.

Веpyвале или не, сумата на сметката изнесува само 26 евра, или нешто над 1.500 денари за потрошувачка на електрична енергија и вода во временски период од 2 и пол месеци.

“Во Малта 26 € сметка за повеќе од два и пол месеци и тоа за вода и стpyjа. За стан во кој живееме двајца.

Наздравје нека ни е поскапувањето на струјата во Македонија.

И пази сега, Малта ckopо целата струја ја увезува од Италија, и скоро целата вода ја преработува од морската и ја прави од солена во слатка. А Македонија во голем процент сама произведува стpyjа и на секој чекор имаш извори со вода.

А јас како и цимерот peдовно се тушираме (значи трошиме вода). Бојлерот е постојано вклучен, а веќе од мај и климата. Машината за перење скоро секој ден ја вклyчуваме.

Па, вака да се понашам у Македонија ни 100% поврат на ДДВ нема да ме опpaи”, напиша Дарко.

Свет

СКАНДАЛ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Осум лица се обвинети за корупција

Published

on

Обвинителот наведе дека од осумте лица, тројца остануваат во притвор, тројца се задржани под електронски надзор, а двајца се ослободени, пренесе Ројтерс.

Осум лица се обвинети за корупција, перење пари и учество во криминална организација по истрагата за сомнеж за поткуп во Европскиот парламент (ЕП), наводно во интерес на кинеската компанија Хуавеј, соопшти денеска белгискиот јавен обвинител.

Обвинителот наведе дека од осумте лица, тројца остануваат во притвор, тројца се задржани под електронски надзор, а двајца се ослободени, пренесе Ројтерс.

ЕП објави дека добило барање од белгиските власти да помогне во истрагата и дека наскоро ќе одговори.

Белгиските обвинители на 13 март објавија дека уапсиле неколку лица под сомнение дека примале мито во ЕП, наводно во корист на кинеската компанија Хуавеј.

Белгиските истражители извршија рација на 21 локација во Белгија и Португалија на 13 март, а оттогаш судијата нареди да се запечатат канцелариите на двајца помошници европратеници.

Обвинителите рекоа дека корупцијата се одвивала „многу дискретно“ од 2021 година под маската на комерцијално лобирање и вклучувала плаќања или подароци, како што се храна и патни трошоци.

Обвинителите рекоа дека поткупот бил во корист на Хуавеј.

Компанијата рече дека сериозно ги сфаќа наводите и има политика на нулта толеранција за корупција и други незаконски постапки.

Continue Reading

Свет

Маск ја менува стратегијата? Милијардерот со нова изјава поврзана со Европа

Published

on

Американскиот технолошки милијардер Илон Маск изјави денес дека се надева дека во иднина ќе постои целосно слободна трговија помеѓу Соединетите Американски Држави и Европа.

Маск, советник на претседателот Доналд Трамп, кој работи на намалување на трошоците на американската влада, зборуваше преку видео-линк на конгресот на италијанската десничарска партија Лига, одржан во Фиренца, пренесе Ројтерс.

„На крајот, се надевам дека ќе се договори дека и Европа и Соединетите Американски Држави би требало, по мое мислење, да преминат на нулта царинска ситуација, ефективно создавајќи зона на слободна трговија помеѓу Европа и Северна Америка“, истакна Маск.

Според плановите на Трамп, објавени во средата, Италија, која има голем трговски суфицит со САД, ќе биде подложена на општа царина од 20 отсто, заедно со другите земји од Европската унија.

Маск, кој повеќепати изразил поддршка за десничарските партии низ Европа, исто така изјави дека се надева дека ќе постои поголема слобода на движење помеѓу Европа и САД.

„Ако луѓето сакаат да работат во Европа или сакаат да работат во Северна Америка, по мое мислење, треба да им се дозволи тоа“, рече Маск и додаде дека тоа дефинитивно би било негов совет за претседателот на САД, Доналд Трамп.

Continue Reading

Свет

Разбиена голема нарко банда во огромна акција на полицијата, запленет тон кокаин, но откриена и нова криминална шема

Published

on

Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила еден тон кокаин откако разбила банда поврзана со криминалната група „Хелс Енџелс“ (Анѓели на пеколот), која криумчарела наркотици преку пристаништето во Валенсија, на истокот на Шпанија.

Шпанија е една од главните европски влезни точки за кокаин од Латинска Америка, пренесува шпанскиот портал Infobae.com.

Операцијата, која ја предводел Европол, резултирала со апсење на 20 лица, од кои половина се задржани во притвор, стои во соопштението на полицијата.

Во соопштението се додава дека две лица биле уапсени во Белгија, едно во Франција, а останатите во Шпанија. Некои од уапсените биле поврзани со огранокот на бандата „Хелс Енджелс“ во Белгија и претежно биле вклучени во процесот на контрола и преземање на пратки со дрога, соопштува шпанската полиција.

Бандата наводно криумчарела кокаин скриен во контејнери кои од Латинска Америка пристигнувале во пристаништето Валенсија, а до дрогата доаѓале користејќи таканаречени „луѓе пајаци“ кои се качувале на контејнерите, ги обивале користејќи клешта или рачни пили и го извлекувале кокаинот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк