Connect with us

Инфо +

На прекрасен начин ги испративме: Словенечките пожарникари се враќаат дома

Published

on

Гордо ги поздравуваме пожарникарите кои успешно ја завршија мисијата и сега му кажуваат збогум на Македонија на граничниот премин Табановце, стоеше во кратката објава на нивниот официјален профил.

Словенија испрати помош на државата за справување со пожарите и огнените стихии, а повеќе од 100 словенечки пожарникари деноноќно заедно со АРМ, колегите од Австрија, Бугарија и локалното население, се бореа со огнот во Берово, Пехчево, Делчево и целиот малешевски-пијанечки регион.

Жителите на Берово пак синоќа со голем аплауз и музика ги испратија пожарникарите од Словенија кои помагнаа во гасењето на пожари во овој регион


Македонија

Најголем дел од доказите за Груби се тука, вели Агелер

Published

on

Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека е задоволна што поранешниот вицепремиер Артан Груби е на црната листа на САД. За случајот со Груби вели дека е објавен кога е завршен, а не затоа што тој паднал од власт. Aмериканската амбасадорка уште вели дека нејзина работа како амбасадор е да има средби и со македонски функционери кои се дел од истрагите за црната листа.

Агелер во поткастот на македонско-американската алумни асоцијација од серијалот интервјуа за борба против корупција, вели дека за случајот што тој е обележан од американските власти, доказите се на дофат на македонските власти, но како што рече, тие не се орган на прогонот.

„Доказите се тука, најголемиот дел од нив, не сите. Може да се отвори случај од она што е достапно тука и во регионот и тоа е она што ние како амбасада се надеваме дека ќе се случи, но исто така ние не сме орган на прогонот. Јас нема да му влезам никому дома, но се надевам дека ова поттикнува акција и можам да кажам дека последните неколку имиња на црната листа навистина предизвикаа реакција“, вели Агелер.

Aмериканската амбасадорка уште кажа дека нејзина работа како амбасадор е да има средби и со македонски функционери кои се дел од истрагите за црната листа.

„Но, знам да препознаам луѓе кои лажат в лице кога велат дека се борат против корупција“, рече Агелер во поткастот на македонско-американската алумни асоцијација од серијалот интервјуа за борба против корупција.

Continue Reading

Македонија

Минчев поднесе претставка до Инспекторатот поради оглас за вработување со вклучено „етничка припадност“

Published

on

Министерот за јавна администрација Горан Минчев како физичко лице, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд барајќи вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од селото Липково.

Во претставката Минчев укажува на сериозни неправилности во објавениот јавен оглас број 03-204/3, со кој се бараат четири нови вработувања на неопределено време.

Според огласот, критериумите за вработување вклучуваат етничка припадност, што е во спротивност со Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за работните односи и Правилникот за задолжителните елементи на јавните огласи, информираа од неговиот кабинет.

„Ова е директно нарушување на принципите на еднаквост и недискриминација. Законот е јасен – вработувањата во јавниот сектор треба да се базираат на квалификации, компетенции и транспарентност, а не на етничка или друга дискриминаторска основа“, истакна Минчев.

Како министер, но и како граѓанин, Минчев посочи дека ваквите случаи ја нарушуваат довербата во институциите и ги охрабрува граѓаните да се борат за почитување на своите права.

„Должни сме да изградиме праведен систем, кој функционира еднакво за сите. Политичката волја за почитување на законите мора да биде основен принцип на секоја јавна институција. Само така можеме да создадеме силна и правична држава“, нагласи Минчев.

Претставката до Државниот инспекторат за труд е поднесена со цел да се утврди дали во конкретниот случај постојат основи за прекршување на законите. Минчев повика Инспекторатот да спроведе темелна истрага и да информира за преземените мерки.

Continue Reading

Инфо +

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И ОД СНЕГ: Западните и северозападните предели од Македонија во пресрет на надоаѓање на снежен бран!

Published

on

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на влажен воздушен бран од северозапад, во следните часови во северозападните  и во западните предели од Македонија ќе започнат врнежи, кои најпрвин ќе бидат од дожд на пониските места, и од снег на повисоките места  и на планините. Во текот на денов ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Во текот на ноќта, кон сабота во раните утрински часови, врнежи ќе има на повеќе места, особено во западните  и во северозападните предели 0д Македонија, каде врнежите ќе бидат обилни и локално ќе наврне над 25 литри воден талог на метар квадратен.

Поради спуштање на многу поладен воздух од Арктикот кон Македонија, врнежите полека ќе преминуваат  во снег и во делови од градовите во западните и во северозападните предели од Македонија, а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен Долж Повардарието.

Овој бран позначително ќе ја зголеми постојаната снежна покривка на планините  и на Скијачките центри, а помала снежна покривка ќе се формира и во повисоките населени места во западните  и во северозападните предели од Македонија.

Во Скопскиот регион со овој бран ќе има повремени врнежи од дожд, додека на околните планини, а потоа  и во повисоките делови од котлината ќе има повремени послаби врнежи од снег, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите позначително ќе опаднат, особено до утре наутро кога ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени. Во Скопје до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 2 степени, а максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк