Connect with us

Македонија

Денеска во 19 часот протест во Скопје и Битола против присилна вакцинација

ПРОТЕСТ НЕДЕЛА, 15 АВГУСТ, 19 ЧАСОТ

Почитувани,



Ве известуваме дека по повод најавените противуставни, противзаконски и противчовечки мерки, луѓето масовно се организираат за протест во недела (15.8.2021) во 19h пред Сообранието. Постојат повеќе групи и настани кои ја објавија оваа вест, но сите обединети и со истата цел.



Мое тело, мој избор!

Постоењето на хипотетичка, а не реална опасност не може и не смее да биде основ за пречекорување на црвената линија и своеволно наметнување медицински експерименти врз здрави луѓе, против нивната волја.



За ваквата тенденција на носителите на политики предупредуваме веќе две години. Знаевме од претходно благодарение на бројни доблесни научници и доктори кои водени од Хипократовата заклетва, здравјето на луѓето го ставија пред нечиј финансиски интерес, ризикувајќи ги нивните кариери, за нас, луѓето.

Да се приклучиме и да истраеме обединети до остварување на заедничката цел!

КОГА НАУКАТА НЕ Е ЕДИНСТВЕНА, КОГА СТРУКАТА НЕ Е ЕДИНСТВЕНА МОРА ДА ПОСТОИ ПРАВО НА ИЗБОР!



Линкови до групите/настанати формирани за оваа цел:
https://www.facebook.com/groups/324516909396482/
https://www.facebook.com/events/213350900605040/
https://www.facebook.com/events/868398857439263/

За мерките „за справување со пандемијата“ поради кои се организира протестот, можете да прочитате повеќе на следниот линк:

https://www.facebook.com/VladaMK/posts/4337686502957174

Здраво друштво Битола стартова со протест во 19 часот не во 12 но јас сметам дека не само на 15 ти туку што повеќе, секојден треба ова да трае да не отстапуваме луѓе ова е режим па не сме овци бре ние! Секој си има право на слободна воља иако јас сум строго против овај геноцид! Ова мора да престане и не само тоа туку да не се повтори никогаш!! Апелирам за што помасовни собири и што погласни! Доста е молк!

Advertisement

Македонија

ВЛЕН: По 24 години конечно закон за правично застепеност

Коалицијата ВЛЕН го поздравува позитивното мислење на Комисијата на Венеција за Законот за правично и соодветно застапување, кој беше претставен од заменик-премиерот Арбен Фетаи, со што се дава зелено светло за процесот што ја затвора 24-годишната чекање.

Овој закон е доказ дека кога постои политичка волја, принципот на правично застапување не останува само на зборови, туку се претвора во закон. Правичното застапување се движи напред, базирано на европски стандарди и принципот на меритократија.

ВЛЕН е решен ова прашање да не остане повеќе предмет на политички игри, туку да добие целосно законско решение, за професионална, функционална и инклузивна јавна администрација за сите заедници.

За 24 години ова прашање се користеше за реторика и политички калкулации, без да се постигне законско решение. Денес, ВЛЕН го затвора овој период, претворајќи го правичното застапување во закон.

Continue Reading

Македонија

Седум од десет Македонци против покачување на платите на судиите и обвинителите

Според последното истражување на јавното мислење на порталот МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет Вижн, македонските граѓани се изразито против покачување на платите на судиите и јавните обвинители.

Одговорите покажуваат дека 73,6 отсто од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, додека само 14,8 отсто сметаат дека повисоките плати се оправдани. Најголем дел од граѓаните оценуваат дека покачувањето на платите нема да придонесе за подобрување на состојбата во македонското правосудство.

Истражувањето било спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со CAТI метод – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници.

Резултатите ја потврдуваат недовербата на граѓаните кон правосудниот систем и укажуваат на потребата од реформи и зголемена одговорност во судството.

Continue Reading

Македонија

Детонации на Криволак: се уништуваат експлозиви запленети пред 15 години

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во координација со Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, согласно однапред изготвен план, преземаат мерки и активности за уништување на голема количина минско-експлозивни средства.

Минско-експлозивните средства, кои биле запленети пред цели 15 години и складирани во касарната „Ѓорче Петров“, денеска се транспортираат до армискиот полигон „Криволак“ со товарни возила на АРМ. Уништувањето ќе се спроведе во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал.

Процесот на уништување ќе го реализираат полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од Армијата на Република Северна Македонија и пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, преку контролирана детонација.

Фактот што станува збор за прво уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години укажува дека безбедносните ризици во минатото не биле третирани со потребната сериозност. Денешната активност претставува јасен сигнал дека со одговорен пристап, зголемена посветеност и професионално раководење, безбедноста на граѓаните конечно се става на ниво кое одамна било неопходно.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг