Connect with us

Инфо +

Шилегов: Драги скопјанки, почитувани скопјани, ова е новата Универзална сала (Фото)

Published

on

Некаде на почетокот на јуни на одговор на новинарско прашање, кажав дека влегуваме во изборна кампања и дека во периодот што следи, ќе се изнаслушаме се’ и сешто (особено за мене), но и дека немам намера да се занимавам со ниските страсти и изопачената политичка логика на ДПМНЕ, туку дека мојата цел беше, е и ќе биде да се занимавам со проблемите на Скопје и скопјани, кои што скоро 3 децении се таложеа во нашиот град како резултат на нивното некадарно и волунтаристичко водење на градот.

Тие последици, тие проблеми ги решаваме чекор по чекор. Работејќи на вистинските негови приоритети и потреби на граѓаните.

Еден од децениските проблеми, еве веќе се решава. Драги скопјанки, почитувани скопјани, ове е новата внатрешност на Универзална сала !!!

Балкан

Катастрофа во Албанија: Половина милион кокошки уништени поради птичји грип – цените лудуваат!

Published

on

Птичјиот грип Х5Н1 за само еден месец предизвика вистински хаос во албанската живинарска индустрија. Според официјалните податоци од Министерството за земјоделство, двете најголеми компании во земјата, „Реас“ и „АИБА“, претрпеа огромни загуби – угинаа вкупно 497.986 кокошки, а уништени се и над 975.000 јајца поради контаминација.

Жариштето на вирусот било лоцирано во областа Рашбул, кај Драч, каде што беа регистрирани и првите случаи. Заразената живина е уништена со процес на палење, но албанските власти не открија детали за точната локација.

Како последица на кризата, во цела Албанија веќе се чувствува сериозен недостиг од јајца, а цените на пазарот вртоглаво растат. Потрошувачите реагираат со загриженост, додека производителите бараат итна државна поддршка за санирање на штетите.

Continue Reading

Свет

Туск удира со цврста рака: „Полската граница е ЗАТВОРЕНА – не верувајте на Путин и Лукашенко!“

Published

on

Премиерот на Полска, Доналд Туск, денеска најави жестока информативна кампања насочена кон седумте земји од каде што доаѓаат најмногу мигранти, со цел да ги одврати од обидите за илегален влез преку белоруската граница.

„Нашата порака ќе биде едноставна: Полската граница е затворена! Не им верувајте на шверцерите, не му верувајте на Лукашенко, не му верувајте на Путин! Сето тоа се лаги – ова не е патот до Европа!“, изјави Туск, обвинувајќи ги Минск и Москва за организирање на мигрантската криза.

Полска веќе постави пет метри висока ограда со висока технологија за надзор и распореди илјадници војници, полицајци и граничари кои патролираат 24/7. Според официјалните податоци, повеќе од 30.000 мигранти се обиделе илегално да ја преминат границата само во 2024 година.

Иако Туск не откри кои се седумте земји вклучени во кампањата, јасно порача дека Полска нема да дозволи нејзината безбедност да биде доведена во прашање.

Continue Reading

Свет

Бројот на загинати во Мјанмар достигна 3.354, народот и спасувачките екипи во моментов имаат огромен проблем поради хунтата

Published

on

Моди, од друга страна, повика на траен прекин на огнот во граѓанската војна во Мјанмар и нагласи дека изборите мора да бидат „кредибилни“, соопштил вчера портпаролот на Министерството за надворешни работи на Индија.

Откако во 2021 година војската го симна избраниот цивилен владин состав предводен од Аунг Сан Су Чи, лидерството на Мјанмар се соочува со големи потешкотии во управувањето со земјата, што доведе до колапс на економијата и основните услуги, вклучувајќи ја здравствената заштита, известува Ројтерс.

Граѓанската војна што следеше по воениот удар принуди повеќе од три милиони луѓе да бегат, додека гладта и несигурноста во снабдувањето со храна зафатија повеќе од третина од населението.

Според податоците на ОН, повеќе од третина од популацијата на Мјанмар сега има потреба од хуманитарна помош.

Флечер вчера беше во Мјанмар, во вториот по големина град, Мандалај, кој се наоѓа во близина на епицентарот на земјотресот.

Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права соопшти дека хунтата го ограничи снабдувањето со помош во областите погодени од земјотресот каде заедниците не ја поддржуваат хунтата.

ОН истражуваат 53 извештаи за напади од страна на хунтата на нејзините противници. Портпаролот на хунтата не одговори на повиците за коментар.

Земјотресот со јачина од 7,7 степени ја погоди Мјанмар на 28 март, а епицентарот се наоѓал околу 16 километри од Мандалај, вториот по големина град во земјата.

Срушени се згради во неколку градови и населби, вклучувајќи го железничкиот и патниот мост на автопатот Рангу-Мандалај. Се случи и силен дополнителен земјотрес од 6,4 степени според Рихтеровата скала.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк