Connect with us

Македонија

Заев ги ОТВОРИ вратите за БЕГАЛЦИ од Авганистан

Published

on



Скопје, 15 август 2021 (МИА) – Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Северна Македонија ги информирала САД дека стои на располагање да помогне за да се спасат животите на цивилно население од Авганистан.

-Авганистан се соочува со можна хуманитарна катастрофа и затоа ние како Влада, ги информиравме нашите стратешки партнери САД дека стоиме на располагање да помогнеме согласно нашите капацитети и потребите. Со цел да се спасат животите на локалното население, информиравме дека спремни сме да преземеме и прифатиме цивилно население од Авганистан кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија, како и преземање и прифаќање активисти од демократските хуманитарни организации и од организациите за човекови права во Авганистан, се посочува во изјавата на Заев за МИА.

Како што потенцира тој, државата е подготвена да обезбеди сместување во хотели и одморалишта, а оперативата и трошоците за време на нивниот престој до обезбедување трајна дестинација, целосно би биле покриени од страна на САД.

-Ние сме солидарна земја, нашиот народ и нашето општество секогаш давале поддршка и помош, исто како што сме добивале помош при огромни катастрофи. Заеднички со САД ќе ги планираме идните чекори за натамошното постапување, посочува премиерот Заев.

Во Авганистан, во овој момент има и стотина македонски граѓани со кои е воспоставена комуникација. Тие, како што потенцира Заев, се чувствуваат безбедно, а компаниите за кои работат имаат обезбедено планови за евакуација.

-Исто така, пријателски земји изразија подготвеност при евентуални организирани летови за евакуација да бидат на располагање и за граѓаните на Република Северна Македонија, нагласува Заев во изјавата за МИА.

Претходно, денеска поранешната државна секретарна на САД Медлин Олбрајт на „Твитер“ им се заблагодари на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија што се согласиле да им дадат засолниште на жените и децата на лидерите на цивилното општество.

Македонија

Малолетници принудувале врснички полово да ги задоволуваат, за што поседувале и снимки

Published

on

Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив. Ова го пријавила 37-годишна битолчанка во текот на вчерашниот ден во МВР.

„37- годишна жена од Битола пријавила дека двајца малолетници од Битола во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзина другарка полово да ги задоволуваат за што поседувале и видео материјал“, велат кусо од МВР.

Во консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Published

on

Во далечната 2000 година Коста Шапков беше 55-годишен машинобравар. Сега има речиси 80 години, се радува на своите внуци и на секој нов ден. Први март 2000 година, 16 часот се денот и часот кои тој вечно ќе ги памети, како почеток на неговиот втор живот. Шапков беше првиот пациент во Клиника Жан Митрев, кога врз него беше изведена првата бајпас операција во Македонија.

Пред неколку години, Шапков скромно изјави дека „некој морало да биде прв“.

„Ете, мене така ми се погоди. Не се надевав дека со мене и моето име ќе се испише историјата“, рече Шапков.

И основачот на клиниката, д-р Жан Митрев, овој датум и овој час ќе го памети вечно, бидејќи тогаш се ставија темелите на тогашната Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“, која подоцна прерасна во Клиника Жан Митрев, а тој ја изведе првата бајпас операција. Зафатот траеше повеќе од четири часа и заврши успешно, а во една прилика, д-р Жан Митрев изјави дека оваа операција била неговата најтешка, опишувајќи ја како „операција на духовното срце на Македонија“ и реализација на една визија, означувајќи нова ера во македонската кардиоваскуларна хирургија. 

Кочанчанецот Шапков во далечната 2000 година почувствувал болка во градите, веднаш се упатил во болница и бил препратен во Скопје. На скопската клиника му било кажано дека таква интервенција не може да се направи и како опција му била препорачана Бугарија. 

„Таму јас не можев да одам, а веќе имав чуено за д-р Жан Митрев и сакав да се оперирам кај него. И по некое временавистина добив телефонски повик, да дојдам и да почнам со испитувањата. Кога дојде д-р Жан Митрев, ми рече, Коста, тебе прв ќе те оперираме, работата е критична. Јас реков оперирајте, мора некој да биде прв“, раскажа Шапков. 

Оттогаш поминаа 25 години, а оваа визија продолжи да се развива, со што Клиниката Жан Митрев се етаблира како лидер во медицинската иновација и врвната здравствена нега во регионот. 

Во 2002 година, клиниката ја изведе првата операција на отворено срце врз буден пациент, што исто така претставуваше значителен напредок во медицинската пракса. 

Понатаму, продолжија да се бројат успесите, иновациите и воведувањето нови напредни медицински технологии. Годинава, Клиника Жан Митрев одбележува 25 години постоење, а срцето на првиот пациент сѐ уште силно чука, како сведок на почетокот на првото отворање на вратите на хируршките сали кои ќе ја сменат иднината на кардиоваскуларната хирургија во Македонија.    

Continue Reading

Македонија

Викендов почнува летното сметање на времето

Published

on

Престојниот викенд почнува летното сметање на времето. Ваквата промена доаѓа согласно календарот кој предвидува последниот викенд од месец март да се поместат стрелките на часовникот.

Летното сметање на времето годинава почнува на 30 март во два часот по полноќ, со што часовниците ќе се поместат еден час нанапред односно на 03:00 часот… Ова значи дека недела, 30 март, деноноќието наместо 24, ќе има 23 часа.

Во последните години голем број земји се залагаа за укинување на летното сметање на времето, па поттикнати од тоа, во 2016 година Европската унија покрена иницијатива за да се одреди едно време кое ќе биде унифицирано за сите држави на континентот, но обидот остана неуспешен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк