Connect with us

Инфо +

Нови мерки: Задолжителна вакцина за да одите во кафеана или на кафе, забранет влез во „Сити мол“, „Рамстор мол“, „Капитол“ за невакцинираните граѓани

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 99-та седница ги донесе најновите мерки, протоколи препораки за заштита на здравјето на населението од КОВИД – 19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести.

Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19 или

– сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители/гости/лица, задолжителнo e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката. Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на КОВИД – 19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.

Овие мерки стапуваат на сила по нивното објавување во „Службен весник“, односно од утре 18 август 2021 година.

Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните КОВИД – 19 документи.

Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови ќе треба сертификати за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена. Но, посочи и дека оваа мерка ќе се применува и за затворените молови како што се „Сити мол“, „Капитол“, „Рамстор мол“.

„Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите, велат од Владата.

За влез во овие објекти потребно е: – сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Advertisement

Балкан

Атина: 38 приведени за време на годишнината од убиството на тинејџерот

Во центарот на Атина вечерва избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17-годишнината од убиството на Александрос Григоропулос. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а 38 лица беа приведени, од кои осум се уапсени.

Тензии се појавија кога дел од демонстрантите се обидоа да се упатат кон квартот Егзархија, но полицијата ги спречи. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на властите.

Слични протести се одржаа и во Солун, каде беа приведени десет лица. Убиството на 15-годишниот Григоропулос во 2008 година останува симбол на борбата против полициската бруталност, а годишнината и годинава беше обележана со судири и засилено полициско присуство.

Continue Reading

Балкан

Брод со мигранти се превртел кај Крит: 18 загинати, двајца преживеани

Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 загинати мигранти покрај брегот на Крит, јави грчката јавна телевизија ERT News. Двајца преживеани изјавиле дека ја изгубиле контролата над бродот за време на бура, останувајќи на отворено море без вода и храна.

Сè уште не е познато од каде потекнуваат жртвите, а форензичарите и истражителите работат на утврдување на околностите околу несреќата. Моќна бура беснее во морето околу Крит, со налети на ветер над 90 километри на час.

Според УНХЦР, криумчарски банди продолжуваат да испраќаат мигранти по опасната рута од Тобрук во Либија кон Крит, а речиси 17.000 мигранти пристигнале на островот до почетокот на декември 2025 година.

Continue Reading

Свет

260 животи загубени – Индија испраќа тим во САД да открие што се случило

Индија следната недела ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледаат податоците за смртоносната несреќа на авионот на компанијата „Ер Индија“ од јуни, јавува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Истражителите ќе соработуваат со Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и ќе ги анализираат податоците од црната кутија, како и информации од пилотската кабина на авионот. Целта е индиските експерти да ги споделат наодите и да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата.

Засега нема официјална потврда за посетата на тимот од страна на САД. Во авиoнесреќата што се случи во јуни загинаа 260 лица.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг