Connect with us

Инфо +

Може ли четиричлено семејство да го помине месецот со 20.000 денари ?

Мало  поскапување има на минималната кошничка во земјава. 

Во август минималните потреби на домаќинствата чинеле 33.538 денари.

Тука спаѓаат потребите на едно домаќинство за храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки и друго. 

Според податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за вредноста на синдикалната минимална кошница, најголем дел од средствата оделе за исхрана и пијалаци  41,81 отсто или 14.022,45 денари. 

Потребите за домување изнесувале 10.780,47 денари или 32,14 отсто, за хигиена биле потребни 2.366,04 денари, за превоз 2.466,69 денари, за облека и обувки 2.118,95 денари.

За култура во август едно домаќинство одвоило 1.066,79 денари или 3,18 отсто, а за одржување на здравјето 716,20 денари или 2,14 отсто.

На четиричлено семејство во јули му биле потребни повеќе од 33.000 денари за основни потреби. Точната сума е 33.265 денари за задоволување на основните месечни потреби.

Mинимално зголемување има на трошоците за живот. 

Дел од намирниците поскапеле, а кај дел има и поевтинување. 

Трошоците минатиот месец во однос на претходниот месец скокнале за 0,5 отсто, а цените на мало пораснале за 0,8 отсто. 

За нормален живот во Македонија се потребни најмалку 32.854денари за просечно четиричлено семејство, да може во нормални услови да го помине месецот.

Tака барем пресметале во извештајот на Сојузот на синдикати на Македонија за минималната потрошувачка кошница за месец март . 

Според тоа најмногу пари граѓаните потрошиле за храна или 13.798 денари, додека за сметки минатиот месец македонците платиле минимим 10.414 денари.

За чистење на домот и за лична хигиена на едно просечно семејство биле потребни најмалку 2.324 денари, за превоз 2.154. Додека за облека и обувки биле потребни 2.154 денари, а за културни настани просечно четричлено семејство во Македонија за месец март издвоило 1.070 денари. 

Advertisement

Свет

Брисел подготвува строги казни за мигрантите – земјите-членки под притисок

Брисел – Земјите-членки на Европската унија се подготвуваат да поддржат значително заострување на миграциската политика, вклучувајќи воспоставување „центри за враќање“ на мигранти надвор од територијата на ЕУ.

Министрите за внатрешни работи денеска во Брисел ќе гласаат за предлозите на Европската комисија, кои предвидуваат построги казни за мигранти со одбиени азилски барања, враќање во „безбедни земји“ и принудно напуштање на територијата на ЕУ. Дополнително, пакетот вклучува распределба на најмалку 30.000 баратели на азил меѓу земјите-членки, при што земјите што нема да примаат мигранти ќе плаќаат по 20.000 евра за секое лице.

И покрај намалувањето на нелегалните влегувања за околу 20% оваа година, европските влади се под притисок да преземат акција, особено поради растот на крајнодесничарските партии. Данска и неколку други земји силно го поддржуваат пакетот, додека Франција и Шпанија го доведуваат во прашање легалитетот и ефективноста на предложените мерки.

Активистите предупредуваат дека новите мерки можат да го зголемат ризикот и правната неизвесност за мигрантите, додека ЕУ се обидува да постигне компромис до крајот на годината во услови на политички чувствително прашање.

Continue Reading

Свет

Половина Киев без струја по руски напади врз енергетскиот систем

Киев – Околу половина од населението на украинскиот главен град Киев денес остана без електрична енергија по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура на земјата, соопшти Министерството за енергетика.

„Ситуацијата во Киев е една од најтешките – околу 50 проценти од потрошувачите во градот се без струја“, се наведува во официјалното соопштение на Телеграм.

Русија го зголеми бројот и интензитетот на нападите врз гасните и енергетските постројки на Украина, насочувајќи ги кон централи за производство на електрична енергија и далноводи. Трите украински нуклеарни централи, кои произведуваат повеќе од половина од електричната енергија на земјата, беа принудени да го намалат производството поради оштетувања на далноводите.

Како резултат, операторот на електричната мрежа, Укренерго, ги ограничи испораките на електрична енергија, оставајќи цели региони без струја. Прекините влијаат и на греењето и снабдувањето со вода, а жителите на Киев и околината во изминатата недела добиваат електрична енергија околу десет часа дневно.

Continue Reading

Свет

Мерц: „Не ни требаат САД за да ја заштитиме демократијата во Европа“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц жестоко ги отфрли критиките на САД кон Европската Унија, изразени во неодамна објавената Стратегија за национална безбедност на Вашингтон.

„Не ни требаат Американците за да ја спасиме демократијата во Европа“, рече Мерц, додавајќи дека делови од документот се „неприфатливи“ за Европа.

Изјавата доаѓа во време на интензивни дипломатски напори меѓу САД и ЕУ за наоѓање заедничка основа за решавање на конфликтот во Украина, како и по неодамнешната казна на Европската комисија против компанијата за социјални медиуми X, која предизвика реакции од американската страна.

Во документот на САД се предупредува на економски пад и „цивилизациско уништување“ на Европа, предвидувајќи дека континентот може да стане „непрепознатлив за 20 години или помалку“ ако сегашните трендови продолжат.

Мерц, пак, истакнува дека Европа има капацитет и ресурси сама да ја заштити својата демократија и безбедност, нагласувајќи ја независната улога на континентот во глобалната политика.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг