Connect with us

Инфо +

Заев: Дa пoкaжeмe чoвeчнocт дa им пpyжимe paкa нa бeгaлцитe, тие се миротворци

Published

on

Да покажеме човечност и да им пружиме рака на авганистанските бегалците кои деновиве се очекува да пристигнат во нашата земја, порача денес премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека Авганистан била една од првите земји кои покажале солидарност по скопскиот земјотрес во 1963 година, а Македонија како земја која учествувала во мировните мисии во Авганистан уште од 2002 година, сега кога на авганистанците им е најтешко, треба да им понуди гостопримство.

„Станува збор за миротворци, за луѓе кои што работеле во меѓународни агенции, за новинари, интелектуалци, жени, деца…“, рече Заев, кој додаде дека нашата земја никој не ја натерал, туку самата се понудила да згрижи дел од овие луѓе.

Тој рече дека бројката која што до сега е договорена за прифаќање на околу 450 лица може да се промени за нови 50-70 или 90 лица доколку се покаже таква потреба.

Веќе се знае каде ќе бидат сместени бегалците од Авганистан, објасни Заев, додавајќи дека нашата земја ќе го обезбеди превозот од аеродромот до хотелите, како и бесплатна вакцинација за оние кои што се уште не се вакцинирани (повеќето од нив биле вакцинирани со оглед дека работеле за странски мисии и компании во Авганистан), потоа на бесплатен здравстен преглед на сите на кои тоа им е неопходно, како и бесплатно ПЦР тестирање.

Европа

Тенковите „Леопард“ и „Абрамс“ неефикасни на бојното поле во Украина

Published

on

Германските тенкови „Леопард 2“ и американските „Абрамс“ се покажаа неефикасни на бојното поле во Украина, признаваат во двете земји-донатори на оружје и воена опрема на Киев во војната со Русија.

Германските тенкови „Леопард 2“ и американските „Абрамс“ се покажаа неефикасни на бојното поле во Украина, признаваат во двете земји-донатори на оружје и воена опрема на Киев во војната со Русија.

Во доверлив транскрипт до Министерството за одбрабна на Германија од состанокот меѓу германското воено аташе стационирано во Киев и околу 200 војници на Бундесверот, дипломатот ги откри тешкотиите со кои се соочуваат Украинците во ракувањето со тешкото вооружување.

Тенковите „Леопард 2“ се ранливи на беспилотни летала, како и тенковите воопшто. Сепак, комплицираниот дизајн на „Леопард 2“ ја отежнува поправката на бојното поле, што значи дека оштетените „леопарди“ мора да се испратат до специјализирани тимови за поправка во западна Украина или дури да одат сè до Полска за да се поправат и одржуваат.

Слични проблеми се појавуваат и кај американскиот тенк „Абрамс“.

Во декември Џек Саливан, поранешен американски советник за национална безбедност, призна дека тенковите „Абрамс“ испорачани од САД „не се најкорисната опрема“ за Украина, пишува британски „Телеграф“.

Украинските медиуми објавија дека, како и „леопардот“, логистичкото одржување на тенкот е „преголем товар“.

Германија во 2023 година ѝ испрати 18 „леопарди“ на Германија, вредни 10 милиони долари секој, за кои Киев веруваше дека би можеле да го променат текот на војната, но не излезе така. Овие оклопни борбени возила со дострел од 2 км и со максимална брзина на движење од 72 км/ч функционираат добро кога имаат воздушна поддршка, но во Украина се лишени од неа. 

Од околу 80 „абрамси“ што доби Киев од САД и од Австралија, за најмалку 20 се известува дека се уништени, оневозможени или запленети.

Марк Хертлинг, пензиониран генерал на американската армија, во јуни минатата година за Си-Ен-Ен изјави дека тенковите „Абрамс“ се технолошко чудо, но тие имаат огромни барања за одржување.

„Тие се неверојатни тенкови, но им треба софистициран синџир на снабдување за да работат. Потрошувачката на гориво е огромна и тие бараат специјализирано одржување што би можело да ги оптовари постојните можности на Украина“, рече тој.

Киев пријави слични проблеми и со тенкот „Челинџер 2“ дониран од Велика Британија, при што еден украински екипаж изјави за „Сан“ минатата година дека тие често се расипувале и не можеле лесно да се поправат.

Continue Reading

Свет

Трамп со нова изјава: „Милиони луѓе страдаат поради три личности“

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски, обвинувајќи го дека дозволил избувнување на војната во Украина. Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп напиша дека „Зеленски и Бајден направија апсолутно ужасна работа дозволувајќи оваа пародија да започне“.

Тој истакна дека, доколку останел во Белата куќа по првиот мандат, конфликтот никогаш немало да започне. „Ако претседателските избори во 2020 не беа НАМЕСТЕНИ – а беа, на многу начини – оваа ужасна војна немаше ни да се случи“, напиша Трамп, ден по балистичкиот напад на руската армија врз украинскиот град Суми.

Ова не е првпат Трамп да го напаѓа Зеленски – во минатото го нарече и „диктатор“, иако подоцна го повлече тој коментар. Во текот на својата претходна кампања, Трамп повеќепати повторуваше дека војната немаше да се случи доколку тој бил на власт.

Во разговор со новинари, Трамп го оцени Зеленски како некомпетентен, заедно со поранешниот американски претседател Џо Бајден. „Ако Бајден беше компетентен, и ако Зеленски беше компетентен – што не сум сигурен дека е – оваа катастрофа ќе можеше да се спречи“, рече Трамп, додавајќи: „Не започнуваш војна со некој кој е 20 пати поголем од тебе, а потоа се надеваш дека ќе добиеш проектили од други“.

На крајот, Трамп заврши со остра констатација: „Милиони луѓе страдаат поради три личности“.

Continue Reading

Свет

Поранешен аналитичар на ЦИА: “Зеленски се обидува да го измами Трамп”, откриени детали од планот

Published

on

Поранешен аналитичар на ЦИА: Зеленски се обидува да го измами Трамп користејќи го нападот во Суми

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да го искористи неодамнешниот напад во Суми за да добие дополнителна американска поддршка, предупредува поранешниот аналитичар на ЦИА, Лари Џонсон, во интервју за „Спутник“.

– Западот е исцрпен, и речиси финансиски банкротиран. Украина се обидува преку нападот врз нејзините трупи во Суми, очајнички да изнуди поголема помош – вели Џонсон, оценувајќи дека ситуацијата се користи како дел од поширока стратегија за манипулација пред американската јавност и претседателот Доналд Трамп.

Според него, Русија покажува неверојатно трпение последниве три години, и додава:

– Да беше обратно, и Русија да ги снабдуваше непријателските сили на САД со оружје и разузнавачки информации, Вашингтон тоа ќе го прогласеше за акт на војна.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека со ракетен систем „Искандер“ бил погоден објект во Суми каде што се одржувал состанок на украинскиот команден штаб. Според нивните податоци, при нападот загинале повеќе од 60 украински војници, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврдеше дека имало и офицери од земји-членки на НАТО.

Џонсон се повикува и на напис од „Њујорк тајмс“, каде новинарот Адам Ентос наведува дека американскиот генерал Каволи директно учествувал во планирањето на цели во Русија, користејќи американско оружје.

– Тоа не се поединечни акции. Станува збор за систематски операции со јасна поддршка и координација – истакнува Џонсон.

Тој смета дека Москва треба појасно да стави до знаење дека ќе се брани сè додека Западот не престане со воената и разузнавачка поддршка за Киев. Притоа, напомена дека Трамп сè уште нема дадено официјален коментар за нападот во Суми, алудирајќи на неговата позната непредвидливост.

Во заклучок, Џонсон потсетува на настанот во Буча од 2022 година, за кој вели дека бил искористен од западните сили за да се саботираат мировните преговори.

– Тогаш Украина имаше силна армија, полни складишта и широка поддршка. Денес, Западот е уморен, ослабен и не може да продолжи да го води овој конфликт со истиот интензитет – заклучува Џонсон, предупредувајќи дека Зеленски се обидува повторно да ја „игра истата карта“, но дека шансите за успех се сè помали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк