Connect with us

Инфо +

Груевски: Заев не е ништо поразличен од Талибанците, а сега ќе спасува Авганистанци од суд

Published

on

Заев ќе прифаќа бегалци од Авганистан за да се спасат од талибанците и талибанскиот суд, а создаде по талибанско правосудство во Македонија кое целосно го контролира за случаите кои му се важни и кое обвинува и осудува по негова нарачка.

Ако кај талибаците е доволно да те осудат затоа што си бил нивни противник, не е ништо поразлично и во Македонија по доаѓањето на Заев и СДСМ на власт. Не им требаат ни реални докази, ни реални сведоци, ни сторено кривично дело. Откога ќе падне наредбата од промоторот на концептот “живи луѓе има да јадеме кога ќе дојдеме на власт”, сѐ се фабрикува, потоа сите се прават глуви и слепи, секој во системот гледа да не настрада и се тече по издадената наредба. Така беше и така е со повеќе десетици осудени во предметите од 27. Април, на кои, за да им дадат високи затворски казни, им дадоа, односно им измислија лажна квалификација за терористичко загрозување на уставниот поредок, која предвидува такво нешто независно што таа квалификација не соодветствува со реалноста, но кога власта односно првиот нејзин човек решил така тогаш тоа слепо се извршува. Се спроведува по секоја цена.

Така повеќе десетици политички затвореници лежат во затвор со целосно измислена квалификација. Така е и со другите политички предмети, тргнувајќи од случајот “Тенк” (блиндираното возило на чија набавка “сум влијаел за да остварам корист”, а користа била ништо друго туку што неколку пати “ме превезувале со тоа возило”) каде е изречена пресуда без елементарни докази дека е прекршен Законот и во една постапка за која и талибанците “можат да позавидат”. Така е и со обвинението за случајот со протестите во општината Центар каде во отсуство на материјален или законски прибавен доказ, главните сведоци беа советниците во општина Центар од партијата СДСМ кои оркестрирано посведочија дека иако не сум бил таму тие го почувствувале “мојот дух” на протестите (да, ова сериозно го кажаа повеќето од нив). Тоа им создало чувство на страв и несигурност и иако никој не бил повреден или удрен, тоа беше доволно за квалификација насилство и негово поттикнување. Претпоставувам многумина неупатени мислат дека ова е некаква моја шега, ама не е. Реалност е.

Така беше и со политичкиот прогон кон Сеад Кочан чија главна вина беше што имаше телевизија која не ги подржуваше политиките на СДСМ, а не тендерот за ископ кој го добил и сработил, за кој со цел не само да го затворат туку и да го банкротираат му го натоварија не само профитот, туку целиот приход од истиот, иако најголем дел од тој приход завршил како трошок за изведување на работите. И да не ги редам сите случаи, валидни докази за прекрасен закон немаше во ниту еден друг предмет за кој водат или завршиле постапки. Има само оркестрирана медиумска пропаганда на контролираните од нив медиуми, т.н. “аналитичари и експерти” и стратегијата дека стопати повторена лага станува вистина. Елементарни докази нема, ниту пак може да има за оној случај кој неодамна го започнаа каде ме обвинуваат дека сум купил и продал земја и дека сум купил два помали станови, кои всушност ги изнајмував, а за што имам и склучен договор за закуп.

Ниту сум купил и платил, ниту сум продал нешто од ова, но судење пред изборите мора да има, а ќе се потрудат од септември да биде на неколку дена за да биде алатка во изборниот процес за локалните избори. Сосема случајно, судот ќе направи таков распоред и до локалните избори ќе лечат комплекси со мене и другите обвинети.Талибанскиот начин на судење се виде уште денес според она што го видов од медиумите, кога адвокатот по службена должност, кој самиот суд го избрал и назначил да биде дел од постапката им пуштил преставка во судот укажувајќи дека незаконски е да водат судско рочиште за кое претходно обвинетиот не е сослушан за предметот и нема дадено изјава во обвинителството пред да му биде пуштено обвинение за тој предмет за кој сакаат да го обвинат.

Им укажал дека обвинителите постапиле спротивно на закон и направиле злоупотреба на службената должност што судијата на претходна постапка го известиле дека имало таква активност, а немало, па денес се правдале дека станува збор за техничка грешка, чија последица ќе биде да има, наместо да нема судење, но очигледно судот кој е под невиден притисок и е заробен од еден човек во владата, ниту денес немал простор и храброст да прифати дека се работи спротивно на закон. Па така, целосно противзаконски започнаа судска процедура за предмет во кој ниту јас ниту било кој од обвинетите немаат сторено никакво кривично дело, предмет во кој немаат ниту финансиски вештачење, предмет кој планираат да го завршат со 2-3 силно уценети сведоци од нивна страна, без ниту еден материјален доказ дека нешто сум купил, платил, продал и наплатил или дека од некаде сум прибавил пари за такво нешто, ниту пак реално можат да го имаат бидејќи такво нешто не постои.

Оттука само по себе се наметнува прашањето чиј одговор го знаат сите: што е разликата од македонското до талибанското правосудство?Видов во медиумите и дека нервозни од ситуацијата, крајно невообичаено и сомнително почнале да ги менуваат службено од нив назначените адвокати, па така денес како што известија медиумите се појавил дури трет по ред назначен од државата адвокат, бидејќи очигледно првите два не им подлегнале да станат дел од оваа валкана игра, а прашање е дали воопшто некој адвокат ќе им се нафати и ќе подлегне да биде дел од овој монтиран случај, бидејќи адвокатите се искусни и знаат дека независно на исходот и пресудата, прашање на време е само кога овој политички процес изрежиран во владините канцеларии ќе биде демонтиран и ќе се бара одговорност на секој кој бил дел од него.
Во Авганистан по 20 години дојдоа на власт талибаците и нивните судови кои судат по нивни правила и нарачки. Во Македонија петта година имаме талибаско правосудство под контрола на Зоран Заев во кое неподобните судии се разрешуваат со образложение дека се прави некаков ветинг. И премиер, и министри, и лажни и уценети сведоци, кој мислат дека вечно ќе биде вака како што е сега. Дека ние ќе бидеме толку многу години осудени и уништени, што тие вечно ќе се мирни, спокојни и среќни.Нема да биде така!!!

Свет

Макрон ќе успее да ја порази Русија?

Published

on

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе стане претставник на Европа во преговорите со руското раководство за склучување мир во Украина, објави „Дејли телеграф“, повикувајќи се на извор во Елисејската палата.

Според изворот, се вели дека францускиот лидер е подготвен да ја преземе лидерската улога „кога е вистинското време“. Сепак, изворот нагласи дека досега не е дојдено вистинското време.

Како што забележува изданието, „коалицијата на подготвените“ (група земји подготвени да ги финансираат и да учествуваат во мировните напори во Украина во случај на договор за прекин на огнот) го турна Макрон на таков чекор, посочувајќи дека претходно одржувал близок контакт со рускиот претседател Владимир Путин. Во меѓувреме, според изданието, британскиот премиер Кир Стармер не планира да преговара со Москва.

Претходно „коалицијата на подготвените“ дојде до заклучок дека барем еден европски лидер треба да влезе во директен дијалог со Путин на тема Украина.

Оваа недела, Александар Стуб, финскиот претседател, рече дека Британија и Франција треба да го преземат водството на какви било разговори со Путин, пишува весникот.

„Моја лична желба би била тоа да го прават нашите претставници на „коалицијата на подготвените“. Со други зборови, Франција или Обединетото Кралство“, рече Стуб, цитиран од изданието.

Според прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, Кремљ сѐ уште не добил сигнали од Европа за подготвеноста за дијалог и желбата да организира преговори со рускиот лидер.

Во март, Макрон им рече на новинарите дека ќе биде подготвен да го продолжи дијалогот со Путин кога и Европа и Украина ќе одлучат дека е дојдено време.

Continue Reading

Свет

Скандал во Украина: СЕ БОГАТЕЛЕ СО НАБАВКА НА ХРАНА ЗА ВОЈСКАТА, КУПУВАЛЕ ХОТЕЛИ И ВО ХРВАТСКА

Published

on

Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) откриле проневера на 733 милиони украински гривни (16,5 милиони евра) при набавка на храна за украинската армија.

Во аферата се осомничени поранешниот прв човек на Министерството за одбрана, сопственик на фирма за снабдување, двајца директори на фирми и уште едно лице. Тие се обвинети за проневера на државни средства во услови на целосна руска инвазија, пишува „Украинска правда“.

Истражителите откриле дека во текот на 2022 и 2023 година, залихите со храна за војската биле дистрибуирани преку претходно склопени „комплети за храна“ избрани од каталог од 409 артикли. Сепак, само 10% од тие производи – како зеленчук, житарици, месо и вода – редовно се нарачувале. Останатите, вклучувајќи зачини, желатин или бобинки, ретко или никогаш не се нарачуваа поради нивната сезонска природа.

Јајцата чинеле 0,37 евра по парче

„Овој систем им овозможил на добавувачите да манипулираат со цените – вештачки надувувајќи ја цената на производите со голема побарувачка, додека ги намалуваат цените на непопуларните или сезонските производи (како што се цреши или кајсии).

Во очи, немало прекршок бидејќи вкупната цена на комплетот останала непроменета. Сепак, компирот, испорачан во илјадници тони, чини цело богатство, додека сезонското овошје, кое ретко се нарачува, имало многу ниска цена“, се наведува во соопштението за печатот на НАБУ.

Експертската анализа потврди дека две фирми на ист сопственик на овој начин незаконски заработиле 16,5 милиони евра. Дел од средствата потоа се насочуваат под превезот на дивиденди и финансиска помош за поврзани компании. Инспекторите се сомневаат дека парите биле искористени за купување хотели во Хрватска и други имоти.

По широко распространетите медиумски извештаи, вклучително и оние за јајца кои чинат 17 украински гривни (0,37 евра) по парче, осомничените ги намалија цените на 11 од најбараните производи.

Continue Reading

Свет

Еден од најсмртоносните напади: Русите во ракетниот напад убија деца на игралиште, плач одекнува во родниот град на Зеленски

Published

on

Најмалку 18 лица, меѓу кои девет деца, загинаа во руски ракетен напад врз населен дел од градот Криви Рих во централна Украина, јавуваат украински и странски медиуми.

Локалните власти тврдат дека нападот е еден од најсмртоносните во Украина во 2025 година. Нападот на родниот град на претседателот Зеленски предизвика пожари и оштети на 20 станбени згради и повеќе од 30 возила. Шефот на воената управа на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак, соопшти дека повеќе од 30 лица се хоспитализирани, меѓу нив и тригодишно дете.

Во нападот беа повредени 61 лице, вклучувајќи 12 деца. Четириесет повредени се во болница, а останатите добиваат помош дома. Лисак изјави дека ова е страдање што не би му го посакал на најголемиот непријател.

Претседателот Зеленски го осуди нападот, велејќи дека „сите руски ветувања завршуваат со ракети, беспилотни летала и бомби“. Министерството за одбрана на Русија тврди дека цел бил воен собир на украински команданти и западни инструктори, при што, според нив, 85 лица биле убиени. Украинската армија го негира тоа, нагласувајќи дека ракета погоди станбена зона.

Криви Рих бил нападнат со балистичка ракета „Искандер-М“, која експлодирала во воздух. По нападот следувале напади со дронови, кои ги погодиле цивилните домови, предизвикувајќи четири пожари. Меѓу загинатите е и 56-годишна жена, која била во својот дом кога бил нападнат.

Пожарникарите успеале да ги изгаснат пожарите, а оштетени биле пет згради, извести министерот за внатрешни работи, Игор Клименко.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк