Connect with us

Инфо +

Адеми: 80% од бегалците што ќе ги примиме се вакцинирани, од угледни организации

Голем дел од бегалците кои ги очекуваме се вакцинирани, околу 80%, рече истакна во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител, советникот за надворешна политика во владиниот кабинет, Едмонд Адеми.

Ќе ги згрижиме оние бегалци од Авганистан што ни помогаа како членка на НАТО. Македонија, односно оние луѓе, кои работеле заедно со нашата мисија во Авганистан, што работеле за нашата армија и НАТО, како и новинари, миротворци, преведувачи, рече тој.

Рече дека засега не се знае точно кога ќе пристигна бегалците, бидејќи, како што вели, тешко се пристигнува до аеродромот во Кабул, уште потешко се пристигнува до т.н. гејтови.

Како дел од меѓународната коалиција покажавме дека сме спремни да помогнеме, низ историјата и Македонците и Албанците и другите народи имале слични настани и покажале дека се солидарни во вакви моменти. Европската унија порано или подоцна ќе сфати дека нивната улога е подееднакво важна за спасувачката мисија, бидејќи тие луѓе работеле за нивните амбасади. Верувам дека ЕУ ќе сфати дека има подеднакво одговорна улога за спасувањето на жените, децата и други категории на граѓани, кажа Адеми.

Советникот на премиерот додаде дека станува збор за 650 лица кои се членови на семејства на вработени во Националниот демократски институт, „Отворено општество“, Обединетите нации, но и новинари, дописници на Би-Би-Си, Њујорк Тајмс, како и студенти на меѓународни универзитети.

Advertisement

Европа

Орбан: Поддршката за Украина преку кредити ќе ја плати младата Европа

Додека Брисел инсистира на финансиско обединување за воените потреби на Киев, Виктор Орбан предупредува на долгорочна економска стапица. Унгарскиот лидер го нарече предлогот за заеднички заем „коцкање со иднината“, нагласувајќи дека товарот на денешните воени трошоци не смее да падне врз плеќите на помладите генерации. Неговиот став е директен удар врз европското единство, нарекувајќи ја поддршката за овој план само уште една „депонија на бриселскиот хор“ која води кон долгорочна нестабилност.

Continue Reading

Европа

Траен мир, а не пауза во борбата – Песков го изнесува ставот на Русија

Москва нема намера да прифати „козметички“ решенија за конфликтот во Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, испрати децидна порака до Киев и Западот: Русија не е заинтересирана за краткотраен прекин на огнот кој би послужил само како параван за регрупирање на украинските сили.

„Не ни треба пауза што Украина би ја искористила за здив и продолжување на војната. Ние сакаме вистински мир,“ изјави Песков, ставајќи до знаење дека Москва ќе седне на преговарачка маса само доколку постои искрена волја за траен договор, а не за „неодржливи тактички маневри“. Според него, целта на Русија останува непроменета – остварување на воените цели и долгорочна безбедносна архитектура во Европа.

Continue Reading

Свет

Неочекуван пресврт во здравствената состојба на херојот од Сиднеј: Загубил многу крв, може да ја загуби раката

Ахмед ал Ахмед, минувачот кој вчера херојски успеа да го совлада и разоружа еден од напаѓачите во Бонди, изјави дека, и покрај тешките повреди и силната болка, повторно би го направил истото. Неговиот адвокат за миграции, Сем Иса, потврди дека Ахмед не жали за својот херојски чин, иако неговата здравствена состојба се влошила.

Ахмед е хоспитализиран во болницата „Сент Џорџ“ во Когара, каде се опоравува по првата операција. Тој има пет прострелни рани на левата рака, а еден куршум сè уште е заглавен во пределот на левата лопатка. Лекарите се загрижени поради сериозната загуба на крв и постои ризик дека би можел да ја изгуби раката.

Адвокатот истакна дека Ахмед е скромен човек кој не бара медиумско внимание и постапил од чувство на човечка и морална должност. По добивањето на австралиско државјанство во 2022 година, тој се чувствувал обврзан да ѝ помогне на заедницата која го прифатила.

Неговите родители велат дека, и покрај повредите, Ахмед е добро расположено. Мајката призна дека плачела од гордост кога дознала дека синот спасил животи, а таткото додаде дека Ахмед му се заблагодарил на Бога што им помогнал на невини луѓе.

Австралискиот премиер Ентони Албаниз и премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, го пофалија херојството на Ахмед, а поддршка упати и американскиот претседател Доналд Трамп. Во знак на солидарност, преку GoFundMe кампања се собраа над половина милион долари за неговото лекување и опоравување.

Ахмед ал Ахмед (44), сириско потекло, живее во Австралија од 2006 година, е сопственик на мал бизнис и татко на две мали ќерки. Неговото семејство и блиските велат дека без двоумење би го жртвувал сопствениот живот за да ги спаси другите.

Извор: newz24live.com

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг