Connect with us

Инфо +

Доктор ги “потепа” антиваксерите: Чипот за следење не ти е во рамото, туку го носиш во џебот, а можи и ова го читаш со него

Па, еве ден пред моето враќање со работа во модуларната болница добив потреба, после повеќе од година, да напишам нешто јавно… Не дека досега чував некоја државна тајна, едноставно немав потреба јавно да се испразнам…


Ама после 2 месеци работење превентива од COVID-19, односно работа во регионалниот вакцинален пункт, па и теренска вакцинација во околните села, некако поинаку го доживувам враќањето во модуларната болница… Кај средно-тешките пациенти, позитивни на COVID-19.

Дали знаете дека на медицински факултет, во трета година, најтешкиот предмет се вика Имунологија?

За тие што не знаат, тоа е предмет којшто го изучува имуниот систем на човекот со сите свои анатомски и физиолошки карактеристики. Дали знаете дека мои колеги запишувале квадрат, на тој квадрат уште еден квадрат, а некои се откажале од медицината и продолжиле да студираат друг факултет.

Тоа е затоа што предметот е услов за да започнеш со клинички предмети и затоа што предметот е страшно обемен.

Е сега… Дали јас и моите колеги и моите професори, можеме да го објасниме процесот на имунизација во 3-5 минути на човек кој нема основни познавања од медицината?

Дали може да ви се објасни процес, којшто се учи три години, во 5 минути?

Дали може јас да ви објаснам создавање на антитело кога вие не знаете ни што е тоа?

Некни купував LED плафонерки и касиерката ми објаснуваше како се поставува истата.

“Нема потреба да ми објаснувате, мајсторот што ќе ги мести знае.” и одговорив. И додека ги местевме со мајсторот, тој ми даде инструкции да ја исклучам струјата, па ми кажуваше каде се спојувале фаза со нула…. И вака јас бледо го гледав со сите тие собрани информации без ништо да ми значат, ама на крајот на работата, истата светеше.

Задоволен од сработеното, еве уште си живеам без да знам што е фаза, што е нула и зошто ја гаснев струјата дури работеше. Претпоставувам за да не го удри струја, ама верувај, еве сум уште среќен и весел без да знам шо точно тој сработи. И така низ муабет ме праша како е на работа, а јас му реков искрено не сакам да разговарам.

Не дека сум безобразен, туку ми беше страв дека ќе сака да му објаснам како делува вакцината, а тој нема познавања од медицината и немам доволно време во тие 10тина минути да му објаснам, како што тој нема доволно време во истите 10тина минути да ми објасни струјно коло. Затоа си правевме муабет на други теми.

Луѓе…. Ако медицината беше едноставна како што ја замислувате, тогаш немаше да биде човекот толку совршен.
Проблемот е што ние како луѓе секогаш сакаме да си ги објасниме нештата околу нас, но одговорот е таков, колку што нашиот интелект дозволува.

Пред 1000 години луѓето верувале во леприкони, затоа што не знаеле да го објаснат виножитото како оптички феномен. Ама имале доволно познавање дека златото сјае, па џуџево го има отворено ќупчето со злато затоа вака свети на небото.

Глупав човек е тешко да го контролираш, затоа што е глупав, не можеш да се потпреш на него за да ги изврши инструкциите како што треба нели?

Паметен човек исто така не можеш да го контролираш, затоа што ќе ти ги открие намерите. Ама затоа човек којшто има интелектуален капацитет, но поради околностите на животот, не го искористил максимално, па сега има читнато, ама нема дочитано… Него ќе го контролираш… Затоа што ќе му ги потполниш недостатоците во неговото познавање со тоа што ти сакаш да манипулираш. И така… теории на заговор.

Јас утре ќе се вратам во модуларната болница и ќе продолжам да ја работам работата што ја сакам, на која што сум посветил 10+ години, заснована на наука.

Вие бидете ми добри, здрави, дај боже да не се разболите, па да не треба да се видиме пред инфективна амбуланта.
До тогаш, ве оставaм со мислата на мојот омилен човек Neil DeGrasse Tyson: “На науката не и гајле за твојот став и мислење, науката се заснова на факти и закони”.

И вакцинирај се, не биди ко тие третите… Што читале ама не дочитале.

PS. Чипот за следење не ти е во рамото, туку го носиш во џебот, а можи и ова го читаш со него.

Advertisement

Свет

Јужноафриканци принудно на фронтот во Донбас: „Не разбравме што потпишуваме“

Јужноафрикански мажи, меѓу кои и постариот брат на Бонгани од покраината Квазулу-Натал, завршиле на фронтот во Донбас, тврди семејството, откако биле регрутирани под лажни ветувања за обука како телохранители.

„Тие немаат воена обука и никогаш не виделе војна. Беше им кажано дека ќе добијат работа за да ги прехранат семејствата, но се најдоа на бојното поле“, изјави Бонгани, чие име е променето за безбедност.

Според сведоштвата, јужноафриканските мажи отпатувале во Русија преку Дубаи, потпишале договори на руски јазик без можност за превод и веднаш биле испратени во Украина. „Проблемите започнаа кога ги префрлија од Русија во Украина и рекоа дека тоа е обука, а потоа ни рекоа дека сме под команда на руската армија“, раскажува Бонгани.

„Скај њуз“ добил пристап до видео пораки од мажи кои тврдат дека биле принудени на борба, а една од нивните контакти била Дудузиле Зума-Самбудла, ќерката на поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума, која ги убедила да потпишат.

Во Јоханесбург, пет лица биле уапсени по пријава дека патувале во Русија преку ОАЕ, меѓу нив и 21-годишник и 39-годишна Патриша Мантуала, обвинета за регрутирање. Судот им одобри кауција, а полицијата не ја исклучува можноста за повеќе апсења.

Семејствата на заробените мажи се обидуваат да ги вратат дома, и покрај опасностите и неизвесноста што ја носи конфликтот. „Никој не е безбеден и никогаш не знаеме што може да ни се случи следно“, вели Бонгани.

Continue Reading

Свет

Полскиот претседател: Зеленски недоволно ја цени помошта на Полска за Украина

Полскиот претседател Карол Навроцки денеска во Варшава изнесе критики кон украинскиот лидер Володимир Зеленски, тврдејќи дека Украина не ја цени доволно поддршката што Полска ѝ ја дава во конфликтот со Русија.

Навроцки истакна дека Полска од почетокот на руската инвазија во 2022 година прифатила повеќе од еден милион украински бегалци и е еден од главните добавувачи на оружје и хуманитарна помош за Украина. „Полјаците сметаат дека нашите напори и помошта за Украина не се доволно ценети или разбрани“, рече тој, додавајќи дека ова му го пренел на Зеленски во „решителен и искрен, но и срдечен разговор“.

Зеленски од своја страна нагласи дека Украина отсекогаш била благодарна за полската помош и ќе продолжи да ја цени, посочувајќи дека Украина ја брани Европа од руската агресија по висока човечка цена.

Continue Reading

Балкан

Пијан возач фатен со 200 км/ч

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија денес околу 14 часот го запреа Д.В. (39) во Лозница, кој управуваше возило „суди“ со брзина од 200,8 километри на час на дел од патот Лозница – Шабац, каде што ограничувањето е 100 км/ч.

Со алкотестирање е утврдено дека возачот бил во тешка алкохолна интоксикација, со 1,41 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во службените простории, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење и возење под дејство на алкохол.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг