Connect with us

Македонија

Емилија Динева доби „Срце за вечноста“ во Дојран ❤️

Published

on

Скулпурата „Срце за вечноста“ е дело на младиот академски скулптор Андреј Миневски која е водена од идејата да се овековечи дарувањето на органи како  еден од највисоките чинови на човековата хуманост и можност кога еден живот згаснува друг да се распламти односно како што најчесто и бива да започне одново.

Вo знак на хуманоста и човечноста на семејството на Емилија Динева, првиот донор на срце и органи во Македонија денеска во Градскиот парк во Стар Дојран беше поставена спомен скулптурата/урбана инсталација  „Срце за вечноста”.

– Идејата на оваа акција е уште еднаш да се одаде почит на Емилија Динева и нејзиното семејство за овој несебичен и херојски чин и преку јазикот на уметноста да се поттикне органо дарителството како врв на хуманост и можност за спасување на стотици животи – рекоа носителите на иницијативата.

Скулпурата „Срце за вечноста“ е дело на младиот академски скулптор Андреј Миневски која е водена од идејата да се овековечи дарувањето на органи како  еден од највисоките чинови на човековата хуманост и можност кога еден живот згаснува друг да се распламти односно како што најчесто и бива да започне одново. Токму затоа и тематиката на скулптурата но и нејзината визуелност ја третира и темата на бесконечноста и начините со кои човекот може да се поврзе со бесконечноста преку постојната размена на енергии и материи. На овој начин авторот го овековечува херојството на Динева односно нејзиното семејство отворајќи и го патот до бесконечноста и незаборавот.

Самата скулптура е работена во техника која опфаќа спој на различни материјали како мермерно брашно, епоксид, метал изработени во стандарден скулпторски опус и доведени до совршенство од вештата рака на авторот.

Реализацијата на проектот е на Центарот за современи уметности – Скопје и Општина Дојран со финансиска поддршка од Фондацијата отворено општество – Македонија.

Македонија

Пет лица повредени при судир на четири возила во Скопје: Полицијата со детали

Published

on

Полицијата со детали за сообраќајната незгода во која учествувале четири возила.

На 10.04.2025 околу 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“, во близина на мост „Влајко“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(39) од Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(29) од с.Сингелиќ, скопско, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(46) од Скопје и патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, кое го напуштило местото на настанот.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот З.А. и неговите сопатници Р.Р.(20) од с.Сингелиќ и Ј.А.(20) од с.Батинци, скопско, возачот Д.С. и сопатникот во патничкото возило „форд фиеста“, Д.Т. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

[ВИДЕО] Полицијата изврши претрес во фабрика за канабис, приведен сопственикот и еден вработен

Published

on

Претрес во фабрика за производство на канабис во медицински цели во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен поради констатирани неправилности.
На 10.04.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес и вонредна контрола во правно лице кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина.
Претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А.К. и вработениот Џ.И.(39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во с.Горно Седларце, тетовско и притоа биле утврдени низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар.
Исто така, беше утврдено дека во две хали се врши сушење на канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ – сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседува никаква документација.
По насоки од јавен обвинител од ОЈО Гостивар пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенција за управување со одземен имот, додека сопственикот А.К. и вработениот Џ.И се лишени од слобода. По комплетирање на целокупната документација, денеска од страна на ОВР Гостивар ќе им биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-в од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар.

Continue Reading

Македонија

Полицијата вчера напишала 707 казни: Полицијата најмногу казнувала за едно нешто

Published

on

Вчера 707 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 218 за брзо возење.

Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава вчера (10.04) полициските службеници издале вкупно 707 платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Така, во рамки на оваа бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и пречекорување на брзината на движење, беа регистрирани 225, односно 218 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистрирани беа 59 возачи, потоа 26 учесници во сообраќајот беа санкционирани за неносење сигурносен појас.

Седум возачи на мотоцикл биле санкционирани за неносење на заштитна кацига, а изречени биле 15 мерки за користење на мобилен телефон при возење, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.

По основ пак на Законот за возила 17 возила биле отстранети од сообраќај и тоа три заради техничка неисправност а 14 возила биле отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк