Connect with us

Македонија

Пациентката која ИЗБЕГА од прозор од болница, отишла право во БУРЕКЏИЛНИЦА

Published

on

Главниот инфектолог во гостиварската болница, доктор Ратко Наумовски, за „Слободен печат“ објаснува што точно се случило со пациентката која беше снимена со камера како преку прозорец ја напушта собата за изолација каде што требало да биде сместена додека се лекувала од ковид во ова болничко одделение. Според него, таа не избегала од болницата, туку постојано лекарите мака мачеле да ја смират за да остане во собата.

-Пациентката не избега, туку си излегуваше од прозорецот постојано. Порано имавме решетки, сега нема решетки откако го реновиравме инфективното одделение. Вчера ја испишав од болницата бидејќи видов на Фејсбук дека ја снимил некој како излегува од болницата. Не можам да седам и да ја вардам, ниту сестрите можат ниту ние лекарите. Излегуваше низ ходник. Ако ја потсетев, пак ќе влезеше в соба, после пет минути кога не сум тука, пак излегуваше. Ковид позитивна беше. Нејзиното лекување заврши и јас ја испишав од болницата. Не правиме веќе тестови дали е позитивна или негативна. Откако ја испишав од болницата, во бурекџилница во град влегла. Не можеме да гледаме кај одат пациентите. Им кажуваме дека кога ќе го напуштат инфективното одделение уште една недела да бидат дома. Не можеме да ги излечиме сто процентно за време на лекувањето на инфективна. Ако лекуваме така, по два месеци ќе ги држиме пациентите во болница. Имаше добра сатурација во текот на неколку последователни денови и откако видов дека ја снимиле на Фејсбук ја испишав лично, зашто не можевме да ја вардиме. Излегуваше преку прозорец, на тревникот. Со неа во соба беа две потешки пациентки вклучени на кислород. Еден ден ја најдов како ја исчистила тревата надвор. Не избегала од болница, туку само се шеташе во болницата, така му кажав и на инспекторот од полицијата кога дојде да праша, ни изјави доктор Наумоски.

Македонија

Обвинителството ја демантира ДУИ: Ниеден обвинител се повлекол од истрагата за Кочани

Published

on

obvinitelstvo

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација. Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија.

Ова денеска го велат од Обвинителството, откако ДУИ преку соопштение до јавноста, обвини дека еден јавен обвинител кој бил дел од  предметот се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата.

Од Обвинителството појаснуваат дека од истрагата не се повлекол ниту обвинител што е дел од тимот на кочанското јавно обвинителство ниту обвинител од обвинителството за борба против организиран криминал и корупција кое ја води истрагата само за осомничените полицајци.

ДУИ претходно ја сподели оваа информација: 

– Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од  предметот се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество. Во нашата реалност, молкот на институциите зборува погласно од било која одлука. Вчера беше донесена одлука речиси сите приведени да бидат пуштени, освен Крешник Бекташи, кој и понатаму останува во притвор – личност која одамна е цел на политичка одмазда. Ова не е веќе индивидуален случај – туку опасен модел на селективна правда, која станува алатка за политички притисок и елиминација.

ДУИ велат не смее да се дозволи трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда и прикривање на одговорноста на владејачките структури. ДУИ не брани поединци, туку ја брани правдата како принцип – еднаква за сите, велат од партијата.

Continue Reading

Македонија

Приведени тројца разбојници во Скопје, на автобуска постројка со закана одзеле пари од пет малолетници

Published

on

Приведени тројца разбојници во Скопје, следува пријава.

На 16.04.2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(19) од с.Кондово, скопско, М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од с.Кучевиште, скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител,против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

Continue Reading

Македонија

Подгответе се за силно невреме: Еве какво време ја очекува Македонија во следните 24 часа

Published

on

Во следните 24 часа од Медитеранот кон нашата Република Македонија ќе помине влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, локално и особено во западните предели поројни и проследени со грмежи, локално во вид на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

И во делови од Скопскиот регион во следните 24 часа ќе има повремен локален дожд, кој повремено би можел да биде пороен и проследен со грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми промени и ќе бидат релативно високи и ќе биде пролетно топло, меѓутоа поради јужното воздушнои струење и Сахарската прашина и песок која е присутна во воздухот, времето ќе биде мачно и спарно, а температурите ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.

Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да бидат повнимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, а во случај на појава на силен ветер, истите да ги заштитат своите автомобили, односно, да не ги ставаат во близина на дрвјата.

МетеоАларм

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк