Connect with us

Балкан

МАКЕДОНСКА СНАА е нова претседателка на Албанскиот Парламент, која е Линдита Никола ?

Published

on

Линдита Никола ќе биде новата претседателка на албанскиот парламент. Веста ја објави самиот премиер Еди Рама. Тој рече дека Никола ќе го замени досегашниот претседател Грамоз Ручи.  Рама не штедеше пофалби за г-ѓа Никола.

Линдита Никола македонска снаа стана спикер на Парламентот на Албанија која како македонска снаа одлично зборува македонски јазик.

Lindita Nikolla - المنشورات | فيسبوك

За јавноста во Македонија ќе кажеме дека Линдита Никола е родена во Тирана, на 22 октомври 1965 година Во 1989 година ги завршила студии на Факултетот за науки и природа, отсек математика на Универзитетот во Тирана. На истиот Универзитет во јули 2010 год. има магистрирала на отсекот Јавна администрација, насока Централна власт. Со политиката се занимава од 2003 година, кога во периодот 2003-2007 е избрана како советник во Советот од на Општина број 1 Тирана Во два мандата (во периодот 2007-2011 и 2011-2013 год), госпоѓа Никола била градоначалник на Општина број 1 Тирана.

На изборите од 23 јуни 2013 год. таа беше избрана за пратеник во Собранието на Република Албанија од Тирана. Во периодот од септември 2013 до мај2017 год. ја извршува функцијата министер за образование и спорт. На изборите во јуни 2017 год. беше избрана за пратеник во Лежа. Од септември 2017 година, госпоѓа Никола станува член на извршниот комитет на Социјалистичката партија. Нејзината професионална биографија говори дека во меѓувреме, во 2006 година таа има завршено Академија за владдеење и реформа во Институтот за демократија и поврзување (ИДП) во Тирана, додека во јуни 2008 година има завршено Академија на комунитарна колиција и владеење на Универзитетот во Питсбургер, САД.

Приватоста на госпоѓа Никола говори дека таа мажена за проф, д-р Лигор Никола и е мајка на една ќерка. Инаку, нејзиниот сопруг Лигор Никола родум е од село Врница, областа Голо Брдо. Моментално е декан на Факултет за математичко инженерство и физика во Тирана, пренесува Весник Илинден.

Балкан

Физичка пресметка меѓу пратениците на владејачката коалиција и опозицијата во српското Собрание, седницата прекината

Published

on

Седницата на српското Собрание на која се расправа за Предлог-буџетот за 2025 година е прекината поради инцидент, туркања и физичка пресметка на пратениците од владејачката коалиција и опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград.

До инцидент дојде кога пратениците на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што имаше извици, меѓусебно туркање и фрлање хартии и вода.

Continue Reading

Балкан

Македонците во Пустец одбележан патронот на црквата Свети Архангел Михаил (ФОТО)

Published

on

Македонците во Пустец, Мала Преспа, заедно со жители од останатите населени места од оваа општина, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен  заштитник.

Утрена, со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора.

Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на Свети Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец. Обновен е на темелите на старата црква, која била урната за време на комунистичкиот период.

Continue Reading

Балкан

Изборниот материјал во Албанија и на македонски јазик

Published

on

Изборниот материјал за парламентарните избори во Албанија, што ќе се одржат на пролет следната година, ќе биде и на македонски јазик, како и на јазиците на останатите осум малцинства, признати со законот донесен во 2017 година.

Ова го соопштил претседателот на Централната изборна комисија, ЦИК, Илиријан Целибаши, на средба со претставниците на националните малцинства, поточно членовите на Комитетот за малцинства, каде претставник на македонското малцинство е Марјана Костофски.

– Во фокусот на средбата беше до сега сработеното во однос на информирањето на националните малцинства на нивниот јазик за изборниот процес, како и тоа што треба понатаму да се направи, со цел подобрување на информираноста и нивна едукација за претстојните избори. Го истакнав правото на секој да добива информации за изборите и пред сè преку сите средства за информирање, објави Целибаши.

Додава дека ја изразил целосната подготвеност на ЦИК да го направи она што е најдобро за прашањата за кои има интерес секое национално малцинство.

– На оваа средба со националните малцинства истакнав дека изборните материјали ќе бидат преведени на мајчин јазик, за 9-те национални малцинства кои се законски признати во Албанија, напиша Целибаши.

Парламентарните избори, 11-ти по ред, по падот на тоталитарниот режим ќе се одржат на пролет, за што датумот треба да го одреди шефот на државата, Бајрам Бегај, во средата ги почна средбите со политичките партии. Според изборниот законик треба да биде датум од последната недела на април или првата недела од мај месец.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк