Connect with us

Македонија

Царовска со новиот концепт ги дели децата на БОГАТИ и СИРОМАШНИ – Кој нема таблет да си купи или да си испечати учебници ❗

Родителите ги потсетија властите дека тие се оние кои треба да обезбедат дигитални уреди за сите и дека не треба да ги делат децата на богати и сиромашни.

Учебниците за четврто одделение не се бесплатни, иако треба да бидат, според Законот за основно образование кој вели дека „секое дете има право на бесплатно и квалитетно основно воспитание и образование во основно училиште“. Со овој проблем се соочуваат родителите кои не се од социјално ранливи семејства, а чии деца се четврто одделение и треба да учат по новата Концепција за основно образование.

За социјално загрозените, Владата намени 10.000 дигитални уреди, но граѓаните со просечни месечни примања се жалат дека се принудени сами да го обезбедат уредот, што ќе ги чини најмалку 10.000 денари.

Таблет-компјутерот е неопходен, бидејќи според новата Концепција, четвртоодделенците имаат на располагање повеќе интерактивни содржини што ќе ги совладуваат преку квизови и други активности, чија цел е да го „поттикнат логичкото размислување“.

Но, наспроти логиката, семејствата кои не се социјално загрозени ќе мораат да купат скап уред за следење на дигиталната настава. Оние кои ќе немаат доволно средства да го обезбедат уредот за да ја следат интерактивната содржина, имаат и други опции, како учење од електронски учебници во ПДФ формат, кои може да се симнат од веб страницата „е-учебници“ и да се испечатат. Тоа, како што велат родителите би ги чинело околу 700 денари за еден учебник. Дополнително отежнување е што за следење на интерактивните содржини од сопствен уред, апликација може да се симне само за одредени оперативни системи, а не за сите.

Министерката за образование Мила Царовска е децидна дека новата Концепција на четвртоодделенците ќе им биде интересна и од голема корист и нагласи дека учењето не е учебник.

– Учениците имаат таблети, учениците имаат учебници. Родителите, наставниците и административниот кадар имаат обврска да ги спуштат дигиталните учебници на постојните таблети кои се во училиштата и втора работа е дека ги спуштаат по информации во вибер групи или емаил адреси за тие да ги инсталираат. Јас имам дете во четврто одделение и тука учебниците се симнати, изјави вчера Царовска.

Мирјана, мајка на дете од четврто одделение во Скопје, за „Слободен печат“ објаснува во детали со какви проблеми се соочува.

– Електронските учебници кои ги добивме преку линк за е-библиотека воопшто не се интерактивни, односно во нив децата не може да пишуваат, туку само да гледаат и да препишуваат во тетратките. Со тоа се наоѓаме на ситуација овие обични ПДФ учебници да мора да ги принтаме и децата наместо од учебници да учат од скрипти, што реално е уназадување. Исто така, проблем е и што овие т.н. е-учебници не може да се отворат со сите оперативни системи, поради што родителите се доведуваат во ситуација да треба да купуваат нови таблети и компјутери. Децата и така трпат голема штета од пореметувањето на воспитно-образовниот процес кој го наметна здравствената криза и навистина не мора да им се влошуваат работите со вакви импровизации. Децата не го заслужуваат тоа, изјавува Мирјана за “Слободен печат“.

Инаку, до сега се објавени дигиталните учебници по математика и природни науки. Царовска соопшти дека училиштата се подготвени за новата образовна реформа, а за дигиталните учебници вели, не само дека се модерни, туку и инклузивни, бидејќи содржат и аудио поддршка.

– Заедно со училиштата утврдивме дека, најголем дел од учениците, лично, или во своите домови, поседуваат електронски уреди, што е над 90 отсто од вкупниот број на ученици, изјави министерката.

Родителите пак, прашаа како е дојдено до таа бројка и дали во неа ги сметале телефоните на родителите. Тие реагираат дека со ваквата одлука се прави поделба на децата на богати и сиромашни уште од мали.

„Дали некој поседува дома електронски уред, тоа не треба да ве интересира. Должни сте да обезбедите за сите деца уреди кои ќе бидат само за таа намена“, и порачаа на Царовска родителите на социјалните мрежи.

Во групата „Учебници и настава мора да има“ на Фејсбук во која членуваат родители на ученици, повикаа на протест ако Царовска продолжи „да инсистира на целосна дигитализација“, и најавија покренување постапка за измени во Законот за основно образование.

– Дополнителна алатка ќе им бидат учебниците инсталирани на овие таблети, а што ќе им биде основна алатка ако не испечатен учебник, прашува еден родител.

Од Министерството за образование велат дека оваа година успеале по пат на преговарање за 10 милиони денари да ја намалат вкупната цена за набавка на учебниците што се одобрени да се применуваат во училиштата во државата, а за кои не ги поседуваат авторските права.
Целиот текст може да го прочитате тука.

Македонија

Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13

Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.

Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.

Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.

Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.

Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.

Continue Reading

Македонија

АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.

Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.

АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.

Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.

Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг